1 сон- Братучедка ми имала некоја купија полна со пари. Но, требало да каже некој пин(број) за да може кутијата да се отклучи... Ми го кажала бројот.. нешто 24... бешее.. Јас се јавив на телефон со цел да се преправам дека сум братучедка ми. Се јави една жена и ми побара лични податоци - И јас кажав се како што треба.. се преправав дека братучедка ми зборува на телефонот. Затоа што така беше договорот. Потоа и кажав на братучедка ми дека сум успеала и кутијата е отворена. А парите.. во секој момент ќе стигнат. 2 сон- Ја сонував исто така братучедка ми, пак Седевме надвор на тераса. Ми рече - Јас не сум многу богата, но имам една кутија полна со злато. И ми даде една кутија. Јас ја отворив и внатре имаше многу златни прстени, едно златно лачне и една алка.
Sara123-моментот е во бројот,пробај точно да се сетиш,ако можеш - ќе бидеш посрамотена Angel.Heart- ќе се среди моменталната ситуација
Сонував дека штиклата на чевлите од матура ми е скршена, не додека сум ги носела, туку кога сакав да ги облечам гледам штиклата скршена, падната. Што значи тоа ?
Веќе 2 пати ми се случува да сонувам нешто со крв. Во првиот сон видов крв, а во вториот мртва мачка цела сплескана исто со крв на нејзе, многу.
....и уште ова би прашала..........вечер беше јас излегов на терасата и видов како комшиите гледаат со телескоп као во ѕвездите а они уствари ги шпионирале соседите..........јас мислев дека и мене ме шпионираат, отидов таму кај нив и видов преку телескопот со помош на компјутерот гледаа светски мисици во долен веш .......
Sara123- најчесто се верува дека токму сега треба да играш некоја игра на среќа. или пак лото и да ги искористиш овие броеви sajonaramucaca- пред да превземеш било каков чекор,на било кој план. Направи си една добра анализа
Сме си седеле сите дома и одеднаж некој рекол еј има автобус сега. Јас сум прашала за каде? А тој рекол па нели ќе одевте кај тетка ви ? Јас кимнав со главата и ја викнав сестра ми и и реков ајде одиме кај тетка ни. Мајка ни ни одобрила, сме ги подготвиле торбицита и трк на автобуска. Се качивме во автобусот и таму ја видовме братучетка ни. Таа била изненадена и незнаела дека доаѓаме накај неа. После 1 час патување стигнвме а, јас панично почнав да ја тражам торбицата. Некој ми рече еве повели тука е. Луѓето меѓу себе си велеле , леле колку се мили девојчињава. Тетка ни била многу нервозна бидејќи сме отишле кај неа. Ни рекла, сега треба јас со вас да го делам креветот да ви и готвам по желби? Јас се гледав во огледалото а таа ми рече: Од твоето гледање ми се скрши огледалото. Не заклучила во спалната соба и ни рекла целата да ја суредиме. Во тој момент мајка ми се јави и ме праша дали се е во ред? а јас исплашено и одговорив не. Ми рече дека не ми е добар гласот. Многу се исплашив од сонов.
јас сонував како мачето мое изело гуштер а под столот имало мали кобрички како големина на црв ама зелени и со исползени јазици па така мачето 2 смачкало а 3 останале а во јаве обично јас му го наоѓам пленот дали гуштер или глушец а тоа ги фаќа партнери е сеа каква врска има сонов?
феминки...мајка ми го сонувала мојот дечко...во сонот бил насмеан и среќен...ама мноооогу среќен...ништо друго немало во сонот...само се смеел и бил среќен...може ли да ми кажете што значи тоа ?
Lady17-Не дозволувај одредени работи да те преокупираат,како и да им даваш значење на небитни оговарања за тебе.Бидејќи сплетките се неизбежни. Исто така ти претстои и опасна авантура.Но и доаѓаат подобри моменти. Princess.Of.Weed-трудот на мајка ти ќе биде награден
Snow Сакам да прашам што значи што во секој мој сон го има дечко ми, и тоа претежно со нувам дека не ми се јавува или дека хмм па знаеш веќе што дека го правиме онаа работа...значи секоја вечер тој е присутен во секој мој сон
^вака џабе ќе ти пишувам, тоа треба конкретно да ми го пишеш сонот. а можеби ти е таков периодот, да не сте на далечина? зошто еве на пример јас од кога е заминат дечко ми во странство секоја ноќ го сонувам, ама знам дека е психа и не им придавам значење на соновите.