леле глаге а што значи,сонував како на еден професор од фак сум му била швалерка ме возел со кола ваму наму и женаму кога не гледал тој викал еве и давам приватни часови ....(ание сме се .... )и после жена му некако дознал или сумњала незнам и почанала да не слеи па ние сме бегале со кола.....незнма натаму авантури...има ли нешто ова некакво значење.....
Братучед ми сонувал завчера како направил сообраќајка со кола на негов другар, колата била лом,а нему ништо не му било. Потоа дошла полиција и видел светци т.е. св. Недела и некоја друга светица ама не знаеше која била. Бил вчера во црква што се вика св. Недела и запалил свеќа, а јас за другата светица му реков да не е св. Петка, а кај нас стариве луѓе во петок викаат било св. Петка ( демек петок - Петка, по името, што нема врска со празникот што си е, само по името така останато) и денеска јас доживеав незгода. Си помислив да не има некаква сонот негов некаква врска...
Баш долго објаснување ќе имам за сево ова За првиот сон: Тоа што друга го бакнувала твојот дечко,а ти се хистеризирала и си се карала значи дека си во борба во себе.Некој аспект во тебе е во борба со друг аспект.Можеби некоја нерешена работа во тебе бара да биде изнесена на виделина. За вториот сон: Да видиш духовно лице во сон покажува знаење,мудрост и твоја потреба за водство.Исто така ги нагласува твоите стравови за иднината.Сакаш да зирниш низ непознатото.Да видиш ламја на сон ја претставува твојата силна волја и огнена личност.Исто така можете да бидете понесени од страста и треба да имате повеќе самоконтрола. Третиот сон:Бело куче значи некое пријатно познанство. Влакнести нозе oзначуваат болест За Рафаел Надал стварно не знам да ти кажам А за анти-пушачи кои во сонот пушат имам објаснување.Тие што пушат во сонот,а не во реалниот живот мораат да бидат повнимателни од аспект на здравјето.Toa што го правите може да го наруши вашето здравје.
Да имаш секс со непознат дечко ја означува вашата резервираност во врска со одлука за нова врска или ситуација.Се чувствуваш нервозна заради оживување на некои стари емоции. Да добиеш букет цвеќе означува однос,одобрување,восхит и награди. Да носиш во сон венчаница значи дека во последно време ги оценуваш и проценуваш твоите лични односи.Растурена свадба ги означува твоите прашања околу посветеноста и независноста. Да бидиш швалерка на некого во сонот ги означува твоите желби за подобри нешта во животот.Авантурите со кола ги симболизираат твоите желби за повеќе авантури и излегувања во твојот живот.Некако ти е монотоно секој ден. Тука не можам да помогнам и да ти објаснам дали има врска со сонот.Можам само да протолкувам дека да сониш сообраќајна несреќа симболизира емотивна состојба и длабоко засолниште на вознемиреност и страв.Треба да се забави малку,да се стабилизира емоционалната состојба пред да се случи нешто полошо.
Во последно време сонувам многу соништа но незнам што означуваат па некој да ми каже ако знае... Што значи да се сонуваат кучиња како те бркаат???А потоа јас го галев кучето??? Потоа се сонував дека сум бремена од дечко ми а него никаде го немаше???? Пред тоа бев сонувала и како има многу снег а јас одам по снегот?? Help girls
Леле багуфце мн фала ептен погоди сонов баш интерпретира што се случува со мене веќе некој период ама полн погодок бабата сега гледам што сум напишала беше 'јамја' не ламја по грешка сум пишала ама па јамја од каде зошто како немам појма баш се прашувам да не имаат буквиве некое значење откај баш ЈАМЈА и баш па го запомнив имево,,но така беше реално така се се случуваше на мојот кревет мн чудно храна значи да се пазиш од себеси,кас би протолкувала на овој начин некој ќе ти нуди нешто убедувајќи се дека е добро за тебе но добро размисли пред да превземеш чекор бидејќи сама на себе можеш да си наштетиш еве и јас да протолкувам еден сон
Ја сонував како се возам во автобус, најнормален 31 мислам дека беше. Бев со брат ми ,братучетка ми и другар на брат ми. Сме биле во некаде во некое селце и од кога дошол автобусот сме се нашле кај државна болница. После тоа сонував како сум била на планинарење со другарките. *А не можам да планинарам.
Сонвав дека имало некој немири, по улиците луѓе бегале насекаде се бркале и одвај некако сум избегала сум се скрила и по некое време се се смирило и другарка ми со смеење ми рекла готово е, ако знај некој што значи нека пише оти како што имам слушано не било убо да се смее некој во сон . фалаа од напред.поззз
Багуфче...што значи да сонуваш да си во голема продавница и таму гледаш ташни,новчаници а најмногу накит?
Јас сонував како дечко ми умрел неможел да диши и умрел потоа јас сум плачела многу .. Може некој да ми каже што значи овој сон?
А јас во последниве неколку денови сонувам како на дечкоми му се случуваат лоши, неубави работи... од што сум напната во сонот, се будам потресена и како ненаспана.
Сонував како со другарка ми (која цело време се менуваше де една другарка де друга де трета) се возиме во кола и сме требале да ја земеме братучетка ми од градинка ама никако не сме можеле да стигнеме до неа..се така возевеме од дента до вечерта и никад не стигнавме Што би можело да значи ова?
Бесните кучиња кои те бркале означуваат многу грижи.Галењето на кучето означува смирување со некого. Да сониш дека си бремена значи дека некој дел од твојот личен живот е во развој.Да бидиш бремена на сон исто така значи раѓање на некоја нова идеа,правец,проект или цел. Снегот на сон ги означува твоите инхибиции,неизразени чувства и чувство на фригидност.Во друг случај,снегот на сон ја означува твојата рамнодушност и запоставеност. Треба да се пазиш од себеси.Не прифаќај се што ти нудат,некогаш можиш да си наштетиш себеси. Да се возиш со автобус значи дека не можиш да го докажиш твоето мислење,фактички кај одат сите таму и ти.Ти недостига оригиналност и контрола врз твојот живот. Тоа што си се нашла пред болница значи дека имаш потреба за физичко и психичко лечење т.е закрепнување. Да планинариш значи дека ја докажуваш твојата решеност и амбиција. Да сониш немири значи дека во твојот живот има некое нарушување,внатрешен конфликт или емоционален подвиг. Насмевката во сон значи дека сте во потрага по нешто што ве прави среќни во животот.
Да видиш голема продавница со накит,ташни,новчаници и слично ја означува состојбата за твојата смисла за себе и твоите лични вредности.Исто така е симбол на знаење и многу други квалитети што ги имаш во животот.Накитот го означува твоето духовно богатство. Да сониш смрт на некој сакан значи дека треба да се запрашаш што ти се допаѓа кај тоа лице,а што не. Да сониш дека некој во твојот сон е несреќен,му се случуваат лоши работи тогаш тоа значи дека на таа личност ќе и се сврти со добро,ќе има многу среќа. Да сониш дека никако не можиш да дојдиш до крајната дестинација ја означува твојата внатрешна состојба на умот.Местото каде што сакаш да стигниш е поврзано со твои лични чувства и спомени за тоа место.
Па добро кога веќе ги раскажувате значењата на соништата,дали некоја од вас знае некои бабини деветини,што би рекла мајка ми, да не сонуваш толку многу. Значи јас секоја вечер сонувам и си мислам траат по цела вечер,што е најтрагично сонувам страшни работи, кои кога ќе се исполнат му велам на маж ми виде,јас тоа сонив. Не сакам да сум тоа бе јас, да сонувам иднини. И синоќа толку силно се скаравме со маж ми на сон,така да кога се разбудив ми идеше да му плесна еден шамар,па да види тој.
Многу пати досега, а последно сношти, сонував едно момче што ми се пушташе пред 6 години ( со него не бевме заедно зашто тој тогаш си фати девојка, а потоа и друга, а сега е слободен, но цело време и тогаш и сега имам забележано како ме гледа). И сега соновите ( за сега 2 ќе напишам, за да не должам, па подоцна и другите, повеќе се) : 1. Сношти сонував како сме биле во некој кафич, јас со мојот дечко, тој со друштво и пак ме гледаше. Седеа на една маса, а ние отспротива на друга и јас сакав да поминам од кај него за да ме види. Потоа сме играле валцер со него и нешто разговаравме. На една клупа имав оставено комплет книги и тој знаеше дека се мои и ги разгледуваше 2. Еднаш, неговиот најдобар другар ме сретна и ме викна кај другиов дома, за да сме разговарале. Јас не сакав, но ме молеше и отидов. Таму, другаров ми кажа дека тој никогаш не ја сакал девојката со која се фати дури ми се пушташе мене и дека мене секогаш ме сакал. Па, дојде и тој и разговаравме, и и тој ми го кажа истото и силно ме гушна и ме бакна Багуфче мила, те молам објасни ми
1.Да гледа некој во тебе цело време значи дека сакаш некои нешта да бидат по твое т.е да се оди според твои мислења.Исто така е симбол на гордост. Да се игра валц во сон со некого ги означува твоите старински верувања и слично.Исто така укажува дека си предмет на восхитување кај некого. Книгите означуваат смиреност,знаење означуваат дека полека но сигурно одиш кон целта. 2.Овој сон е тежок за толкување.Ќе пробам вака некако...Да те молат на сон значи дека те почитуваат луѓето од твојата околина.Да те бакне некој што не ти е близок значи дека треба да пробаш да се запознаеш себеси и некои аспекти од твојот живот.
Фала мила А што значи ова: Сонував како со овој истиов сме биле седнати како во некој кафич надвор, на дрвени столови, тој на една маса, јас на друга, но еден спроти друг. Седевме под едно големо, старо дрво, под сенка и на гранките имаше зелени листови и дувкаше благ ветер. Тој пак ме гледаше и ми се смешкаше. Извини што те измачив