Драги феминки Ве замолувам некоја од вас нека ми го протолкува сонов доколку знае.... Многу се плашам................
А мојот од пред неколку поста?? Патем, дечко ми сонувал како му ја украле колата и тој ја барал, дали некој знае што значи?
Ја сонував најдобрата другарка, сме требало да излегваме и се чекавме на вообичаеното место, сум отишла да ја прегрнам( како и секогаш) но не ми дозволила, почна да плачи ( читај липа ) и ми рекла дека нашето пријателство мора тука да заврши бидејќи направила грешка што знаела дека никогаш нема да и ја простам и замина. Знае ли некој што значи сонов?
Ако го гледаше зајакот ,ти претстои некое озборување Солзи на сон се среќа... пријателството ќе ви продолжи со некоја убава вест. Ако беше црна боја бурката, сети се дали имаше превез и на очите. Ако немаше тогаш се работи веројатно за светци. Барем така викаат, дека вака ако сонуваш жена ,демек св. Петка си ја сонувала(мислам дека беше така). Ако имаат превез може да се работи за лош настан во иднина, посебно ако е црна боја.
Нешто лошо ќе и се деси и некои тежини носи со себе Можеби совет кој ќе го добиеш од татко ти или некоја негова постапка ќе те ослободи од лоши намери/луѓе п.с. се извинувам за двете мислења, ако може нека се спојат
сонував како сум седела со бифшиот..и ноктите на рацете му биле налакирани -.^ јас сум го прашала шо му е со ноктите и ми рекол демек на заебанција ме лакираа.и после ми кажал дека во неделата плачел,ја сум го прашала зашо и ми рекол па со ивана праевме месец( врска неам која е оваа) и пак почнал да плаче и почна да ми кажува зашо плаче ме гушна и се разбудив ?????
Сонував како да ум го бакнала мажотми во образ но никако неможев да му го видам ликот освен дел од лицето (образот тоа само делумно) и грбот иако ме држел за рака тадури сум го пофалила дека е супер избричен
Ликови- Јас,Хатиџе Султан,Ибрахим Паша,Една нова робинка, Мустафа, Махидевран и таткото на робинката. Акција- Сите заедно бевме во вилата за ловење Спојлер кој ја гледа серијата знае Потоа некој тропна на вратата и јас отворив. Тоа беше еден постар човек со ќерка. Рече дека донел девојка за Мустафа. Махидевран ја прими. Рече да му се поклони. И добро,човеков си отиде. Хатиџе отиде до кујната а ние седнавме на масата. Подоцна се врати таткото и ја побарал ќерка му назад,се предомисли. Ама агите од харемот не му ја даваа. Потоа јас и Хатиџе Султан ја однесовме во подрумот и ја врзавме со јаже. Хатиџе се скри излеѓу двата балкони во празниот простор. Потоа Ибрахим ме викна и ме прашување каде е Хатиџе. ЈАс одговорив дека незнам. Потоа разговаравме за походите и за подготовките. Ама за несреќа се гледаше фустанот да Хатиџе,а јас незнаев како да и кажам дека се гледа,Пашава беше до мене. Ја повикав слугинката и и реков да донесе вода,а ИБрахим во тој момент се сврти и ја погледна а јас и кажав на Хатиџе да се помрдне.. И толку.. Забегана работа.
Немаше крв. Прави разлика тоа? Инаку за болеста јас ке се разболам (не дај боже) или некој близок? Денеска сонував како сум отишла у една продавница и сум купила лубеница ама тоа лубеницата била ептеен огромна и кога и ја покажав на мајка ми се зачудила.
Сонот со забите, значи дека ти или некој твој близок ќе биде излечен од болест. Или пак тројца познати ако имаш болни, едниот ќе биде излечен. Лубеница на сон значи, неостварени желби поврзани со љубовта.
1.Сонував како мојата братучетка се породила и родила машко дете кое го крстила Стефан.Дали има некое знаеченје бидејки таа е тудна,но носи девојче. 2.Но исто така сонував како во мојот град имало плажа и се спремало некое невреме тогаш јас сум видела еден огромен бран како доаѓа кон нас,но сме биле премногу исплашени затоа што претходно морето било премногу мирно.Тогаш сум јас сум се качила и легнала врз афтомобилот кој го управувал мојот симпатија со неговата девојка.Тие двајца нешто се расправале а тој постојано гледал накај мене како да сакал да биде со мене.Потоа сум се вратила дома и заедно со моите сме заминале од нашиот дом со цел да најдеме некое друго место подобро за живеенје. Така патувајќи патувајќи сме се вратиле несвесно во стариот дом,но моите велеле дека овде никогаш не сме биле,односно тие не се сеќаваат на нашиот стар дом и така сме продолжиле да живееме на старото место.
сонував како сум се вракала од некаде со автобус,двокатен.и сум станала нешто и некое мало дете ми седнало на местото.бил син на некоја моја познаничка .ама не обрнав никакво внимание.после со автобусот влеговме како во една зграда,подземен паркинг со многу чувари и многу рампи.незнам кај сме отишле но на излегувањето ја гледав месечината беше голема полна и бела.исто така тие што беа обезбедување на последната рампа за излегување ми рекоа дека се спремало нешто и како демек паркингот бил направен за криење нешто како засолништво.имало како млада месечина и стара и ,тој лакот од младата требало да дојде околу полната месечина и ке се десило нешто.и јас после сум се симнала од автобус сум си отишла дома и надвор почнало големо невреме и сум му се јавила на дечко ми демек да се скрие он рекол нема ништо ,не е толку големо невремето не ми е ништо нешто у стил..и после тоа не се секавам..
Зајачето прво го галев потоа само го гледав,патем балгодарам и исто занчејне има ? дали го гледаш или галеш? :geek:
Штотуку сонив еден сон... Сме биле друштво собрани од средно во некоја куќа и сме играле карти. Но не класично да седиме и играме туку сум се качувала по скали на горниот спрат и во една соба кај што има кревет и на него карти сум ја фрлила картата и после се чудев дали требаше и по скалите да оставам карти оти имаше фрлени... Има некоја врска сонов?