сонови од 25 Авг 2012 kikkki- дали знаеш каква била водата бистра/матна топла/ладна. и дали само како поим се соблекувала, или си го видела телото. TheCandy880- внимавај на некој близок пријател/ка не ти мисли добро martinuska-убав љубовен период -а тоа црквата и гробиштата еден сон ти се?
Sara123-1 сон-ќе бидеш озборувана 2 сон- добра работа ќе завршиш 3 сон -внимавај да не се заплеткаш со лоши луѓе hrcace-неможеш да се решиш да се оселиш да ги превземеш одредени работи во свои раце, како да немаш сила да го направиш првиот чекор Adi888-заеднички успех
сега малку глупо и грозно ама тоа сонував,што значи да се покакаш во гаќи ,и да те разбудат и да ти дадат како бонбони да одиш во тоалет ке ти речат со овие нема да имаш проблем по голема нужда.и уште еден сон ти даси како барбика и да збориш да се движиш све како реално да биде. И да одиш на сред море да пливаш од еден сплав да се фрлиш за да не потонеш . Чудни сонови
sajonaramucaca- Spoiler прво би те замилила, кога пишуваш да не ставаш ...................... толку точки,очи болат жими се. непријатно е те очкуваат многу сплетки и караници blueeparadise- промени на љубовен план -не е страшно,тоа значи продолжување наживотот maryJ- ќе се трудиш да олесниш некому нешто evelyn993-тегоби во некоја обврска, во која тешко дека ќе успееш
Водата топла била,а само се соблекувала,некако тешко можела да го извади фустанчето што го носела,мислам не можела да го соблече,претесно било..
Сонував како стојам на едно место или не стојам на местото туку човек непознат ме гледа на слика(не сум сигурна дали беше слика или јас бев до човекот) и ми вика нешто во овој стил: Имаш тело како да си вајана. А претходниот сон ги облекував омилените црвени фармерки кои не ми чинат, ги пробубав и ми чинеа на сон и бев многу среќна што влегов во нив. Што би требале да значат?
Сонов ми е малку глупав и смешен Сум била во дворот на факултет а таму имало нешто како мал водопад но водата многу матна и одозгора по водопадот скокале школски од средно. Јас само сум ги гледала и сум се чудела од каде тие таму. Сум забележала еден другар со сменета фризура како се обидува да скине праска од едно дрво но никако не успеваше да досигне. Потоа јас, тој и уште една другарка сме истрчале по скалите, сме влегле внатре но трчајки во ходникот сум се судрила во еден човек кој го знам и кој ми е многу одбивен но не ми рекол ништо. На крај сме застанале и сум го праќала овој другаров да земе нешто од некоја фиока (не памтам што)... Некое значење?
И мојов сон е троа глупав ама ај Сонував, сме биле неколку другарки во град и не киднапирал некој човек и сакал сите да не убие (да не запали живи ). И ајде сите по ред и кога дојдов јас на ред сум почнала да трчам, да бегам накај дома, а тој трчал по мене. И за чудо, сум стигнала за 5 минути, а инаку ако одам така пешки би требало за 1 саат од прилика, ако не и повеќе, да стигнам до дома. И кога сум отишла дома ништо не сум им рекла на моите
Сонував како во некој двор на улицата на баба ми, имало тезги и се продавале фустани и јас со мајка ми сум одбирала за да си купам
Сонував дека сум била во друга држава со деца од школо..И сме престојувале во некоа голема зграда со мн спратови..ние на најгорниот спрат сме биле..и таа мн се нишала. После сме шетале.. и јас сум го загубила тел. Звонев но беше исклу4ен не можевме да го најме.. Потоа појдовме да го побараме на местата кај што сме шетале и сме влегле во една просторија каде што имало шалтери..И покрај шалтерите ме стоел телефонот расклопен со батеријата извадена.. сум го зела (со мене идела и некоа проф. за да го бараме тел.) и заедно сме се вратиле..после коа сум дошла мкд сум им раскажувала на другаркие како сум поминала Снооу ?
И да заборавив бистра била од тушот што течела во кадата чекала да се полни кадата па да влезе,во меѓувреме се обидувала да се соблече..
Што значи да сонуваш куче ?? Не помнам што точно се случуваше во сонот, но 500 % сум сигрна дека сонував куче/лаење.
Сонував дека починал мој добар другар што се знаеме цел живот. значи ли тоа дека може да се случи нешто лошо?
Јас ги сонував Викториа Лоба, Слаткар и Тони Зен Викториа Лоба лично ја запознав ама таа не беше пеачка и нешто беше исплашена. И после вечеравме со братучетка ми и една моја другарка и ја слушавме музиката. На крај сонував дека купувам и избирам тетратки. Со татко ми зборувавме за некои луѓе што сме ги познавале дека состојбата им била мн лоша и дека биле за во лудница Мене многу ми беше мачно тоа кога го слушав
kikkki- сонов баш нема добро значење, дали некоја лоша вест, дали несреќен случај.... CIA- лаги Rocker- ако сонуваш и трет пат ќе се тепате навистина, инаку вака би имало значење победа над непријателот mimitka- париии
Еве интерпретација на повеќе „озогласени„ симболи (барем во нашата култура) за кои најчесто се плашиме во соништата. Мене лично доста логично ми е ова толкување. http://www.fakulteti.mk/news/12-08-28/sonovi_koi_otkrivaat_deka_ste_pod_stres.aspx
Ноќеска сонував како сум била невеста,ама не сум се мажела,туку мој чичко се женел,па јас како замена за невестава сум била,бидејќи она не можела,или незнам како и баш пред да отидам на свадбата сум им викала дома леле ич не ми се оди,не сакам да бидам невеста,не знам што треба да правам.... п.с:и бев облечена во венчаница,имав и вел на главата,ама у сонов не стасавме до тој дел у црква,само на некаква си забава во природа сум ја изгравала невестава,а она седела од страна и ми се смешкала (жената што требало да биде невеста,т.е јас што сум ја заменувала бидејќи она не можела) незнам Сноу колку разбра,се обидов колку што можам да појаснам...
Женски а што значи ова? Сонував две огромни змии, едната жолта, другата некоја си темна кафеава боја. Сум била заедно со мајка ми (мислам) во некој си објект, фабрика или нешто слично, и змиите прво биле мирни, а потоа почнале да напаѓаат, па сме се криеле со мајка ми, а имало и други луѓе со нас. Потоа се вклучил некаков апарат за следење на змиите, кај се наоѓаат, и покажувал линии каде што се движеле моментално. Некое толкување?
Значи многу безвезе сонувам деновиве Сум била на одмор со дечкоми и сме правеле што сме правеле и он му свршил во мене и ми кажа дека сакал да останам бремена.... и ај све океј и утредента ја почнав да плачам несакав да имам дете, рано ми било, и дечкоми отишол во аптека ми купил апче и ми се налути зошто он сакал да сме имале детенце ... оф лелеееееее чудно нели ?