Сонував дека другарка ми правеле полуматура и после тоа отишле да пијат кај другар на брат ми кои седеле цела вечер, таму бил и мојот симпатија (кој не се дружи со нив). Куќата што ја сонував како демек е на другар му на бато е на моја поранешна наставничка а јас сум живеела на другата страна на улицата и сум ги гледала од тераса. Другарка ми која никогаш нема пробано алкохол била лом напраена и била со тие девојќи кои нејќе н ида ги види . После симпатијата моја и брат ми дошле кај нас дома и брат ми бришел чинии а симпатијата ги сместувал. Додека го праеле тоа јас сум седела на стол и сум ги слушала како се расправаат на кој поубаво му стојат фармерките а им биле исти. Јас сум се придала и сум им рекла дека на симпатијата моја поубаво му стојат и брат ми малку му ги скинал. Ама не ги видов во лице, туку знаев некако дека тоа е брат ми а откако му ги скина фармерките после како симпатијата да беше друг, мојот комшија Глупав сон.
Ја сонував мојата покојна мајка како лежела во некоја болница ,а болницата била многу убава ,на десната страна вториот кревет бил нејзин прво несто мрморела,а потоа оците и биле полни со крв,а на долниот веш имало крв сум барала помош,од сите и од мобилниот сум вртела на број кој ми се испиша име и сум молеле за помош на мајка ми.
Сонував чуден сон.Јас имам една црна мачка дома,ја сонував Како се омачила,значи беше таа и уште едно мало црно маче И си мјаукаше Барав по интернетот и баш не било добро да се сонува црна мачка.Знае некој што може да значи овој сон?
Сме се шетале навечер со 2,3 тругарки и сум го видела таткоми пијан седнал на една маса.. и сум се задцкрила да не ме види..после другарките влегле во некое вц таму, а јас сум останала сама и сум сакала да појдам кај колиичињата (во близина имало количиња на житони оние што се)..одејјќи сум видела некое куче и почнало да трча по мене а јас сум бегала и сум се враќала..после ко видов уште 2,3 кучиња трчаа по мене..и јас сум пошла кај другарките во вц.. сме излегле и сме виделе дека идат уште едни наши другарки кои што биле излезени од кафич.па сме се вратиле дома сите заедно.
Денес сонував нешто татко ми бараше низ куќата и неможеше да најде. Нешто му пребаше,ама `предметот` никаде го нема. Потоа јас и татко ми застанавме пред вратата и нешто меревме со метро. Не ми текнува што меревме. Татко ми ми рече аха добро,штом е 65 цм добро е. Што од прилика би значел сонов ??
Сањав како сум седела со другарките мои на пристаниште негде и дошол тој што го свиѓам со неговото друштво и почнал да ми пее, ми посветил некоја песна и цело негово друштво почна да пее и сите беа ептен весели а јас бев ваква . И после тоа сите ми доаѓаа и ми кажуваа како тоа било многу слатко и дека многу убаво пеел дечкото. Да не знае некој што значење има сонов?
ве молам некој ако знае да ми казе значи ве молам!!!!! сонував едно девојче и наеднаш се претвори во црна страчка и јас се исплашив тогаш и после чудно беше ама чавката бесе некако убава ако беше црна и беше накитена со цвеќиња мали венци имаше на неа многу убави што може да значи ве молам ќе ми кажете
Леле, сонував многу језив сон минатата ноќ. Се разбудив преплашена. Не се сеќавам многу ама се возевме во кола со едни познанички и јас велам, да намалиме брзината или може да настрадаме. Некако како јас да сум ја сопрела колата и во тој момент експлозија пред нас, две коли се судруваат и тоа како пред очи да ми беше. Потоа се разбудив. Воглавно не се сеќавам сега многу на сонот ама кога се разбудив памтев повеќе детали. Отприлика што би можело да значи?
Заборавив да го пишам глупавиот сон од сабајле, а толку ме испотресе Сум се возела со автобус полн со многу луѓе внатре, по некои патишта и од страна имало ко провалии, и наеднаш автобусов се лизнува (заборавив да кажам дека сме возеле на снег ), и пола дел излегува од патот точно како пола да е паднат во провалијата , се држи само на двете тркала на патот, наеднаш, незнам како, по неколку минути верглање успеава да ги качи и другите тркала горе и продлжуваме Се препотив!
Mорам да прашам и јас пошто нешто не ми е јасно. Што значи цело време да го сонуваш бившиот? Дали е тоа бидејќи го мислам или можно е да има некое значење ова сонување цело време. Ако има потреба ќе пишам и дел од соновите
Синоќа сонував како си ги миев забите и кога си ги погледнав во огледало цели ми беа облеани со крв потоа пак ги миев со вода и крвта ја снема.
Сонував дека сум имала сообраќајка и сум умрела,а после тоа сум се сеќавала на се од минатиот живот и сум одела на доктор за тоа...што би можело да значи?
Денес ја сонував баба ми како се дере,вика по мене,зошто сум го заклучила шкафот,што кријам од неа !? Демек нешто кријам во шкафот,во собата од сите,па сум заклучила никој да не може да отвара. Што би значело ова ?
Расклатени заби, цела долна вилица...? Бев и на лекар да ми стави некој механизам да не ми паднат, ама пак ми се клатела вилицата...
А Сноу? Случајно ја најдов сликава па ми текна дека и јас имав ваков сличен сон пред некој ден. Срам ми е да пишувам хахахах сликава доволна е.