Денес сонував луциден сон. Јас и мајка ми бевме сместени во хотел во некоја џунгла. Излеговме надвор,покрај огромната река. Беше зелена и многу брза,огромна,со разни треви. Влеговме во реката но не многу длабоко. Подоцна,дојде еден човек (пливајќи) накај нас. Застана и не гледаше. Беше стар човек околу 70 години. Изгледа беше некој психопат. Правеше чудни движења во водата и не гледаше без престан. Мислам дека сакаше да ме силува. Потоа се тргна малку. Дојде еден друг човек (исто пливајќи накај нас) и ни рече да се пазиме,во реката имало многу манијаци и луди луѓе.. Потоа мајка ми седна на некоја гума во водата (незнам што точно беше) Тој вториот човек што не предупреди дека имало луди луѓе во реката тргна накај мајка ми,а јас почнав тешко да дишам. Чувствував дека нешто лошо ќе се случи... Тој одеше со цел нешто да и наштети на мајка ми. Јас ја одбутнав нејзината гума со цел да не ја фати човекот и да може да избега и се сопнав. Паднав во водата.. Почнав да плачам,да барам помош..Немав воздух. Во сонот чувствував дека се гушам..дека ќе умрам. Човекот се фрли накај мене и ме зграпчи. Почна да ме дави во водата. Цела уста ми се наполни со вода,немав повеќе воздух. Тој ме давеше и главата ми ја бутна под вода. Мене ми се стемни и гледав само црно..потоа видов една фаца од ѓавол и ми се смеење иронично. Помош феминки,ме исплаши сонот.
Добро утро прво. Јас уште одма да се изјаснам со мојот сон. Сме и правеле свадба на братучедка ми, ама требало да ја слави надвор од градот и требало да идеме со автобуси. Мјак ми и татко ми се качиле во некоја кола а јас сум продолжила за на другата улица да идам. Ме следеше еден човек и по патот не маваше со ситни каменчиња и ми свиркаше. Јас немав храброст да кажам на еден човек кој го знам. Незнам дали успеав да избегам, се разбудив. Едит: Сега ми текна братучедка ми се мажела со брат и, во соно јас италијански сум зборувала
Jас сношти сонував дека една другарка ке се мажела,а јас и другиве другарки се дотерувавме,облекувавме фустани ама како едно време да поминувавме низ гробишта и цело време во сонов бев како вознемирена и исплашена.... Hекој знае што значи сонов?
Сонувам секакви глупости ама ова беше врвот. Многу пати сум го сонувала дечко ми како починат, ама последниов пат сонував дека одкако сум дознала дека починал и напишав проштално писмо на мајка ми и почнав да му се молам на господ да го врати, плачев и се дерев зошто мораше да ми го земеш таман го најдов ти ми го земаш врати го, значи буквално се молев, и си викав да можам да го вратам би била многу подобра спрема него, се разбудив и бев со свиткани колена буквално како да клечам а рацете наместени како да молам и бев цела во солзи, не ми се верува дека стварно сум плачела, дури се будам и уште се молам
Хејјј сонувалки како сте епа еве ме и мене...гледам некои сонови се толкувани некои оставени,но за да не настанува хаос,ќе почнам да пишувам за соновите од вчера па понатаму Doozy-ништо чудно...еден вид на визија очигледно, на сие нас тоа ни се случува. Sara123-ослободување на тежина PeaceLoveBasketball-на некого ќе му кажеш новост
Пред некоја вечер се убив од плачење во сонот, дури и главата ме болеше кога станав! Сонував како мајка му на дечко ми умрела, па од истата болест од која таа умрела во сонов била болна и мајка ми. Сето ова се случуваше во куќата на моја брачеда која е болна веќе подолго време и баш за тоа ме плаши сонов! Значење?
Здраво на сите ке замолам ако може некој да ми каже за еден сон, сонував како сум бремена и одеднаш родив детенце, женско и знам плачеше го зедов во мене во раце. имав чувство дека и баш ми беше мило што сега баш тогаш добив дете и во себе го засакав и почнав да се грижам за него. тоа беше сонот. јас инаку не сум ни мажена ни мајка. .. ке ви бидам благодарна ако некој знае да ми каже.. поздрав до сите
Пред некој ден сонував како една девојка носеше исти наочари како моите. Ја знаев која е, не беше непозната, а сега не ми текнува која беше. Значи, седевме двете една спроти друга со исти наочари. Некој?
Викаат дека на сон да плачеш е убаво, демек ќе се радуваш на јаве. Да сонуваш нечија смрт, значи дека му умрела смртта. Sanjali ste: TRUDNICU - sanjati svoju trudnoću Tumačenje: Ostvarenje davnašnje želje uneće radost u vaše srce. Sanjali ste: BEBA - mala, rođena, na grudima Tumačenje: Znači da ste svesni da je sve do sada bio kompromis.
Сонував како на таван сум видела шкорпија, ама со големина и боја на мало пајаче и му викам на мм „види каква шкорпија“ и тој се зачудил а таа поминувала и собирала бубачињата од таванот со тие штипалките што и` се. Плус, порано мм сонуваше како некоја гатачка му рекла дека татко ми ќе го убие татко му.
Дали некој знае што значи да сонуваш мртовец на сон да ти дава многу пари и да го видиш во гроб едниот родител во дворот од куќата?
Сум имала горила во кафез, доле во подрумот. А пред тоа, имаше преку 20тина бубшваби во детска. Сум ги бркала.
tessie-озборување soncenceto.matea- големи трошоци (за некое славење) Elennaa- големи нервози поради туѓи грешки....ќе ти биде многу потребен мир,одмор
Според соновникот на фемина: Змија: Ако сте жена – ќе зачнете. Ако сте маж – вашата партнерка ќе зачне.