Кој и да знае ве молам протолковајте ми го сонов.Ме плаши дури. Друг сон го сонував пред 2 дена. Бидејќи живеам во зграда,и под терасата кај мене имаше полно момчиња беа извидници,со мојот ми бивши класен од основно.Погледав од тераса надолу и видов едно многу убаво момче.Се заљубив на прв поглед,во тоа момчето. И слегов долу кај што седеа,као демек да се поздравам со калсниот,ама и момчето ме пригледуваше.Застанав и правев муабет со нив.И побарав некоја си легитимација нивна,и момчево намерно ми е покажа неговата,за да ги видам неговите име и презиме.Прочитав и брзо на брзо појдов дома,го адднав момчево на фб.И почнавме да пишуваме.Тој ми пиша прв.Ми рече да излезиме да се видиме,да појдиме на кафе.Прифатив и излеговме. Ми се претстави кажа дека се викат Петарпавле Петров. Ме праша како ми оди љубовта.Му кажав.Ми рече дека по извесно време дека и јас ќе бидам среќна со тој што го сакам.И ми рече извини ама јас веќе доцнам.Морам да одам. Толку е.Наеднаш јас се разбудив. Девојки енибади? Битно ми е.Сакам да знам што е.А најмногу ме загрижува името.... Не познавам јас таков човек со вакво име...
Дотолку и јас знам да толкувам соништа .Гатачката значи дека имаш голем непријател,а само гледање на кафе дека не треба да веруваш во сите гласови од околината ,измама,и штета. Колачот значи среќа,радост или ќе имаш гости. Поздрав
Девојки помош. Сонов толку многу ме исплаши што се плашам дека кога и да поминам од кај тремот ќе ми се појават и двете, се плашам да заспијам бидејќи ми е страв дека повторно ќе го сонувам истото, се плашам да сум во темница. За'икнав кога ми кажаа дека сонуваш само тоа што го имаш видено. Може претерувам ама овој страв е сепак многу голем.
Значи нема потреба од паника.Тоа било само еден сон,ништо друго нема потреба да се плашиш.Покушај да не мислиш на него тоа ќе те мачи една недела ќе го заборавиш.
Претходната нок го сонував мојот колега од факултет како му била исечена раката и течело крв на сите страни.Ке може некој да ми објасни што би можело да значи ова?
сношти сонував како се гледам во огледало таква сонлива и си ја чешлам косата,едната страна на косата ми била кадрава а другата права,од една црна мала кутија ја отварам и гледам прстен внатре нешто како стаклен и сребрен и си го ставам на прстот и кај зглобот ми бил тесен ама сепак сум си го ставила,и нешто опрема за тенис имало,ај ве молам кажете што значи
Видов на соновник: КРВ. Своја крв-ќе ви платат лолговите; туѓа крв-добра заработувачка,но може да значи и опасност; црвена крв-радосен настан; разлиена крв-непријатности;ако плукате крв-лутина; ако имате крвави раце-не мешајте се во туѓи работи; ако ви тече крв од носот-радосен настан; ако пиете крв-добивка.
Сноу или некој друг? Сонував како требало да одам на екскурзија некаде со другарка ми и сум каснела,ама сум и ѕвонела и кажала дека ќе стасам за една минута да не тргнува возот...и таман сум стасала во близина на возов овој тргнал и ништо,не сум отишла...и другарка ми само ми мафнала и ми рекла ајде друг пат
......ај барем еднаш протолкувајте ми нешто............во сонот една девојка се осети привлечена од мене и ме бакна некаде меѓу образот и носот....под окото....... катастрофа.....
Во последно време многу често сонувам како паѓам во некоја провалија и во тој момент се стресам почнам да ритам со нозете и ќе се разбудам. Ај некој нека ми каже, оти како за лошо да мислам.
Ке може ли мојоов сон некој да го протолкува?? Го сонував бившиот,ама поинаку,сонов ми беше некако поинаков.Вака:Сум одела во некое чудно школо,сме се качувале нели по скали,ама скалите биле мн криви,оделени,онака баш страшно.И добро послем тоа нешто како ја имаше баш таа што ја мразам најмногу,наставникот и дал поголеми оценки на неа,поголеми барања и јас сум се бунела.После го имаше бившиот,и телото и ликот се гледаа и јас со сила го мував (лапав ),он неке,ама така си стои и после неколку пати таку сум му правела. .И он после тоа ме истепа,јас мн сум плачела и сум била тажна.И баш и кажував за тоа на другарка ми што се и кажувам и она се насмеала и рекла никому ништо,демек се е ок,а јас всушност сум сакала да кажам дека ме удри таму доле со клоца иако ова што ме удрил со клоца не го сонувавм,а било на сонот.На крајот од сонот сме биле во автобус и една негова стварно добра другарка ми кажа дека се срамел од мене,сум му била гадна.Што може ва да значи??
сонував како сум наследила некое чудно место,во едно село,опкружено со природа... имаше точно 73 скали да дојдеш до влезот,а внатре една огромна просторија со стар кревет и стари големи плакари во кои незнаев што има,беа заклучени со катанец.доле имаше голема чешма и до нејзе гроб. сакав да го реновирам местото,но тогаш нешто ме грабна за вратот и ме давеше во чешмата... тогаш се разбудив. знае ли некој што значи ова? поздрави и бакнежи до сите
1.Сонував како простирам една портокалова блуза на жица. 2.Држев едно бебе во раце целото беше облечено во бело, ја пуштив чешмата со ладна вода и му го наполнив шишенцето и му дадов да пие вода, како да беше жедно едвај чекаше да му дадам да пие, и памтам дека му ги видов обравчињата црвени му беа???
Во последно време многу сонувам.Синоке сум сонувала како сум играла карти и тоа сум победувала цело време...Што би можело да значи ова?