Ноќеска сонував јас како сум била невеста, се сонував во венчаница(ама позајмена беше од братучетка ми, која е одамна мажена) и така јас облечена во венчаница трчам низ град и ја држам за да не ми се влече по земја.После знам влегов во една пекара и купував леб и бели пецива со парите братучетка ми што ми ги дала. Вакво нешто прв пат ми се случува да сонам ...Ве молам ако некој знае што значи овој сон, да ми пише тука,зашто многу сум загрижена, мислам дека лошо ќе ми се случи нешто Ќе ве чекам да ми пишете
клара јас не знам многу за сонови,но јас сонував леб,погачи вечерта пред да умре братучед ми пари знам дека значи дека ке се искараш со некако,можеш и да прогуглаш,па да видиш
Венчаницата е знак на убавина и среќа во фамилијата.Лебот и белите пецива означуваат некоја радост или среќна вест која наскоро ви следува.Сонот не е лош,нема причини за грижа
Пред некоја вечер сонував дека сум била на матура (сопствената), ама не се собиравме во дворот на гимназијата каде што учев, туку во дворот на моето основно училиште. Носев долг прекрасен бел фустан. Any thoughts?
Сонував кучиња ротвајлери црни како во фирмава кај што работам јас и едново ме каснало за рака па за нога и ме заболе и како некој да го врза за ланче после тоа кучето? Што значи може некој да ми каже?
Споед народски кажувања ова значи треба да се пазиш од непријатели...И веројатно гризењето е наштетување од некој/а непријател/ка и ќе чувствуваш грижа,тага..итн
Ноќва сонував како прегрнувам едно момче...не го познавам..но сепак како навистина да ја почувствував прегратката иако сонував...некој знае што значи ?
Прегрнување на непозната личност од спротивниот пол значи некоја желба ќе ти остане неисполнета или пак некој ќе ти ласка,додворува и сл.
Сум сонувала дека се возам на воз, ама не горе туку доле до тркалата одма и ми доаѓале некои како пречки, ако не ги одбегнев ќе ме немаше, ама од сите некако се тргнав, натака не знам. Цел ден ми е шубе некако. Знае некој што значи ?
NOKESKA SONUVAV PRSTENI NA RAKATA. EDNIOT VEKE I GO NOSAM CELO VREME A DRUGIOT NEKOJ MI GO DADE.pRVO GO STAVIV NA LEVATA RAKA A POTOA VEDNAS GO PREMESTIV NA DESNATA RAKA. HMM STO ZNACI OVA??? PRSTENITE BEA ZLATNI. AJ KOJ ZNAE NEKA PISE
Јас сонував како братучетка ми ми го покажува нејзиниот невестински фустан (треба на пролет да се мажи она) и таа го облечува и тој има бледо-розева боја , а потоа јас го облеков и беше ептен црвен Шо би значело ова ??
Невестински фустан означува убавина,среќа,свадба.Тоа што бил бледа,светла боја означува дволичност,љубомора.Црвен фустан значи лошотија. Да ти подарат прстен значи ќе бидиш заштитена од моќен човек.Колку повеќе прстени имаш на раката толку повеќе успеси ќе имаш.Златен прстен е нешто лошо...
Ако сонуваш смрт на друг човек сум слушнала дека значи му го продолжуваш животот,ама што ако сонуваш сопствена смрт?Сама си го продолжувам животот?
сонував како се возам во хеликоптер вотр пат сонувам уставри пвиот пат не се возев само беше оооогромен и го видов, а синоќа се возев што би значело тоа?
Да ја сонуваш сопствената смрт значи да преминуваш некоја минлива фаза во твојот живот.Значи дека стануваш се повеќе просветлена духовно.Ќе пробаш да бегаш од секојдневните обврски. Да видиш хелихоптер во сон значи претставување на твоите амбиции и постигнувања.Целосно ќе ги постигниш твоите цели. Да леташ со хелихоптер значи дека си добра личност обидувајќи да им помогниш на сите.Треба малку да забавиш и да мислиш на себе.