.....а што значи да сонуваш како слушаш кога зборат дека некој умрел затоа што господ го казнил зошто го предизвикал, и уште да слушаш језива песна, не и ги разбирав зборовите али знам дека беше таква............ и се бањав во сонот.....првиот пат се избањав у тоалет, вториот пат донесов купка во мојата соба али одложував да се избањам и за тоа време го слушнав тоа за казната............
Змија значи душман.. а многу змии-имаш многу душмани и пази се, внимавај затоа што неможеш да знаеш кој ти е и што ти е. А може да значи и опасност.
Се си мислам дека треба да поцнам да резирам филмови со овие мои сонови....Сноу сонувах дека сум видела некоја здраствена книска на мајка ми каде сто писувало дека пред мене имала усте две други деца ама кој бил таткото немозев да видам и после нив сум била јас написана сабатини од тој и тој .....Во сонот сум изрегирала изненадено бидејки никој пат никој не ми спомнал и никако немозам да се присетам какво објаснуванје ми дала мајка ми бидејки едвај и го слусав гласот.... Инаку единка сум...
Треба да се пазиш од личност што сака да те искористи. Ќе дојдеш до непријатности поради тоа, ама блиска личност ќе ти помогне да извлечеш добра корист.
Јас пак сонував,како го бакнувам тој што го сакам а тој пак беше нервозен. И му е зедов случајно мастиката,и му реков..упсс..извини ти е зедов мастиката,сега ќе ти е вратам И тој: добро врати ми ја. Беше иначе тој нервозен а јас тажна. Имат значење некое сонов?! Морам да кажам дека ова е најсмешниот сон што сум го сонувала
xxAngelxx- краткотрајна среќа honorthyself- наскоро те очекува голема радост Elenuskaa- иако ќе чуеш муабети и озборување, сепак до тебе ќе стигнат поволни новости girl-miri- некој од семејството нема да биде искрен со тебе
Anna-Banana- знам дека сите што сте пишале сакате што побргу да го прочитате толкувањето но ако сега тебе ти пишам прво нема да биде фер кон другите кои пишале пред тебе а второ, од утре одма би почнале со вакви постови....сноууу ај плс.....сноу ептен го мислам сонов, кралицееее а мојот сон? и ќе настане хаос. Затоа си држам до редот, кој како пишал искрено мене не ми е тешко да седнам и во еден пост сите 10/15 сонови да ги протолкувам, ама пак се губи време, верувајте дека за 3/4 сона ми треба 10/15мин. значи треба 45/60мин да седам за сите наеднаш да ги протолкувам. и отифе времето одвоено за фемина. Вака ќе пишам 3/4...некогаш и 2 некогаш и 5,ако биле претходните лесни. Некогаш и глава ме боли ич не ја ни отварам темава.... така да знаете не ве заборавам,ама мислам дека е праведно тоа што одам по ред. Како и да е се трудам во рок од 24ч. да бидат одговорени. srcka55- точно е дека неверство значи неверство, но не во поим на прељуба, може да е измама, може да е неодржан збор, лага.....бидејќи ти си се сонувала себеси како изневеруваш, значи ти ќе направиш нешто. milica777- некое бебе ќе се роди, дали од семејство,дали на познаник...незнам Tenkai- ќе се радуваш на успех и ќе бидеш задоволна од твојот живот во секој поглед,бидејќи ќе извоиш победа над конкурентите.Но во сето тоа ќе успееш ако сама си ги решаваш сопствените проблеми, дури и откако ќе ти се нанижат успесите.Затоа биди претпазлива, во спротивно би ти следела загуба. Дури и одредена новост тебе ќе те усреќи
Anna-Banana , зошто толкаво извинување уживајјјјј blueeparadise- по нешто ќе ја запомниш годинава Anne15-среќа sajonaramucaca....ќе ја претркаш CIA во сонување, ќе станеш ти сонувалката за 2012 -срам,непријатност
А сонував дека јас и другарите се возевме во комбе и одевме да ги земеме сведителствата ама не отидовме таму или јас тоа не го сонуваб а после со истото тоа комбе ликови од турските серии доаѓаа во Македонија А сведителствата одамна ги зедовме.
Прв сон- како сум идела накај викендицата на една другарка и многу било убаво..и коа сум влегла внатре ми текнало дека колата не ми е убаво паркирана и сум отишла да ја препаркирам со уште една другарка. Втор сон- сум била во охрид( а викендов стварно бев) и со една другарка и уште една непозната женска особа сме влегле да се бањаме, они две биле со душеци а јас не, и песокот во водата беше многу ситен..како во море. ????
Anna-Banana- еве го и твојот сон Ана неопходно е да покажеш поголема страст,поотворена....кажувај го тоа што го мислиш Биди искрена,само така ќе ги решиш сите ситуации hrcace- некои вести ќе те изненадат qqq-ако нешто не оди, остави батали, не губи време -успех на љубовен план
Јас не знам дали да верувам во сонови, ваљда не.. Поим немам.. Али каков сон сум сонувала уште не можам да се опоравам. Турци брате, турци.. Ме турчеле. Страшно беше, моите беа таму, не можев да избегам. А јас облечена во црвена турска хаљина, ко од сериите со нешто такво на глава. Ох, Боже, боже.. Ваљда ова од серииве што очајно ги мрзам и колнам. И најтрагичниот дел, имало компјутер со моите лозинки од сегде. Сум се помочала од страв, и да се пресоблечам ме сликале по гаќи и ми ја ставиле за аватар таа на твитер.. Срамови живи, сите ме виделе. После некако сум успеала да избегам и да го избришам профилот, и сум нашла ист телефон ко мојот, ама ми паднал од рака, и една девојка го крена и не ми го давала, а не бил нејзин. Сум кажала, чекам пет минути да го најдам сопственикот ако не го најдам ти го давам. А таа на покварена многу ми личела. Ама сум си рекла, кој ја врти, јас да избегам таа нека праи што сака. Сопственикот на телефонот, не се појави и јас и го дадов мобилниот и сум продолжила да бегам. Се разбудив. Значи нешто, што знам,м? Многу се разбудив вознемирена..
Прво сонував како влегувам во некоја зграда која наводно била моја, внатре имало две мачки една црна со лилави траки и лилави очи а другата скроз црна и како да сакале да ме нападнат. Од далеку слушнав врисок како некој да убил некоја женска ама ништо не видов само слушнав. И после тоа како некој да требало да ме нападне мене, многу луѓе ама само го чувствував тоа а ништо не видов. И не се сеќавам баш добро ама како зградата да била со два улази и во двата влегов ми се чини. А другиот сон беше, се шетав со една познаничка и ја допирав нејзината коса имаше стварно долга коса. По некое време во рацете држев перика и тоа значи беше нејзината перика не била коса.
drugarka-непријатна љубовна авантура...или некои други непријатности на љубовен план Zaliha- биди внимателна, има некоја опасност околу тебе -некој близок ќе те лаже
Сонував пајаци, мн пајаци.. имаше страшни некои, додека да земам правосмукалка да ги соберам ги снема.. така мислам дека беше :/
Пак јас. Сонував дека сум чекала автобус на Бит Пазар колку што памтам и таму имало еден човек (34 годишен) така фин, се смешкал, ми зборел и сме се качиле во истиот автобус. Овој седнал до мене, ми зборувал нешто а јас буквално ништо не сум насетувала. И овој почнал да навалува, пробал да ме бакне јас сум му викала не, не и сум се тргала. И сега, наеднаш сме биле некаде надвор и овој ме фатил, сме се нашле на земја и пробал да ме силува, јас сум го тргала од мене и одвај некако избегав и пак сме биле во автобус, кога наеднаш го гледам тој на крајот на автобусот и во себе сум си рекла леле овој ме следи, ќе дојде со мене до мојата населба.
Ќе ти биде оптоварена совеста, нема да имаш мир, ќе бидеш неспокојна (бегањето на сон)веројатно поради непријатности на љубовен план поврзани со некоја љубовна авантура, можеби недозволена авантура или некое неверство.