Сонував како ме боли устата како да ќе ми излага херпес, а кога станав гледам сум спиела цела ноќ со гризната уста? Што знач па ова сега?
Сонував како ми ги гразам усните на едно момче и се фативме за рака и се гледавме во очи многу време,без збор. Што значи пак ова!?
Денес сонував уплатници. И ги давав на комшиката уплатниците мои, и ја прашував дали ги добила. Мајка ми рече дека таа веќе одамна и ги дала. Завршена работа. Ме замисли сонов.
Што значи да сонуваш бебе? сонував како сум земала некое бебе од кај некоја комшика и сум му купила огромен сладолед си го донесов дома и си го чував ха будала Моите колку ме караа
Леллел сонов ме извади од памет.Поточно кошмар.Во кажување не е страшен,ама... Сонував како сум одела накај продавница,ама не во продавницата кај мене во маало,туку кај баба ми и јас така си одам и наеднаш ми ѕвони другарка која не сме се слушнале од јуни,ме заборави и ми вика дека Стефи (така се вика една др другарка) сакала да збори со мене и ми ја даде на тел,зборевме,ама не се секавам што сме збореле,а оваа другарка не сум ја видела од декенври.И добро на крај нешто сум им викала на тел,сум исклучила и после сум отишла во продавницата и пред продавницата сум јадела јуфки со некој што не го знам,и сме збореле.Кога се најадовме влегов во продавницата,а на каса работеше Катерина Шишмановиќ и јас сум имала најмногу 50 ден и сум сакала чоколадо да купам.Ама не сум купила едно чоколадо,туку сум скршила по еден ред од неколку чоколади.И платив на Кате и си излегов.После кога сум се враќала се најдов во некоја шума,планина.И таму сум ја сретнала пак Катерина,брат ми и сестра ми (кои ги немам) и викале дека мора да одиме нагоре,дека некој не следел или незнам што и сме тргнале нагоре,а Кате ставала боцки,или растенија со боцки на камењата покрај патот за заштита и таму ке се скриела и одеднаш се разбудив......... Сноу??
Mалце страсен сон сонувавалце и измешан е ама кесе потрѕдам колку што се секавам.Tука бил сопругот и како да одел некаде а јас сакав да се спремам и ми се појавила богородица и ме прасала дали сакам да ме научи да си ја сплетам косата во плетенка или несто друго а јас и реков плетенка потоа ми покажа како и јас се научив.Dали некој знае што значи сонот малце ме загрижува?
Сонував како играм со јаболко. Играв со некое џуџе од некоја шума.. не ми текнува името на шумата.. а ни неговото.. Тоа чудното `суштество` беше облечено во зелено и розево. Застанавме на улица, и игравме со јаболкото како со топка. Улицата беше темно сива, мазна без дупки, голема беше. Немаше никој освен нас и една зелена или жолта мала кола на тротоарот.
Сме се искарале сите дома..посебно тато и баба..Јас сум покушувала да ја заќутам али таа не прекинувала..Незнам како ама одеднаш се најдовме во еден голем автобус, и тато ми кажал дека си одиме.. јас сватив дека сака да одиме во друга држава..и почнав да плачам и викам за да ги известат моите дома да не се грижат за нас.. цело време плачев и викав исто така и за да си се вратиме ама никој не ме слушна..а тато ми викаше да н еплачам дека таму ке седиме некое време и ке ни биде поубаво. Одијки попат со автобусот сме сретнале некој мнг голем коњ.(во животов толку голем коњ неам видено) И потоа сме излегле од автобус и сме пошле на некое езеро..мн било убаво и водата бистра..таму сум сретнала некое девојче и сум ја прашала каде сме.. таа ми рекла дека и таа незнае .. ама излеат ми рече во некое село (а селото било мн убаво..имало продавници,бутици,седвичари,езера.. свве..) И после се разбудив... 2 сон. сме биле со една другарка низ нашава населба и од кај комшиите ни излегла змија.. ПЛс протолкувајмиги Сноу..
Сонував како сама си ја шишам косата... и ми испадна многу лошо па сум се нервирала... а иначе иам долга коса и многу си ја сакам ваква. Некој знае што значи ова?
Ехх,сонов ме врати на училиште и тоа во 6то одделение. На почетокот било првата недела откако сме почнале да учиме...било на час по историја,аме имале нова наставничка...веданаш после 1час што наставничкава ни ја предала првата лекција,наредниот час по историја сне правеле контролна или тест за оцена..Јас не сум знаела ништо,и не сум напишала ништо на тестот само некое прашајне сум пишала од општа култура за османлиите било ахахаха,ај Господе, кога дошла наставничката до мене го зела тестот и кога видела дека немам ништо напишано,јас сум се исплашила зошто била многу лоша и сум почнала да плачам а наставничката ми викала зошто не сум ја научила лекцијата.Сум и објаснила и сум се извинила сум и рекал дека учев ама незнам ете сега не знаев на час,ми рече дека ми е 1,а јас сум и рекла дека ми значи оцената зошто бев одлична минатата година(и сум навистина и навистина ми значи оцената),и го отворив учебникот и видов две имијна кои требапе да ги запомнам онака скришно(а учебникот бил на клупа до мене,а до мене другарка ми што седеше имаше напишано се),за да и кажам нешто на наставничката ако ме праша...Сум плачела и сум мислела како ќе поправам накрај ми текнало ако ги направам сите тестови 5ки може ќе ми пише 4ка,ахахаха... Инаку овој што ни предаваше по историја беше машко,и навистина многу личи на еден мој сегашен пријател,ме потсетува на наставникот по историја..
Сноу те молам ова објасни ми го. Сонував како сум нашла слика од мојот покоен дедо, но бил ангел т.е имал крилја како на ангел.
Многу лошо сонував сонував како симпатијата се вселил со девојка му во куќата на моите први соседи под кирија на некое време и јас само ги гледав низ прозорец тие не ни знаеја дека сум тука
Сум сонувала како сум го шетала моето куче и одеднаш сум почнала да следам некој непознат човек. На крај сме завршиле на некои гробишта... Многу измешан сон, не знам ни за што да барам значење. Ама језиво беше...