сонував како му викам на еден одиси и остајме на мира ??? шо би можело да е и од ко станав цел ден сум нерасположен амн ми влијај
Денес ги видов соновите,ама главата ме болеше, не ми се отвараше темава...еве сега сум малце поарна и ќе почнам S-Sister.91- ќе ја надбродиш опасноста....те очекува успех -поволни новости -внимавај на нечесните и свосмислените работи rakce69- сонот е позитивен, може да симболизира поволни новости,среќа,радост... lusi17- ќе пружиш или ќе ти биде пружена помош од страна на пријателите Talita- прнаоѓање решение,за некои маки/проблеми
Неколку дена, многу чудни соништа сонувам. Јас и мајка ми, сме седеле во дневна и сме гледале тв. Давале некои тажни приказни. И давале најава за тоа како Богородица, ја мачеле како мала. Не и давале да збори. Јас сум почнала хистерично да плачам, сум сакала да сменам програм, а мајка ми не ми пуштала. Ама на крај јас сум и го џапнала далинското, и сум сменила програм. А последниве денови, ги професорите. Секој ден различен професор сонувам. И сите имаат добра улога во сонот, ми помагаат. Додека јас цело време се карам со двајца другари, и плачам. И така секој сон ми е, само со различен професор, и со нив двајца (ми пакостат некако во сонот), а јас плачам-вриштам. Секогаш сум вознемирена кога ќе се разбудам.
Сонував као сум била во некоја куќа полна со луѓе непознати,и сум се паковала таман едниот куфер кје го најдев и ќе одев по другиот ќе го најдев вториот и првиот го снемаваше така цело време а цела сум била натоварена со чанти,ранци итн. Што значи ова??????
...........пак глумци......... сонував двајца познати глумци шо се инаку у реалност оддамна починати али во сонот беа живи и снимаа филм како акционен да беше............................. ................................................................................................................................................... 2...а во друг сон јас како да снимав филм........бевме у џунгла како сафари и џип имаше тука па не бркаа мене и едно машко али не се сеќавам добро не му обрнав внимание на сонот.......онака да прашам коа сум тука веќе.....
А вино,мислма дека беше бело(жолто) вино во чаша беше турено за мене....требаше да пијам ама како да не сакав...
Јас сонував дека детето то сакам да ми биде дечко го свршиа со некоја девојка и нему му беше мило. Исто имаше и едно друго девојче што плачеше за него и и велеше на другарка ете го одбивав и ќе се жени за друга сега демек за инает на неа ќе се женел. После како да слушнав дека се било игра, глума не сум сигурна и заминав во Охрид тие биле таму во некое одморалиште или хотел сместени и таму сакав да го заведам си реков морам да се обидам. Таму бев кај езерото и во водата имаше двајца дечко и девојка поголеми беа и немаа врска со нас и си зборуваа. Таа била свршена ама не го сакала свршеникот и сакала да бега со овој дечко што и бил бивш. И се бакнуваа и тука помина еден глисер и во него беше сестрата на свршеникот таа не ги виде ама девојката се уплаши са не ги виде и почна да глуми тука дека ја каснала медуза или дека си го удрила стапалото во некоја карпа не знам и демек овој само ја тши изгледа тоа сакаше да го одглуми амам не сум сигурна после навистина да не и се случи нешто и после како да држеше во ракаата некој алат тежок и како да обрабоуваше дрва тука на едно мајстпрско потстолје не знам како се вика каде што се ставаат дрва а со дечко и се гушнаа демек нема гајле таа не ги видела и пак истите разговори дека ќе бидат заедно. Цело ова време стоеа во вода А јас си реков себе дека мора да направам во хотелот мојот симпатија да ме забележи и собирав самодоверба и осетив малку. а пс. не знам на почетокот на сонот, дали девојчето со кое требаше да се жени мојот симпатија сакаше да се мажи или не и не знам дали такак правеше за инает од некој друг не сум сигурна во тоа не и го видов и лицето знам само дека веше изненадена кога и рекоа ама прифати и сите пријатели нивни таму што ги свршија се радуваа. А мојот беше некако зафркантски целиот таква фаца имаше и тогаш и после во хотелот. како да не му беше за ништо гајле и не изгледаше разочаран ): И кажав веке бев на езерото таму што се случи и јас си реков ќе се обидам да ме забележи во хотелот, е ќе ме забележи и толку. се извинувам што е долг сонот не мислев дека толку ќе излезе
И уште нешто.Што значи да се лизнеш акко од кал и да паднеш ама не знам баш дали паднав се потресов тогаш и се разбудив...?? Језиво беше....
Од целиот сон се сеќавам само дека сум облекла некоја бордо кожна јакна но сум ја облекла како сукња,значи околувратникот ми бил на струкот,ако се сеќавате на она видео како голема кошула може да се носи како сукња а ракавите да се заврзат како машна.сама на себе си викав дека не ми стои лошо сукња и би требало да си купам слична,пошто сум нон-стоп во панталони.
Прв сон-Сонував како сум со некои луѓе на трпеза и заедно јадеме. Втор сон-Сестра ми ми дала некоја црна нова облека коа била гужвана и требало да ја пеглам за да а облечам ама не паметам дека ја облеков. Истовремено сме го чекале друштвото и некои стари пријатели за да одиме на журка. Трет сон-Бев во купатило и со бикини се туширав, мислам дека се бричев на интимните места. Купатилото се наоѓало надвор во дворот ама било заградено. Тогаш влегол еден симпатичен дечко кого почнав да го допирам па се мувавме а мајка ми заминала од во дворот. Во дворот имаше голем базен со чиста вода. Со дечкото отидовме до една ограда. Ме држеше во раце и проба да паднеме преку оградата но се задржавме тоа како шега нешто беше.
Ако јадеш сама, здравје е Прв сон - Ако јадете заедно во друштво убаво е. Значи дека во близина ќе бидеш поканета на свадба. Втор сон- Ако ја пеглаше облеката што ти ја даде сестра ти тоа се грижи ( немаш напишано дали ја испегла па затоа .... ). Нова облека значи средба со некој кој подолго го немаш видено Црна боја е жалост. По мое толкување , некој што долго го немаш видено ќе ти донесе неубави вести. Трет сон- Убаво е да се тушираш на сон. Успех ти следи.
Сестра ми ме сонувала мене, сум седела во кафиќ со мајка ми, била сум ослабнета, косата ми била пократка, убава, бујна, сум носела шарен фустан и розеви сандали, и розеви обетки, убава сум и била. Не ме имала видено долго време (инаку планираат да одат на патување). Имам розеви сандали и розеви обетки, и сум на диета.
Леле моиве сонови катастрофа Незнам дали беше еден сон или беа два сона.Првиот пат сум сонувала како сум била девојче од 14 год и сум чистела нешто,а таму (кај мене дома) имало мн луѓе.Еден од нив беше еден маж од некаде 30 год и само ме закача и вика дијди да си играме и ме мава по г**. И јас сум го удрила тој ме фрлил на земја и се расправавме,а и јас го буткав. Вториот пат како кај мене дошла некоја другарка (тоа е другарка што 5 год не сум ја видела) и постојано само нешто чепкаше кај мене дома и затоа и се развикав ја бутнав,она ми удри бокс и си отиде. И толку од моиве катастрофални сонови. Сноу??
Јас забегав со трускиве серии па почнав да сонувам такви чуда. Сонував како мајка ми била во болница најверојатно да абортира.И плачела и било лошо јас сум била до нејзе цело време и кога сум се вратила дома сум легнала да спијам ама цело време нешто ме пригушувало и стекало кај гркланот.????
Една другарка сонувала како јас и таа сме излегувале од училницата каде што учиме,a во ходникот стоел еден мој симпатија и негов другар.Мојата другарка и симпатија се гледале во очи.А,потоа другарка ми ми рекла:Он ле е ма?Така завршил сонот. Инаку таа не знае дека ми е симпатија. Што значи сонот?