girl-miri-измама од пријател/ка la-chicka- грижите и проблемите ќе ти бидат надминати,со тоа буквално сонце ќе те огрее каде ќе бидеш среќна....ти претстои радосен период Sarasweet-болест Chica.Loca- ненадејна среќа JuLleE- не би можела точно да дефинирам, некоја непријатност, можеби повреда....
T.e.d.d.y- ќе запознаеш некој кој многу ќе ти помогне HurremSultan-напредок -деталноста и прецизноста ќе ти помогнат многу theAristoCat-шанса Elenuskaa- радост и големи трошоци -навреда од близок пријател/ка
Фала Сноу, туку сега ме стави во мисли, која ќе е незгодата т.е. непријатноста или евентуално повредата. Се плашам малце се надевам дека нема да испадне на лошо работава.
Пак јас Сонував како сум се подготвувала за свадба.Во спалната имало една девојка и правела нешто,а јас и некое машко сме стоеле покрај неа и сме и играле.Потоа сме престанале и сум зела дезодоранс(бидејќи немало парфем) и сум почнала да шприцам на секаде и на мене.Потоа во пижами сум излегла од спалната,а доле во ходникот имало цигани кои свиреле музика и еден комишија од кој ме било срам и сум се вратила во спалната.Сум видела како некој повраќа во вецето и сум мислела дека тоа е мајка ми,но тоа било вујна ми.Подоцна сум отишла во спалната и сум седнала на креветот,а баба ми ми кажала дека на масата во кујната ни има оставено сирење.Потоа јас сум лежела на креветот во спалната и сум ја прашала мајка ми каква ќе е оваа свадба,а таа не ми кажувала.Зборувала со некого дека баба ми била во Кочани и дала на некого нешто.Мајка ми и некои други требало да одат во некои куќи и да дадат нешто исто како баба ми.Јас сум се налутила на мајка ми што не ми кажувала каква ќе е свадбата и сум решила да не одам.Јас и брат ми сме лежеле на креветот и не сме сакале да одиме на свадбата,а мајка ми рекла,тогаш само јас и татко ти ќе одеме.Татко ми влегол во спалната и бил малку пијан.Го отворил плакарот и тражел маица.Но неможел да ја најде таму,па почнал по креветот да ја тражи и ја нашол.Јас и брат ми сме лежеле на креветот и сме зборувале за тоа што нема да одиме на свадбата. Потоа знам дека сум жалела што сум ја прекршила диетата тој ден,бидејки немало да одам на свадба(сум ја прекршила само поради тоа што тој ден требало да одам на свадба). Инаку навистина сум на диета,веќе 4 ден.
^еве ме попосле ќе ги допишам и другите Anonnimna- набрзо ќе ги надминеш грижите и тешкотиите -ќе ти биде тешко да се соочиш со некоја вистина Adi888- и покрај добро стекнатиот углед во нечиви очи,ќе имаш грижи и тешкотии Zaliha- љубовна авантура russia7- воочи ги сопстените грешки
Уште еден сон од денес Само дечко ми го видов и ми рече дека ме преместил од та маса со друштвото, и дека ќе седам со него на главната маса, толку беше сонот
некој кошмарен сон ме удави ноква,како кучето ми го снемало,па некое бело ми откинало дел од ногата потоа сум си го залепила парчето од ногата,а белота куче сум го прекршила на два дела и сум го фрлила.па некој глас неразбирлив дали женски или машки ми кажувал што да сторам,а потоа кога сум ја погледнала,тоа била крупна жена со наочари.На крај сум се скарала со мажотми па потоа ме бакнал,но како одеднаш повторно кутрето да ми го снемало,кога се разбудив бев цела жива вода.
Snow-Queen ептен ти благодарам. Сонував како со мојата сестра сме влегле во некоја дискотека и сме платиле многу скапа влезница а внатре сме ја виделе нашата другарка со некоја другарка како играат заедно. Јас станав сакав да играм со нив ама другарката ме откачи и заминаа некаде. Дискотеката беше скоро мрачна и немаше никој внатре. Дојде обезбедување и ни кажа дека затвараат а ние само што сме влегле. Па јас со плачлив глас сум му рекла многу пари ти плативме за ништо. Па тој ни ги врати парите ама јас му ги земав сите од рака и испаднаа многу повеќе. Ама тој ништо не рече и така заминавме со парите. Подоцна како да сме отишле во друга дискотека и таму надвор на терасата имаше многу луѓе сме се покриле со јоргани и сме пробувале да спиеме.
Chica.Loca-домашни кавги и нервоза Adi888-ти претстојат среќни моменти rici.aaaaa-некој од конкурентите ќе те победат,бидејќи ќе бидеш во многу небрана ситуација...сето тоа ќе ти створи нервози HurremSultan-ќе бидеш под туѓо влијание
Сонував како јас мајка ми и татко ми сме работеле во една конфекција и дошла директорката ( која ми е мн драга колешка ) и му се дерела на татко ми дека не ја завршил добро работата и почнала да го тепа Па така сите ние 3 ца сме дале оставка во фирмата. Др сон сум сретнала едни школски другари кои одамна ги немам видено и многу сум се израдувала, сме се изгушкале, муабет ..... Трет сон, сонував како на дечко ми отишол да се повози и полицијата му напишала казна бидејки му била колата мн стара ( а колата и не била негова) бил со некој турчин со кој се запознале, а јас и девојка му на турчинот сме ги изначекале додека да се вратат. Абе тоа ти е кој спие по 12 саати ќе сонува секакви глупости Ајде сноу очекувам протолкување .
Сонував како од нигде и никаде имам бебе, ќерка. Сум ја пресоблекувала, сум ја бањала итн. како сум ја оставила дома а јас сум отишла во аптека да купам чајче за неа и некои витамини. Се разбудив и ми текна, лелеее не ја нахранив брзо да се доспијам ))) Шта ми би
Сонував дека кучето се искелно низ целото тело и течеле крви долниот дел од стомакот цела кожа му беше истаена и сум ја преврзвела јас...
Сонував како сум била трудна, и бап бев појдена на болница за да се породам.Таму се расправав со мајка ми демек вика оди природно јас не царски рез сакам она не не природно..И одиме таму ми вика не си бе трудна шо ти е тебе . И коа ми го рече докторот тоа бев пресреќна Ништо ненајдов на нет , никакво значење...
Сонував како сум била на гости кај моите баба и дедо,мислам дека имаше и некоја комшика нивна, исто така. бевме заедно со сестра ми. сакав да си одам и кога погледнав на часовникот видов дека е 15 за 1 наутро. и се прашував за автобус, дали ке имаме , и когам ја прашав сис ми, сфатив дека погрешно време сум видела, дека било негде 7 навечер. дали се вративме дома, незнам- недосонував иначе исто така сонував и шолја со талог од кафе, прилично беше темна.
Лелеее ја сонував свадбата на другарка ми, како сме кај неа, се спремаме... И на еднаш доаѓа братучед ми и ми кажува дека татко му починал т.е тетин ми
Сум била у еден кафич на кафе седната и тогаш дојдоја многу луѓе и меѓу нив ја видов и една пријателка (која што во приватен живот е трудна во 9 месец) и во сонов беше трудна ни ми рече дека била 5ти месец а имаше многу мало стомаче, и пиеше алхохол, потоа јадевме седевме и дојде полиција и јас целата во паника демек рација имало си барав некакви апчиња за да се напијам (витамински) но никако да ги најдев и све некој детергенти наоѓав.. после соннував дечкоми ставил слики на фејсбук секакви, меѓу кои и од другарот што во реален живот се лути и не зборат одамна и ништо не ми одговори на тоа кога го прашав зошто го сторил тоа, иначе и пушев цигари у сонов.. Абе све нешто вакви глупости сонувам денојве
Сонував како некое циганче ми влегло во двор и со сунѓер почнало да ми ја пере колата..и многу сум се изнервирала и со црево сум почнала да го прскам ???