Цел сон го ставив во сполјер,многу е долг, ве молам ако може некој да ми го протумачи детално ќе му бидам многу благодарна, многу сум немирна од кога се разбудив,имам немир во градиве, сонов ме ужаснува, ве молам очајна сум .... Како да го сонував сонов цела вечност... Spoiler Сонував дека сум била во моето школо кај што учев основно, и цела фамилија била таму, тоа било како дворец, и дечкоми направил нешто лошо и многу луѓе облечени во бели долги како фустани и жолти наметки биле качени на коњи и доаѓале кун школово, и јас сум го качила на најгорниот спрат и сме седеле, сме разговарале,јас цело време сум го гушкала,и сум слушнала стапалки како идаат по скали и сум станала сум видела боси нозе и сум зела едно парче пластика и сум го гушнала и сум му го поставила на вратот ама наеднаш излегле роднини и пријателки сите женски, и сме фатиле да правиме муабет гласно, а јас пластиката ја фрлив, и наеднаш како нешто да ме натера да се опулам по скали и пак видов боси нозе, и им привикав на сите да престанат да зборуваат, и гледав што да земам а пред мене имаше огледало и кога го фатив беше скршено и го зедов му го ставив под вратот, и кога дојдоа тие му реков да не се приближуваат, ама синот од главниот дојде , ми се доближи и ми го зеде огледалцето и на дечкоми почна да му објаснува дека неговата болест не му е на арно и тој секако ќе умрит,да се предајт да не се противит, и почна да му кажвит,кај нормален човек се створало толку крв а кајнего едно кило појќе и затоа му се бубреле вените и еден ден ќе му пукнеле,(а немат врска дечкоми не е болен,ама во сонов бил) а јас само го гледав во очите, имаше мило и добро лице, беше многу убав и наедаш чуствував дека никого не го гушкам повеќе а дечкоми станал и почнал да вика јас ќе си одам да ми се мафните,и со трчање слегол по скали ама тие го стигнаа, и го закачија со ножеви по грбот, а еден човек со пушка го пукнал и во едното и во другото уше, а јас наеднаш се гледам дека сум гола, имав многу долга коса и ми ги покриваше градите, имав само црни гаќи и чизми црни до колена на мене, слегов долу по скали и го видов како го влечеа,носеше сина кошула и фармерки,ама цел беше во крв, и како што го видов пак се качував на горе се кубав за коса,и сите мои другарки се стрчаа кон мене и ме опколија како што седев на скалата и сите ме гушкаа... Наредниот момент јас со трчање слегов и никој немаше, ниту дечкоми нити тие со коњите, го зеле и заминале, имаше само траги од крвта, а јас отрчав кај мајками која работела во една продавница наспроти школото, и трчав така гола, влегов натре ја гушнав и и реков дека „ми го убија,мамо ми го убија“, и зедов пак да липам. Таа само ме гушкаше, дојде една жена и купуваше нешто и мама ми рече пресегнисе врати и кусур и јас и вратив 16 ден а требало 10, и жената ми рече дека ми дава 50 ден а ми даваше 100, и си замина а мајками ми рече ако ке дојди друг пат, не се секирај, на столот кај неа здогледав еден капут и го облеков црн беше многу убав, и чизмите над колена, и излегов надвор на маса биле седнати сите другарки кои предходно ме опколија и јадејаа, и јас им реков ќе ме дружи ли некоја да одам да си земам работи за облекување да нестојам до ова, сите ми ги расфрлаа тие бунтовниците што влегоа, немам што да носам, и мојата најдобра другарка станала и дошла со мене, а јас цело време и објаснував како се чуствувам и плачев, пред школото беа собрани еден куп луѓе и јас едвај влегов, сите ме гледаа чудно ми се звереа, ама добро влегов, како да го барав него, ни трага ни глас, се беше како порано, ни крв ни ништо немаше, се качив на скалите и само што го здогледав местото каде што го гушкав почнав да плачам и да ја кубам косата, паднав тука во место и продолжив да плачам.. и така се разбудив, а кога ги отворив очиве почнаа да ми течат солзи и така само се пулев во таванот а солзите ми течеа,неможев да се смирам пола час имав немир во душава.
Сонував како сне имале викендичка на село и сни оделе ние домашните и роднините и една моја пријателка и пријател,сне оделе по патот зошто блиску било селото ама се таму камења имало и малку пострмно било и тешко за одење на неколку пати ќе паднев но мајка ми иако ми беше лута незнам зошто ми помогна и на кеај се качивме а таму во викендичката пријателот ми беше лут и не ми зборуваше,Само што сакав да го прашам во сонот зошто ми е лут,мајка ми влезе во собата и се рабудив криво ми е што не го прашав Сноу можеш ли?
M.arija- убав период,.....длабока старост Marbella- биди многу внимателна и претпазлива.и на работите што ги раотиш и на околината околу тебе. внимавај на себе многу. kikkki- надминување на препреките
Сега ми текна и на третиот сон. 3 сон - Братичедка ми рече дека има 32 години. Многу е помлада. Нема толку.. Што би можело да значи тоа ... !?
а мојот сон каков беше свекрва ми е почината пред 2 години и во станот кај моите се сонував завесите се мрдаа имаше чудни звуци првин сонот ми беше како мал кошмар па после откако сватив кој е тој дух седнав на трпезариската маса заедно со свекор ми и прашав првата буква од презимето и ми пиша на лист буквата м и прашав целото име и ми го кажа моминското презиме поима неам зошто така и сватив кој е тоа беше свекрва ми и откако ја открив се појави ми рече дека треба да ми кажела нешто и дека дошла по незавршена работа поима неам што е сонов
Sara123- или нешто убаво ќе ти се случи точно за 32 дена, или играј некоја игра на среќа heart.stealer- ти претстојат среќни мигови
Пред многу време имав сон кој се одвиваше во гратче каде што живее една од моите тетки и не беше ептњб кошмар, ама беше далеку од пријатен сон. Сега по многу време имав сличен сон, иако ги заборавив деталите, кога ми текнува на претходниот сон, овој изгледа како некое продолжение. Во главни црти, тетка ми живее во стан од комплекс згради и кога бев мала постојано ја грешев зградата бидејќи сите беа исти и сите беа залепени една до друга. Сонот се состоеше во барање на вратата на тетка ми по сите згради, брзајќи, под сомнеж дека некои луѓе ме следат и сакаат да ми наштетат. Е сега, не знам дали ова е првиот или вториот сон, бидејќи се потполно ми се измеша, но и двата сонови беа премногу слични. Зошто сонувам нешто олку слично по толку многу поминато време? Сигурно поминаа повеќе од две години, или најмалку една од претходниот сон. Што би можело да биде ова?!
honorthyself, ништо чудно и мене ми се случува на 1 2 години нон стоп да сонувам еден ист сон....од кога знам за себе тоа ми се случува. Најчесто тие сонови немаат никакво значење. Го претставуваат заморот на организамот(барем така велат)
Па, има некоја смисла ова. Бев преморена кога легнав и претходниот ден имав спиено само неколку саати, но мора да има нешто што ја поттикнало потсвеста да ме потсети на ваков заборавен сон..
Сонував како сум била кај мама и од таму сумтребала да одам на работа, но некако сум изгубила осет за време па не сум знаела што да се облечам и веке сум каснела на работа пола саат.Ме фатило паника набрзинка сум се спремила и сум тргнала. И таман да стигнам на работа почнало страшно невреме да има торнада на сите страни. Едвај сме се скриле со една колешка и ептен сум била исплашена..
Утрово пак ме разбуди неубав сон , ајде Сноу ако можеш види шо значи. Било ноќе, јас сум идала од школо кун дома со мој другар(првата љубов од основно) и сме оделе еден до друг сме разговарале а надвор било многу ладно, било зима,јас со дебела јакна бев и ми студеше во рацете и ги потегнав ракавите од јакната преку дланките и тој ми рече абе фати ме подрака ако ти е ладно, и така јас го држев под рака и се пулев некој да не не види бидејќи двајцата сме во долги врски некој да не си помисли нешто ми беше страв,ама немаше никој се беше празно, ни луѓе ни коли. И по некое време тој ме фати за рака, и јас само го гледам и му викам а ако не види некој? Да не си играме, што ќе рече женскати, а тој правеше шмекерски фаци и ми рече не се замарај ти за неа, ме застана во одењето и се измувавме,и после продолживме кун дома пошто во иста населба живееме и бевме среќни двајцата, пред да се разделиме по улицата уште еднаш се измувавме,отидов дома си легнав,и утредента одам на школо,се е нормално никој не не дознал, и како што одев се среќавам со дечкото на мојата најдобра другарка, и зедовме да збориме и ме фати детево под рака и почна да ми се пика, сакаше да ме баци на вратот, а јас му реков шо ти е бе дете имаш ти женска, а зад нас идаше едно дете од мојата населба под рака со моја друга другарка. И застана детево за да ме мува а јас се тргнав му реков бегај нејќам да ја изгубам другарками и го турнав од мене. Нашкола изведувавме некој гимнастички вежби и другарками дојде до мене и ми рече шо се десило со дечкоми како можеше така, и јас неа и објаснав и таа ме свати дека го турнав и дека ништо не се деси меѓу нас, и знаев штом дознала таа ќе дознае и дечкоми.Тоа ме стави во мисла додека вежбав и паднав не успеав да ја направам вежбата во ред. Подоцна наеднаш др случка јас сум дома и ми звони телефонот и пишува „Зоки“ и презиме до него и јас не кренав затоа што знаев дека тоа е детето што одеше под рака со мојата друга другаркаа, и го игнорирав.(детево знам како се вика,а во сонов се викаше Зоки бе, која глупост) и после некое време кренав и му викам шо сакаш бе? и наеднаш слушам познат глас а тоа дечкоми да ми ти бил, и ми вика како можеше ти да се измуваш со тој(за вториов ми зборуваше) тој не само шо ми е другар и на другаркати ова и го напраи немаш страм вака така, и јас цело време му објаснувам и само шо ќе почнеше да верува дека стварно е така, тој Зоки почнуваше да му ја полни главата и го слушам до него како му вели, не ја верувај, и таа е курва како другарка и, ти велам јас се измуваја со свој очи видов... и јас му се дерев што вика тој таму бе, го слушам нека не ти ја полни главата, и тој пак ќе му привикаше, ти кажав јас другар каква е она, иста како другарка и-вчера за 5 мин ја смував и таа е таква. И на крај се разбудив, незнам дали го убедив или тој Зоки го убеди, битно станав изморена и уплашена пак, со истиот немир во градиве како вчера ... И пак сонов не ми мириса на арно?
Епа вака. Сонов малку ме исплаши, па се надевам дека Сноу-Квин ќе има време да ми го протолкува. Со баба ми се шетав некаде, знам дека беше во затворен простор. Имаше се и сешто, буквално од А до Ш. Ние се шетавме, еден човек не набљудуваше. Потоа ни се приближи и ја тргна баба ми на страна, и даде едно шишенце стаклето со жолтеникава течност. Потоа човекот замина, а баба ми ми се приближи. Ми рече : Ова ќе и го дадеш на твојата мачка да го испие, многу е здраво. А мачката со мене ја носев. И викам ај добро, ама што е тоа ?? Таа рече ништо страшно, само лековита течност. Јас го земав шишенцето во рака, и за среќа прочитав што пишуваше на него - пишуваше СМРТОНОСЕН ОТРОВ ! Кога почнав да паничам, рацете ми се тресеа, почнав да плачам... Се дерев по баба ми како можеше тоа да го направи.. И реков добро што прочитав да не видов мачката ќе ми ја отруеше... Потоа дознав дека мајка ми му го дала шишенцето на тој човекот, за да стигне до баба ми. Потоа излеговме од таму каде што се шетавме, и чекавме автобус на автобуска станица. Дојде еден автобус, со пластички столчиња, но целиот стаклен и беше празен тотално. Во истиот момент кога абтобусот дојде баба ми си отиде пешки, а мајка ми дојде. Двете се качивме во автобусот празен. Почнав да плачам пред мајка ми, и реков како можеше такво нешто да посакаш да ми ја отруеш мачката, па ти можеш еден ден и мене да ме отруеш.. не ти верувам веќе.. Мајка ми ми рече седни сега на столчето јас се ќе ти објаснам. Почна да се дере нешто, јас и реков мамо не се дери срамота е ќе не слушнат. Таа рече, епа еве види автобусот е празен нема кој да не слушне. Мајка ми почна да кажува- Како ќе ти биде тебе ако загледаш некоја убава девојка во автобус, и цело време се ѕвериш во неа,ја гледаш.. ја гледаш.. И она те погледне тебе ??? Во тој момент ми заѕвони телефонот - Јас се јавив. Татко ми беше. Ми рече - Сара, знам дека си со мајка ти, само пренеси и дека докторката ми даде едни апчиња да ги пијам затоа што нели мајка ти е трудна ! ( од каде ми текнало ова сега немам појма ) Со брат ми демек била трудна ~ Се почувствував некако како по втор пат да го живеам животот, како јас и мајка ми .. сето тоаа да ми е познато во сонот.. Потоа сватив дека стаклениот автобус е од иднината, а татко ми е останат во минатото. И затоа јас знам дека брат ми ќе се родел.. и бла бла блаа.. Ете толку беше мојов откачен сон !
....што значи на сон некоја твоја драга особа да има различни политички сфаќања од тебе.........не рзговараше со мене.... јас не ни бев во сонот.........туку онака инаетливо зборуаше некои работи шо биле сосема спротивни од моите..........а не дека во реалност имаме некои политички ставови и двајцата...................
Утрово се разбудив уплашена од сонот што го сонував. Сонував дека стоев пред мојата куќа и разговарав со една пријателка. Наеднаш забележавме змија која се движи на кај нас и се помрднавме за да не не забележи. Змијата се упати кон терасата а вратите од двете соби нас ни беа отворени. Јас наеднаш спискав зашто ја видов сестра ми како спие одма до вратата а змијата се повеќе се доближуваше до неа. Потоа пријателката се качи на терасата ја зема змијата и ја фрли на улицата. Но на змијата ништо не и беше и повторно се качи на терасата. Тогаш пријателката пак ја фрли на улицата е тогаш дури змијата не се помрдна пак. Потоа се разбудив преплашена и цел час неможев да заспијам нонстоп ми идеше сликата од змијата пред очи. Ти благодарам многу Snow-Queen!
Значи поглупав сон здравје ! Сонував дека сум збирала влакна од коса од тепих и од купчето влакна се створил пајак и исплетел голема пајажина. Која е логиката ?
Фала Секси Лејди. Инаку пак јас со сонот на мајка ми. Сонувала како требала да иде на школо ама во Куманово бидејќи таму и учела средно. Одела натака ама одела преку нашиот парк тука во СВН. Како што одела паднала со кал и целата била каллива, фармерки, маица. И сеа требало да се враќа тука во СВН да се пресоблече па да иде таму на школо, и го барала телефонот да се јави на школска (а таа школска била сеа колешка што и е) за да каже дека ќе закасне да не ја запишувале. Ама неможела да го најде. И размислила подобро и решила да не иде до СВН пошо да чека автобус треба а немала пари и многу време ќе биде, решила да иде кај сестра и (тетка моја што е мажена таму). Отишла во нивната куќа ама ништо не видела ниту сворот ниту врата само пералната за алишта, се соблекла и ги ставила алиштата да се перат и седела до пералната и чекала да се исперат па да иде на школо. Ај ако може некој да каже и ова што значи. Инау јас сонував како ми сечат од косата
Може ли некој да ми каже што значи сонов затоа што на соновникот неможам да најдам? значи баба ми сонувала како го бара гробот на дедо ми и неможела да го најде го барала го барала но никако не и текнувало.. што значи тоа?