delvi- гости Marbella- иако доаѓа убав период во твојот живот, едноставно некои проблеми не треба да ги занемариш. Sara123- во наредниот период колку и да правиш добро, нема многу со добро да ти се враќа,биди спремна на тоа.
sajonaramucaca- машка или женска личност? hehehe - со малку предпазливост, ќе успее во нештата Beauty161- ќе жалиш, што си испуштила некоја добра шанса pamelche- дали додека ги чекала алиштата се видела себеи гола?
Сонував сме се сретнале со едно момче од комшии на пола пат..и сме се узминале и така влизе тој мене ми се насмеал(со заби)а јас нему... ? ?
pamelche- непредвидливо задоволство,на кое не смее целосно да му се препушти...треба да биде претпазлива sajonaramucaca- биди поопрезна со парите, не ги троши залудно lovelife- некои работи ќе останат неостварени TeaB- здравје,...продолжен живот на тој што си го сонувала
Сонував како сум отворила бонбониера и кога сум ја отворила фалеле три бонбони. Па, во сонот со личноста со која сум била во моментот (не се сеќавам кој беше) дискутиравме како тоа може да фалат три бонбони, иако е бонбониерата нова. Па, не бевме сигурни дали веќе сме ја отвориле или некој веќе јадел. Како и да е, се сеќавам дека беше целосно завиткана во заштитно најлонче пред да ја отворам. Има ова некое значење?
Многу сонував, ама само овој момент го памтам.. изгледа многу сум плачела и како сум се гледала и очите ми биле крвави дури од плачење.
Нешто како многу врнело, а јас сум била со братучед ми во кола и на совозачкото седиште влезе девојка му мокра целата од дождот и нешто тие двајца се насмеале, а јас сум се налутила После нешто сонував како голем базен со чиста вода и некои се бањаа внатре (не можам да се сетам кои беа). Јас како да сум стоела од страна и сум ги брцкала само нозете во водата и сум прскала така. Кај што прскав базенот беше плиток и сум го допирала дното со нозете :geek:
Сонував како си ставам црвен кармин на усните, и тоа многу внимателно, потоа кога се видов во огледало, ми се допагаше како ми стои и тоа многу. Сонував ноџе на бебе, му течеше крв од големиот прст, и сите околу мене се испаничија кога го видоа тоа ама јас станав одма и со нешто бело го избришав. Го облеков и бело чорапче само незнам дали пред ова, или после ова не ми текнува. Сонував како разлистувам книга полна со слики.
martinuska- не се сомневај,имаш верност од таа личност -огромно задоволство во блиска иднина xxAngelxx- те лаже некој пријател/ка -мала среќа -ќе имаш корист од нешто
Во соба ни влегол пајак, па гуштер, па глушец, па црна мачка. (по големина) Не едни по други.. Туку таман ќе сме го избркале едното, ќе дојде другото. И влагале преку прозор. А после тоа, професорите. Незнам што е проблемот, ама секој ден, буквално секој ден.. Ги сонувам или професорите од средно, или наставниците од основно. Или директорите... Ама сè е турли тава.. Пример денес географија од средно, и историја од основно. Утре некои други.. Не е дека нешто ми фали школото. Ама секој ден ги сонувам.. Или како правиме тестови, или испрашувања..
Elennaa, кавга со пријател поради некои нагли промени.Сето тоа ќе ти донесе грижи. А ова за професориве да не ти е пиха околу уписиве?Незнам, или почеток н а школска година
Бев болна и тоа не обична настинка него леукемија мислам дека беше, тешка болест .Јас бев со моите како на некој натпревар беше и кога ме именуваа голем напор вложив за да станам, и потоа имаше некои пофалби, болна а успеала ... тоа беше сонот е сега девојки кажувајте што е .
.......сонував како сум била во црква со покојната баба........таа во сонот била жива и бевме заедно кај свеќите (големи свеќи имаше) или се молевме........така нешто......не се сеќавам убаво........знам само дека и во сонот после умре од некаков стрес....................на мајка ми требаше да и биде тешко ама дознавме дека е трудна..........јас си реков еј супер братче ..............па дома требаше да дојдат мн гости...........уште се чудам дали гостите доаѓаа за сочуство или за бременоста............па дома беше мн размрдано............како за прослава да се спремавме.......................јас знам дека прелистував учебник од средно по физика и од таму читав биографии за физичарите..............а во гости требаше да ни дојдат и ајнштајн и алесандро волта ..........па мислам и некои други луѓе од кремот.................. едни роднини веќе дојдоа............ама дури очекувавме незнам........татко ми се двоумеше дали да ги прими другите ради баба ми...........мислам ајнштајн или некој друг физичар веќе беше во дворот.....па се се шетаа горе долу моите..........некоја соседка на мајка ми долу и подарила ланче знам...........таа ми велеше да го земам али јас како да нејќев ни да го допрам..........али после го потфатив ..............па сонував како типов со кој треба нешто да биде беше на лекар со другар му и ги откриваа стомаците како за преглед и и двајцата на стомакот имаа мн влакна............јас си реков па ако и вака е секси............и после тој како да стана келав..........на глевата немаше ниту едно влакно и како да не беше воопшто тој............... после бев во школо......се вратив во средно.......правевме писмена по литература........ темата беше некаков расказ од учебник па ние требаше да го продолжиме...............пишувавме со молив и затоа ми одеше уште побавно.........па де пишував де бришев со гума................не бев воопшто сконцентрирана.............ракописот ми беше малку лош..............па бришев и го преправав да биде убав.............професорката цело време збореше и опоменуваше и уште толку сметаше.....децава стануваа коа ќе им текнеше.........таа нешто мене ме опомена јас два пати и вратив...........третиот пат и премолчев па и таа заќуте.....па дојде вест дека ми се родило братчето....и заврши часот а јас и само уште неколку уште пишувавме...........многу брзав да напишам......... и уште ова...........во првиот дел на сонот сонував и еден човек во барокна облека само периката место бела му беше во џиш темно розева боја исто и сакото и панталоните...........значи незнам ни дали му беше перика........личеше на вампирот лестат само во розово...........еве ваква му беше бојата на коса........ ....едвај прикачив слика........знам дека е долго не морате....ако сака занимација сноу или некој друг нека го толкува......ако не не се лутам зошто и онака постар е од пред неколку дена..........
Сонував дека го зедов стариот телеФон без знаење на вујко ми и ме фатил ии ми викал и сум пла4ела и ме казнил мислам