Сакам само да прашам нешто. Како беше тоа демек ако не го кажеш никому сонот ке ти се исполни или пак ако го кажеш некому? Една другарка ми има кажувано дека соновите не требало да се кажуваат пред 12 часот зашо ке се исполниле или незнам што. Сакам да го чујам вашето мислење
Моето мислење е дека соновите се нашите најголеми копнежи и стравови, ако сакаш некој од соновите да ти се исполни само треба длабоко да веруваш и да дадеш се од себе. Јас последно време сонувам како се сликам со познати личности или пак се мувам со нив хахаха знае ли некој што би требало тоа да значи ?
Сонував како јас и брат ми бевме надвор на улица, беше сончев ден и видовме едно црно куче пудлица беше, имаше светло виолетови очи, чудно ни изгледаше. Кога го видовме подзастанавме, се исплашивме од него, ни беше страв да ја преминеме улицата, ама на крај мислам дека тргнавме?
Сонував дека на полноќ бев во SP маркетот,тогаш затварале,а кога се враќав видов група девојчиња како одат негде,некои ми беа познати од реалноста,но некои ликови првпат во сонот ги видов.
Денес сонував бели чизми со волна,топли. Не многу високи под колена. На крајот ги пробав ~ Спојлер Инаку,јас никогаш не би облекла бели чизми.
Сонував четири стрели,и како една другарка ми прави дупчиња со шајка две на газот две на стомак,и ми ги забодува стрелите(малцеки железни биле) Потоа сум се облекла во некоја си црно црвена облека и сум излегла пред огледало и моите домашни ми се восхитувале.
јас сонував како во една соба полна со валкана вода имаше 2 чамци со деца, а јас сум ги учела како да веслаат. едно девојче падна во водата и јас скокнав да го спасам. следно што се сеќавам е дека сум отишла некаде на доктор и сум ја изгубила левата дланка и сум плачела многу. некое дете што наводно ме сакало и јас него најверојатно ме фатило за раката со изгубената дланка но јас ја тргнав и ја ставив меѓу нозете за никој да не ја допре а целото време липав. потоа се разбудив.
Сонував дека сум спиела и сум се разбуела и сум видела дека прамен од коса имам опаднато и сум почнала да плачам. Што може да е тоа?
Цигара знам дека значи горчина ,сега најубаво ти знаеш да си ја протолкуваш таа горчина што значи и во кој контекс се однесува Значи дека ќе ти олесни нешто и ќе се радуваш поради тоа
Сонував пријателка моја носела ист фустан како мојот,кој ми е купен од странство. Се изненадив кога ја видов,не ми се веруваше како е можно.Фустанот е маслинеста боја,ако има тоа некаква врска де. Ај некој нека ми каже што значи сонов
Јас сонував дека во сонот си легнувам да спијам, па следи дел темница, зш додека спијам ништо не се дешава баш темница и си се будам и го продолжувам сонот што си бил од пред тоа. Е ај сега...
Денес сонував 3 - 1 сон. Мајка ми ме праша дали сум спремна за да одиме на депилација.. Јас и одговорив потврдно. Таа ми рече добро ај ама во март. Демек во сонот било Фебруари. 2 сон- Ги сонував Зумбуљ Ага и Ѓул Ага. Како спијат на кревети на спрат. Зумбуљ доле а Ѓул Ага горе. Зумбуљ Ага се разбуди прв и отиде да му направи појадок на другарот. КОга Ѓул Ага се разбуди си вика..Ммм што убаво мириса тукаа..ммм што е ова..И тогаш во истиот момент доаѓа Зумбуљ и му вика брате јас ти направив појадок. И потоа Ѓул вика ее вака сакам..еднаш да ме прифатиш,и да се разбудам со убаво.. Кој знае од кај па ова во сон ми текнало.. 3 сон- Братучедка ми ме повика. Отидовме во една градинка. Седнавме на малите столчиња. Таа стана и застана. Почна да ми предава нешто. Извади некои книги со сликички и со цртежи и почна нешто да ми објаснува.. Многу чудни сонови..
Сонував дека сум требало да идам на некоја прослава па сум била облечена во крем фустанче и сум имала на нозете некој вид на балетанки пуна пета незнам како да ги наречам ама сум сакала да имам штикли пошто другарка ми имала и нејзините биле повисоки од моите и сум отишла да купам и ко ненормална сум трчала низ продавниците ама никаде не сум можела да најдам и сум каснела на прославата. Знае некој што значи тоа..? Сноу?
Во последно време сонувам се почесто и почесто и цело време некои неубави работи...Синоке сум сонувала дека го убиле вујко ми и тој убиецот ме убил и мене..Дали некој знае што значи ова?