Сонував една девојка (не сме во добри односи) Беше многу убаво облечена. На масата видов очила за сонце,ги земав ама некој ме предупреди дека се нејзини. Сноу ?
Сонував како со некое дете сум се шетала и сме сретнале човек кој што има мн животни,ѕверви за јадење луѓе.И тоа детето некако исчезнало,а јас сум отишла кај него дома и за да се спасам да не ги тера животните да ме изедат сум му направила мн убаво јадење.?
Сонував оти сум била негде со дечко ми, а тој дали почнал муабет со некоја додека ме немало, и после сум ја видела таа девојка цела насмеана како си оди, а овој стоел и запалил цигара и пушел. И да, во сонот имав чувство дека ме изневерил со таа некоја.
Ние дома имаме интересно искуство во врска со соновите.. 2ипол недели пред да одиме на одмор татко ми сонуваше дека не застанале на границата и дека не не пуштале бидејки на некој од нас (т.е јас и моите браќа) ни бил истечен рокот на пасошот. Кога стана некако сакал да провери дали е се ок и видовме дека на мојот пасош му поминал рокот
Памелче не знам јас многу многу за да ти предвидам за сонови . Не ни верувам многу во тоа. Видов во соновник дома еве колку што разбрав јас . Зборување на странски јазик на сон е убаво Ќе имаш гости од странство и ќе си радосна . А братучед/ ка на сон е всушност предзнак дека не треба да им веруваш на ветувањата што ти ги дале другите. Нема нешто да си задоволна, некој ќе те предаде . Не се преокупирај со работите околу себе
што значи да сонуваш дека комшиите до тебе што живеат ја реновирале куќата и тоа не обично туку премногу луксузно.значи имаа фонтани,водопади поврзани со базени по големина наредени,маса во дворот со премногу храна шампаин така све стаклено,напред имале одгормно езеро пред куќата и парк и викале многу гости а нас не ,јас низ прозор сум гледала ?
Сонував како сум направила неколку кривични дела, од кои едно од нив било многу тешко. И пријателите се обидувале да ме најдат, да дојдам на судење, ми нашле и адвокати. Се наоѓам во судницата, ми се суди, осудувана сум од сите, и јас се обидувам да побегнам ама не успевам. И на крај пресудата е дека сум виновна, добивам 5 години затвор, за кои адвокатот ми кажува дека е одлично, сум можела да добијам многу повеќе и како демек направиле се` што можеле. Ако разбира некој што значи сонов, нека ми каже.
Колку чуден сон сонував вечерва.... Сум била некаде во Грција, во некое непознато гратче, поточно селце каде што имало пазар на плажата и таму оделе многу луѓе, ама времето постојано било тмурно и подолу плажата ја заплискувале големи бранови и никој не се капел таму иако плажата била песочна, а морето прекрасно, освен големите бранови кои дури ги заплискуваа и ѕидовите на куќите покрај брегот. Потоа од некаде се појавија навистина големи, ептен големи бранови, го снема пазарчето, времето беше уште тмурно ама имаше сурфери. Јас се чудев од каде доаѓаат и забележав дека сум качена на една од тие гумените планини и видов дека ги брановите предизвикуваат вештачки во морето. И толку. Не памтам друго. Хм, што би можела да кажува мојата потсвест сега?
Колку што запамтив сонвав дека имам некое предавање,после еден човек ми подари трењерки,пижами и уште нешто имаше,чував едно детенце,не седеше мирно,а покасно во сонот ловев птици,едната како паун нешто слично беше,убава така...ги погодив,а после сум ги зела ,а и други имало ловџии,сакале тие да ми ги земат од раце...
имам неколку сона.. првиот сонував дека со еден мој другар сме снимале некој спот и јас сум му рекла дека киното во нашиот град ќе експлодира.. и после неколку дена во киното имало собир на атеисти, сите биле облечени во бело, а мажите имале долги бради.. и киното стварно експлодирало и сум му рекла на другар ми : леле па нели ти реков? што би можело да значи ова? вториот сум била во нашето кафуле и момчето кое го сакам ама не сме заедно бил позади мене и кога сум го видела сме почнале многу да се прегрнуваме третиот сонував дека бившиот и женска му добиле девојче и го крстиле по мене..