А што значи да сонуваш дека било Велигден сабота и петок било и сум се поздравувала со ,,Христос Воскресе,,..што значи?
Помош девојки,сакам да го дознаам значењето на сонов. Бев кај баба ми на гости и јадев чоколадо. Дојде брат ми,ме викна и јас го фрлив чоколадото и си отидов дома. Дојдов дома,ја видов братучедка ми кај нас на гости,ми донесе слика од неа. Беше гола на сликата. Целосно. Во меѓувреме снемав глас,неможев да зборувам. Мајка ми дојде во собата и со братучедка ми заедно почнаа да се дерат,да викаат силно,како животни. Испушнаа паранормално крици. Демек,да ми помогнат да си го вратам гласот.. Што ли значи ова ... !?
Првиот не ги познавам ова филмовите и на ништо не ме асоцира А вториот бившиот твој да не се ожени, или да не стане татко, а со тоа и муабети да му излезат многу
сум нсела некој машки тешки кондури и ми биле големи.незнам по која причина ги носев..го видов бившиот и идев како патка пред него...неможе нормално да се движам од кондурите...а патот беше раскопан..он беше со женска али гледаше во мене...го изминав..идев накај школо и видов другар од основно..цел беше со модрици на рацете кај вените..ми кажа дека купил еднаш и после цело врме купувал(шприц)..цело време му викав: немој више,немој,те молам немој више,немој,немој. кога се вратив дома тато почна да ме испрашува кај сум била..му кажав се и ми рече дека некој родител му се јавил и му кажал дека било запалено нешто во гратски парк..мислил дека и јас сум меѓу луѓето што палеле..тато негирал,а родителот кажал: ива сака вечер да излезе..и се разбудив. одма се уклучив тука пошо многу добро го запамтив сонов. знае некој што е? :/
Два дена по ред сонувам како зборувам англиски на некој а не можам на тој некој да му го видам ликот бидејки додека зборувам постојано погледот ми е вперен во мојот скут и така со наведната глава зборувам на англиски.
Спојлер Овие два дена само пеење сонувам Се наоѓам во полна сала, треба да се претставам со некоја песна ( со другарките ). Сцената беше многу долга но, тесна. И сме настапиле многу добро и после следува аплауз. Сме тргале надвор, но сум ја заборавила ташната ( во неа мобилен и пари ). Тргнуваме со другарките и се сетив ја заборавив ташната. Им велам да се вратиме ти несакат. После долго убедување и убедив и се вратвме. Ташната си стоеше на истото место ја земав и тргнавме.. Некој знае што значи ова?
Што значи ако го сонуваш најголемиот непријател/човекот кој ти направил најголеми проблеми во животот, и си во `добри односи` и се однесуваш најнормално со него ?
Веќе три дена по ред сонувам како палам свеќи и една особа ми ги гаси.Беа црвена,бела и лилакова со различни големини.Секако пробував да ги запалам ама ми ги гасат и се така... И памтам дека летав,стигнав до една црква имаше многу луѓе зошто било некој празник и таму последниот пат ги запалив свеќите и еден млад поп ми помогна од личноста...
Пред некој ден сонував како сум била облечена во невестински фустан со вел на главата и со цвеќе во раката. Сум стоела пред огледалото во купатило, но најчудно од се дека велот, цвеќето , чевлите и се друго било во бела боја, но само фустанот во јака црвена боја. Татко ми застанал до вратата и почнал да ме гледа, а јас веднаш сум избегала во мојата соба. Што би можело да значи?
Предзнак за сериозна болест или смрт. Ако разговараш со него : Ќе избегнеш многу непријатен настан/случка.
Многу лош сон сонував. Косата ми била многу многу ретка,на средината како што го носам патецот сум имала голема рана која била издолжена како што е патецот,така сум одела со тоа,не ме болело ама ми беше ептен грозно чувството.
ретка коса- Ќе ти се намалат некои грижи рана- ќе се исплашиш од нешто црвен фустан- лошотија, дали спрема татко ти или он нешто спрема тебе ќе биде лош Отиди си на црква и запали си свеќи
Јас сонував како со мајками сретнавме човек кој е мртов (во сонот не знаев дека е мртов) и мајками му даде некој парчинја накит што може да значи овој сон?
Јас го сонував момчето што ми се допаѓа,всушност во сонот дознав дека ја откачил својата девојка одамна(која порано ја имал ама сега не) бидејќи се посветил на факулететот,па со тоа во сонот си помислив дека немам шанси ни јас.