Вчера вечерта сонував еден сон и ко за некое чудо се секавам. Бевме со друшто поголемо седевме пред мојата кука, а некои куки карши нас чуреле, и некој спомнал дека и мојата чури ама јас не сум приметила и во еден момент удрил гром во некоја кука во наша, па така сите сме влегле во некоја друга кука (не е таа што чурела, нити мојата, нити таа со громот) и јас многу сум била исплашена и сум си отишла дома т.е. во дворот на мојата кука сум седела и сум го видела дечко ми како поминува улица и го снемало и после сум му се јавила да видам кај е и ми рекол во парк.. Некој да не знае да не има ова некое посебно значење?
ве молам ако знае некој што значи сонот....сум сонувала како ми поклонуваат пакет со поклончиња внатре(3 пара патики, чоколада, парфеми,) а најјакото крст мал за во кола и поголемо крстче на него мојот лик????????????? многу сум збунета од сонов....ВЕ МОЛАМ АКО ЗНАЕ НЕКОЈ ШТО ЗНАЧИ КРСТТОТ СО ОЈОТ ЛИК? ФАЛА
1. сонував како со уше две другарки сме биле да купуваме поклон за роденден за една бифша другарка..и јас сум рекла као демек неможе да даваме по 500 денари..многу е за неа толку да даваме. 2.а во вториот сон сонував како сум била во некоја кафана и сум носела кратко црно фустанче топ, ама одозгора сум облекла долг црвен фустан со пердуви. и кога сум го соблекла фустанот, топот ми бил спуштен и ми се гледале малку брадавиците. и неколку пати сум се местела али пак ми се спуштал. ?????
1. Сонував болни луге. Лугето ја имаа онаа болеста од која се има влакнести делови по кожата. Мислам дека е неизлечлива. 2.Сонував како го изневерувам дечко ми со еден мој сегашен другар, поранешен муватор. Во сонот сум одбивала и таман сум сакала да му кажам дека имам дечко тој тогаш страсно ме смувал. Дури можам сеуште да го осетам бакнежот, толку реално беше. После некое време се појавила другарка ми ми се доближила и ми викала -Што правиш ти, знаеш дека имаш дечко,зашто го вараш? А јас само сум и рекла остај ме..и не кажувај на никој за ова. Иначе во врска сум само 2 дена а и најмногу што мразам е да изневерувам или да бидам изневерена.
Јас изутринава сонував многу лоши соништа. Прво сонував како еден маж ме киднапирал и ми пуштил инекција во главата за да ме успие и потоа сакал да ме продаде како проститутка знам дека со мене беше уште едно девојче не знам кое,јас се освестив и побегнав низ една порта огромна ама овие мафијашиве пукаа со пиштол ,сакаа да ме запрат и погодија некој мислам дека тоа беше мајка ми После сонував како на мојот дечко му се скршил предниот заб и ми рече дека јас сум била во право затоа што сум му го зборела ,ми реше дека и на некој негов другар исто му се случило ,му скршил заб а во неговата куќа додека јас и дечко ми сме разговарале се шетале како лудаци . Ајде некој нека ми протолкува однапред благодарам.
Macushkaa-1 сон- подобрување 2 сон - продолжување на животот за баба ти, нема ништо лошо во сонот 3 сон - награда kikkki- внимавај да не се повредиш honorthyself-турбулентен период ти следи....но и радосен период volsebna- пари,добивка
Сонував дека некој незнам кој беше ми подари капче.Онакво спортско капче мислам тегет беше. И што е тоа
Feminkaa- ќе бараш помош од некого smiley22- самата ќе се вовлечеш во некаква расправија missmk- ќе бидеш под силно влијание на пријателите Sara123, фала за кока колата во срце ме погоди несреќа на љубовен план
Мртов човек го сонувам како жив, ама и во сонот знам дека е мртов. Тој сака да ми го продаде моторот ( со тој мотор погина ), а јас не сакав да го земам/купам. Сноу?
kikav- победа од страна на конкурентите Eleonorastrumica- нека биде внимателен со работата мажот на золва ти passion.for.fashion- свадба твоја/или на некој близок -остварување на голема желба sajonaramucaca- лош финансиски период
Сноу плс помош? Сум отишла кај дечкоми домаму,ама неговата куќа била поделена на два дела и биле еден спроти друг и тој ми рекол ајде да одиме кај шо ќе сме сами, и сме отишле во делот кај што немало луѓе и сме почнале да се муваме и дошол вујкому на врата, и чичкому со теткаму и вујкому сакал да отвори ама дечкоми излегол надвор и им рекол ајде нема никој овде да одиме онаму да седиме таму се луѓето, ама вујкому упорен бил да влези натре, а јас сум се плашела незнам зошто , и некако ги убедил, и заминале, а јас сум ставила во меѓувреме кафе да се вари, и сум била по зимска јакна дебела на мене и сум стоела во кујната до прозорот, и наеднаш сум забележала дека вујкому ќе помине до прозорот и сум му се свртила со грб и тој поминал и ме видел, а мене од страв ми претекло кафето додека сум го кревала од плинското... Шо значи ова?
CIA...да имам приметено, но не ми текнува дали ти или некој друг ми има кажано дека навистина куќата спроти била изгорена? ако ти ми имаш спомнувано тогаш дефинитивно психата е тоа. во спротивно, има значење-и покрај некоја убава веселба, ќе чувствуваш немир,неспокојство 2.штеша,загуба calliope-биди внимателна, имаш доста луѓе околу тебе кои не ти мислат добро
indelible-ќе претрпиш некое зло kikkki-нештата добро ќе се завршат Srna-3-ќе избегаш од некоја опасност...со тоа ќе имаш подобрување на ситуацијата
сонував како секојдневно сум патувала со автобус за скопје во главното седиште на фирмата кај што работам и тоа само за 2 саати работа таму и одма сум се вракала назад во експозитурата.И еден ден во експозитурата дошла директорката и не свикала на состанок за да ни каже кој е најкомпетентен да ја замени неа, и во склоп на разговорот ме посочила мене како нејна замена, а јас сум останала без зоборови зашто сум била изненадена од нејниот избор.