сонував како сум била негде на одмор( најверојатно во охрид) и додека сме биле на плажа сме се запознале со некои машки( ептен биле згодни) и сме почнале ташни да правиме, а машкиве ни помагале нешо и после дошле и други некои машки и ни се стаиле..и овие другиве биле љубоморни малку ????
Го сонував моето лево стапало, ноктите ми беа лакирани во црвена боја, и имав тетоважа од неколку пеперутки една до друга и ликот на Спојлер мојата симпатија ама ко да не беше тетоважа, во боја му беше ликот. мислам дека излегов од бањање и му покажував на некој види му викав, ми избледе едната пеперутка од што се избањав како изненадена бев...?
Бевме појдени кај дедо ми,со мајка ми татко ми и брат ми.Мама и тато ме остави ја мене таму,а брат ми и тие заминаа некаде.По некое време се вратија.Но додека се вратија јас чуствував немир.И цело време дедо ми ме тешеше.Сега ќе си дојдат ми викаше.Во едно време дојдоа,чантата на мајка ми не беше.Прашав каде е мамо ташната? И таа ми рече не прашувај не нападнаа,ни ја зедоа.И ја и реков: па тогаш зошто апаратов(дигиталниов) е во тебе ? Таа ми викат успеав да го зачувам. И ништо почнав да плачам цело време,а мајка ми дур кажуваше беше возбудена.И се плашев кога некој ќе ѕвонеше на врата,веднаш почнував да плачам.
Snow-Queen помош многу не верувам во сонови, но во последно време сум замислена многу често сонувам как треба да одам некаде со авиона, никогаш не сум се качила да летнам се или ми е одложен летот или пред да се качам се будам еве конкретно ноќеска сонував дека треба да одам за Италија што врска нема и тоа прво требало и дечко ми да оди но тој се одкажува и јас сама се спрема со карти во рацете седам и чека да дојде време за да летнам и сега се нервирам како да и кажам на мајка ми дека сама треба да одам. Знам дека се глупости, но многу вонемирена се разбудив.
1 сон .. Сонував кај нас вподрум имало масло во големо жише од 3кг. 2 сон... Бевме всело и сонував дека умрела бабами таму (инаку таа вград со нас си живејт) ... 3 сон.. Бев кај баба и помагав вдвор кај бавчето копвме и деца имаше земаа патлижани од бавче. И после светна нешто и сите се скрија само ја останав и ме викна дедо ела ваму и после ме крена високо враце. згрме малце и се разбудив
Јас сонував неколку сонови, поврзани, но како на сон се измешано. Прво со моите другарки сум отишла на роденден кај некое девојче дома кое претходната година за нејзиниот роденден ни дала некаков си тест. Кога сме заѕвониле на вратата јас се осеќав непријатно бидејќи не знаев дали сум поканета. Кога девојчето отвори ми соопшти дека на тестот сум имала само 30 поени, ама пак не пушти да влеземе. Е сега, седнавме таму и јас излегувам во дворот оти имаше музика за да му се јавам на дечко ми. И како што излегувам од таа куќа се наоѓам во мојот двор и го гледам моето куче врзано за палмата, а обично навечер го врзуваме, ама кај куќичката и го преместив таму. Тогаш имав нешто како визии дека имало некое дете, другар на оваа кај што сме на роденден и многу сакал да убива мачки и дека ќе ја убиел нејзината мачка ама во погоден период. После тоа се појави друга визија во која тие двајцата одат по улица во некој сосема непознат град и излегува нејзиното сиво маче пред нив и тој го пука со пиштол во стомачето. Јас таква цела испаничена се враќам во мојот двор и го барам мачето, го наоѓам и трчам да барам спас. И ете го сретнувам татко ми или не знам кој и ми вика дека немало да умре мачето дека демек и тој 9 години веќе живеел со неизваден куршум и дека можело да стане полошо ако пробаат да и го извадат. Јас не се помирувам со ова и стигнувам до некоја голема болница, влегувам внатре и наместо каде е ветеринарниот отсек, прашувам каде е медицина (врска неам зошто реков така, ова е стварно без веза) и ми кажуваат по еден ходник да појдам. Трчам јас со мачето, ова имаше некакви напади и никако да стигнам каде што треба, и знам дека осетив некаков гнев, бев нервозна и лута и се разбудив. Како би можело да се протолкува овој луд сон?!
често сонувам дека одам у вц, по голема нужда, што е тоа? и исто така често сонувам дека сум на факултет сеуште, (иако веке 5 години сум дипломирана), и имам уште 1 или 2 испити да дипломирам
Chica.Loca-сонот воопшто нема лошо значење....всушност во семејството претстои бурен период, но исто така симболизира и многу радос-поради некои новости. Lady-in-white-непријатности,кавга,проблем qqq-весели и пријатни моменти, како и новости
xxAngelxx-ќе те обвинуваат и наштетат Anna-Banana-некои луѓе околу тебе создаваат убаво мислење за тебе SOVRSENSTVO-ќе превземеш ризици
Го сонував мојот поранешен дечко (кој сега е оженет), ми рече неможиме да добиеме дете, потребна ми си да ми родиш. Многу ме мачи сонот. Ве молам што би можело да биде?
Нокеска соновував 765487456735667....... сонови ама еден ми е многу важен па ке замолам или Сноу или некоја друга членка да ми каже што значи. Ми го дале сведителството со оценките какви што ме си и на крајот од листот го пишува името на еден мој пријател кој што моите незнаат дека имам таков пријател и пишува вака: неговото име и презиме ______ и моето име и презиме. Што може ова да значи??
сонував како сум била во дискотека и мојот бифш бил таму и сите мои другарки го виделе ,само јас не.И цело време сум го барала зашо сакав да праам муабет со него. ???
Некој ме прашал зошто не спијам,а јас сум му одговорила- Па вампир сум. Каква врска има тоа незнам..ама ете сон, и се е можно. За Сноу.
Сонував поише сонови. Два памтам Во едниот сум била на свадба и сум била деверуша, ама нешо испаднало да нема фустан за мене (зашо сме биле повеќе деверуши и сите сме требале исто облечни, она као у американски филм ) И ја нешо сум почнала да паничам сеа што ќе носам, па сум облекла едно кратко фустанче за искачање и знам дека на свадбата се осеќав многу глупо Другиот сон беше како брат ми нешо се заебава со мене дома, сме имале голема желка и мачка, и во сонов многу се плашев од нив цело време бегав, се заклучував во соба, па пак ќе ги пикнеше кај мене у соба..и цело време така од соба у соба бегав и му викав.
....сонував како со пасошот требa да одам во банка али не ми успеа на два пати.....првиот пат не се сеќавам добро.....а вториот пат се враќав со другарка ми од факс, се возевме во автобус...... и заедно требаше двете да искочиме кога ќе стигнеме до банката али ние се замуабетивме и заборавивме и одкако ја заминавме банката ни текна........после се правдав дома зашо не сум свршила работа а исто им обеќавав дека отсега па натаму ќе учам поише..... и као требало со другарка ми да правиме нешто заедничко али не знам што, а татко ми рече дека ќе разговара со татко и и они као ќе се погрижат за тоа.......... после сонував како со татко ми бевме во продавница као покасно ќе сме оделе кај тетка ми а пошо таму има мали деца им купуваше чоколади...... и јас побарав и мене да ми купи и избрав некои чудни со овошен вкус и со боја на слатки, сладоледи......али чоколади беа............и внатре случајно ги видовме навистина децата шо живееле кај тетка ми и си играле, се бркале низ продавница......а тато им рече дека покасно ќе идеме кај нив.........(сеа кај тетка ми навистина имаат деца а не се тоа овие од сонот)..... после дури разгледував уште тато подизлезе па се врати а цело време продавачките го чистеа и средуваа маркетот.................па плативме и излеговме.......еј да и цело време, цел сон времето надвор беше врнежливо и облачно ако има некаква врска....
Ја не сонував баш убави сонови,се со некои духови беа. 1.Во старава куќа што е спроти нас (во неа никој не живее,бидејќи е пола срушена) сонував како имало некое девојче,јас сум си одела накај дома и кога сум поминала девојчево ми викнало да ме види (ама не смеело да биде тамu,и дух изгледа било ) и мене ми текнало да и речам да се видиме подоцна за да им покажам на комшиите дека некој има во таа куќа (бидејќи девојчево се криело од сите,само од мене и од сестра и не) и така сум му рекла на девојчето,и оно ми рекло почекај барем да ти дадам нешто од куќава и ми дало математичка некоја си табла,пола изгорена...подоцна некој стол од дворот ни се изгубил и сестра ми отишла да го бара (незнам од кај е логикава по улица да го бара ) и на крај испаднала од кај таа изгорената куќа (само вратата што е останата) заедно со столот и со малово девојче држејќи го за рака. И некако имав чувство како повеќе пати да се случило ова со девојчево,да ме вика да ме види само мене....и Сноу ако имаш приметено,цело време нешто сонувам за куќава спроти нас што изгоре,може ли и тоа да има некакво значење? 2.Другиов сон ми беше како сум била кај братучетка ми и сум стоела кај џамот,а она била во натре во собата заедно со татко и (тетин).И тетин ми кажувал како татко му се обесил,и цело време викал ама зошто,барем да ми објаснеше зошто (ама ова кога го кажуваше не му беше жал,само зачуден беше) и по 1 минута поминал татко му (овој што се обесил) и ми рекол еј како си? И тетин истотака ми кажувал како секоја вечер ко гласови се слушале како го изговараат името на една друга братучетка... Сноу?
Snow? Anyone? Ако не ви е тешко... Јас често имам ретардирани сонови, ама овој беше ептен реалистичен. Не се смејте, сите ми се скоро такви. Од сабајле е ова. Се наоѓав ко на место што се руши или гради, не можам точно да дефинирам, битно беше нешто ко карпа/градба со многу луѓе околу неа. А што барам таму, врска немам. После ко демек ми дошле другарки и дури стоевме така, помина една жена со нешто ко кутивче во раката, ми го пружи и внатре имаше живо, мало крокодилче/алигаторче и ми вика: Земи, погали го, не се плаши. (Јао, перверзии бре! ) Колку една шака беше мало и веднаш ми се лизна и падна од раце, па сите наоколу почнаа да ме напаѓаат како бездушно сум го убила, ме пцуеле таму, ме вреѓале, не помнам точно зборови. И сега одеднаш ко јас се наоѓам директно под таа градба и одозгора (веројатно истата фаца) почна да фрла камења врз мене да сум видела како е. Првин помали и поретко, после поголеми на куп. За живо чудо ниеден не ме погоди, сите успешно ги избегнав. Супер Марио стајл. Успеав после некако да пребегам на другата страна, а таму пак имало нешто ко некаков фитнес центар кој истовремено бил и ко ментална болница. Луда работа ми е мозоков. Пред затварање биле но им се провлеков некако и таму влегов во една врата. Ходниците беа убави онака баш ко во убаво среден дом, а внатре собите ужас... Баш онаква лудничка соба бре, со зелени ѕидови ко по филмовине и само две столчиња и телевизор. Ме седнаа да гледам некоја лента пропратена со хорор музика, а лентата беше некоја девојка легната кај што се влече по под и вришти нешто, а околу неа подот и ѕидот биле цели црни со гребнатини од што риела со нокти. Ова последица од „Прстенот“ ми е гарант! Јас искрено се надевам дека не сум била девојката јас. Кога излегов од таму се сретнав со плава, слабичка жена (сум ја познавала демек) и само и’ реков: „Избриши/искини ги сите мои документи од тука, ко да не сум ни стапнала.“ Ми климна со главата само и рече: „Немај гајле, ама не можам сега, попосле.“ Викам: „Ок е. Не се брзај.“ И толку се сеќавам. Се разбудив после. Стварно знам дека поретардирано - амин. Ама не се секирајте, и Лара Крофт и кифла сум била на сон. Само онака овој беше од оние вивидни и ми се врежа во глава ко да има значење, па не знам...