Сонував како сум била на одмор со моите и наеднаш се појави татко ми и во рацете носеше машко плаво бебенце на кое премногу му беа истакнати плавите очи. Ни кажа дека ни е брат ми го даде на мене и јас постојано го носев во раце.
Сонов е блјааак.Сонував како една змија ,мала многу мала,розовкаста била ја Господе сега (розова змија???) ни влегла дома в ходник,и јас за малку ќе ја допрев но сум ја видела и воопшто не сум се исплашила,потоа сум ја викнала баба ми за да ја изнесе надвор,а таа кога ја видела многу се исплашила ама не сакала тоа да го покаже пред мене,ја згазила и ја извадила главата и потоа ја фрлила надвор .. А на ѕидот да речам каде што поминала имало како мали змиулчиња,како отпечатоци непто така розовкасти како испакнати нанадвор на ѕидот..Сноу?
сонував како сопругот влегува во соба а јас како во тој момент се будам и го гледам во рацете држи 2 полни големи пластични ќеси со стари бебешки алишта и му велам душо што ќе ти се тие стари алишта ? -па за бебчето ми вика инаку во реалност навистина сум бремена. какво значење има сонов..? ве молам за мислење
Денес сонував како седам на клупа, со мајка ми и со уште некои роднини. Потоа дојде еден човек, мислам дека избегал од затвор. Седна до мене (до нас) и кажа дека ги познава моите роднини. Јас се свртев, демек да не го гледам. Што би значело.. !?
buba4e89-период на неуспех esperansa777-ќе претрпиш загуба bittersweet- ништо не е лошо, но во прва прилика кога ќе можеш само отиди до црква и запали свеќи за здравје vitomir-ново познанство bonbona92-некој новитет ќе се случи,но некако ти сето тоа ќе го прифатиш со недоверба
јас сонував како братучед ми се жени и неговата девојка( во сонот идна жена ) носи црн фустан.. што би можело да значи тоа?!?!
1 сон - Сонував како мојата мачка умрела. Плачев многу.. кога се разбудив цела бев во солзи.. 2 сон - Си ја сонував устата, ми беше многу мала, многу помала од што навистина ми е. Потоа со мајка ми отидовме кај една пријателка се да и признаеме. Мислам.. се што ни се случува да и кажеме.. да не разбере. 3 сон - Како и секој ден, и денес ја сонував братучедка ми. Ми рече дека после се тоа што се случило уште повеќе ме сака. Сноу ??
Сонував дека една девојка која ја немам видено повеќе од 5 години завршила психологија и станала психолог и ненадејно ми се јавила, дури сме зборувале долго и дошла кај мене. Исто ми се смеша после некој друг сон па отидовме таму кај што живее таа и имаше некакви тезги со маички од музички групи и слични работи, ама никој не продавал и сите си поткрадувале. Јас гледав ама не сакав да земам ништо и наеднаш дојдоа луѓето што продаваа и сите се разбегаа. Девојкава замина накај неа, а јас со една друга другарка се упатив во зградата кај што живеев порано, мислејќи дека се уште живеам таму. Иако не украдов ништо во рацете ми се најде едно мече, се појави од никаде и трчав заедно со него. Понатаму не памтам.
Сонував, имало некоја војна. И дошле тие непријателите дома и демек ќе не убиеле. Татко ми, мајка ми и другите излегле надвор и се скриле позади куќата, а јас и сестра ми сме останале внатре. И јас и викам на сестра ми ај да излезиме и ние надвор зошто овие сега ќе дојдат и ќе не убијат. Ама таа само си лежела на креветот и викала неможам сега, ми е мака бла бла. И на крај некако сум ја убедила да стане ама не сме можеле да излезиме низ врата бидејки пред куќата биле тие непријателите и ако не виделе ќе не фателе. Па затоа сме морале да скокнеме од терасата што се наоѓа назад на куќата. И јас и сестра ми излеговме на тераса и мајка ми и татко ми биле долу. Кога ме видела мајка ми ми рекла „ајде скокај јас ќе те фатам“. Сум се плашела да скокнам бидејки било многу високо, а јас се плашам од височина. И така се разбудив. Сноу?
kikkki-со мала внимателност, ќе имаш победа над непријателите nadege- уживај сонот нема лошо значење. а и знаеш како велат, трудниците не треба да им даваат значење на соновите кои имаат поврзаност со бременоста/бебето Sara123- не ја забележуваш среќата што ти се нуди
Аууу колку само сонови сум сонувала.Ќе ги напишам тие на кои се сеќавам поубаво. 1-Сум се смувала со еден што го свиѓам.Сум одела накај другарка ми и он тука бил,една до друга биле куќите,и како што сме зборувале јас сум паднала и сум викала дека ме боли ногата (не ме болеше многу,малце глума де )...и он седнал до мене и ме прашал:а јас сум направил ли нешто досега со тебе (дали сме се мувале) и јас сум му рекла не.И тогаш ме бакнал и толку беше,после го снема наеднаш и не ми се јавил ни следниот ден. Да напоменам во врска со сонов,дека јас многу сум залетана по него,и 3 месеци се влечкавме ама ништо не направивме,и пред некој ден јас му пишав порака и не ми врати... 2-Сум била во село со другари и другарки и другриве нешто кај требата стоеле се зафкавале кога наеднаш се појави огроооомна змија,се дигна високо колку нив и јас и другарка ми сме почнале да трчаме покрај една река...другариве дури се зафркавале со змијава и на крај незнам дали ја убија,ама ми текнува дека ја фрлија накај дрвата покрај рекава каде што сме биле јас и другарка ми и ние сме избегале. 3-Исто во селово,имало хотел со базент и сме отишле таму да се бањаме ама местото беше многу убаво,имаше прекрасен поглед и јас сум почнала да сликам со телефонот,се сеќавам од едната страна заоѓало сонцето а од другата страна месечината ја имало....небото како на пола да било поделено,од едната страна така зајдисонце,а од другата веќе стемнето било...и сум ја сликала месечината,огромна беше,и многу светеше... 4-Сум си минела кај мене кај продавницата и тука бил еден симпатија и сум му рекла ај сега да ти се качам на раменици и он се наведнал и сум се качила јас,ама како се дигал нагоре,друг дечко стана (еден друг симпатија) и многу убаво сум се чувствувала во негово друштво,некако ептен убаво ми беше во сонов...отепав со симпатииве знам 5-Сум се бањала во река (Вардар, ама чист беше). Сноу знам дека сум претеризам со соновиве,ама барем првите 2,многу ме интересира што значат,а другиве коа ќе имаш време...
Крв Конечно ќе дознаете некаква вистина која долго време била криена од вас. Ако ја видите сопствената крв Исполнување на ваша одамнешна желба.
Ме мачи еден сон, што го сонував пред 2 дена. Сонував како сме биле во некоја голема кука, малку била така разрушена, се секавам дека сум била јас со моето семејство и други луге што не ги познавам. И одеднаш дошле во куката други луге кои сакале да ги земат децата. А јас сум барала некое дете што не го познавам, и го сретнувам брат ми и тој ми кажа дка детето што го барам е сигурно со некоја жена бил, одам и таа сакала да го киднапира но сум го спасила на време и се разбудив. Имам слушнато дека дете е гавол на сон, па ако може некој да ми го протолкува сонот, би била благодарна