Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    Врска на стар човек со млада жена значи младешка перспектива врз себе.Треба да ја фрлиш сериозноста и да бидиш повеќе игрива и забавна.
    Воопшто да ги видиш баба ти и дедо ти на сон претставува љубов,протекција и мудрост.

    Високи потпетици претставуваат женственост и гламур.Се чувствуваш сигурна и самоуверена.Алтернативно, високи потпетици укажуваат на тоа дека не се чувствуваш ограничена во твојата улога како женско.
    За да ја видите или носиш панталони во твојот сон, укажува на тоа дека ќе се прашуваш твојата улога во некои ситуација.

    Дождот симболизира прошка и милост.Исто така означува солзи,плач и тага. Алтернативно, дождот ја симболизира плодноста и обновувањето.
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Леле Багуфче помагај :worried: Сега само што се разбудив целата испаничена...
    Сонував како сум била на некоја забава поканета, ама не со мојот дечко туку со еден што ми се допаѓа многу одамна а никогаш не сум имала никаква можност со него. На забавава јас сум со тој што ми се допаѓа, значи дечко ми не ни постои во сонот. Овој цело време ме држел во раце, не ме испуштал и сме се гушкале така цело време додека сум во раце. Еве ако е важно се сеќавам и како бев облечена. Носев сива бунда кратка, големи алки обетки и штикли-патики многу чудни и високи.
    Сега од сонов наеднаш го снемува него, и се наоѓам во ист огромен салон со една бивша другарка што повеќе не сакаме да се видиме. И сега во салонот јас сум се спремала да си идам дома а оваа бившата другарка рекла пред сите дека повторно сака да дружи со мене, сме се гушнале и сме почнале да плачеме и се разбудив.
    Кажувај, помагај оти забегав со сонот :x
     
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Денес и јас ќе се жалам за сон. Сонував дека сум се видела себеси како бебе, го зедов бебето и го држев в рака всушност се држев самата себе. Морничаво ми е, багуфче ако знаеш што значи кажи ми :worried:
     
  4. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски

    Ќе почнам со сонов од почеток...
    Да си на забава сугерира дека треба повеќе да уживаш во себе.Штом си се гушкала со овој значи си имала некоја си љубовна врска со него,а ова ќе го преведам како љубовна врска со некој странец со кој досега никогаш не си била.Сево ова значи различни страни на твојата личност и карактер.Можеби се обидуваш да ги споиш некои работи што не ти се јасни со потсвеста.
    Бунда означува просперитет и луксуз.Таа, исто така укажува на твојата потреба за внимание и твојата потреба да ти се восхитуваат.
    Обетки значат дека треба да се слуша повеќе внимателно и се обрне внимание на комуникацијата што другите луѓе ја имаат со тебе,т.е да слушаш повнимателно.
    Чудни штикли е чуден феминизам т.е имаш чудна но оригинална женственост.
    Да се смириш со некого значи дека е време да заборавиш на некои работи од типот на злоба,вина или незадоволност од минатото.Ваков сон обично означува дека не треба да се биде злопамтило.


    Да се сонуваш себеси како бебе е всушност твојата потреба да бидиш повторно безгрижна,да уживаш во детски работи,да поминуваш време играјќи на улица и слични работи...Копнееш по детсвото и понекогаш поради проблемите сакаш да се вратиш на тие години.Немај гајле сонот воопшто не е лош :*
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  5. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    8.451
    Што значи да сонуваш дека врне мн снег?
    И друг сон сум била покрај некое езеро со бистра и чиста вода, не сум се бањала само сум го гледала, мн беше убаво, како блескаше водата како кристали да има. Времето убаво сончево без ниту едно облаче
     
  6. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сонував како татко ми ми дал куче мало срцко беше. Го гушкав цело време. Многу ми беше убаво на сонот? Што значи?
    И ме интересира викаат значењето на соновите се остварувало кога се кажуваат. Има ли нешто вистина во ова :^) . :*
     
  7. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    Снег на сон означува неизразени емоции и чувства на фригидност.Мораш да ги ослободиш овие чувства.
    Езеро на сон ја означува твојата емоционална состојба на умот.Се чувствуваш ограничена и не можиш да ги изразиш твоите чувства слободно.Езерото може да означува утеха,безбедност и мир на умот.Јасно и смирено езеро симболизира внатрешен мир.

    Кучето на сон во симболизира интуиција,лојалност,великодушност,заштита и верност.Сонот укажува на тоа дека твоите силни вредности и добри намери ќе ви овозможат да одиш напред во светот и ќе ти овозможат успех.
     
  8. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Сонив како сум отишла на плажа и кога сум излегла од водата ми го немало ранецот во кој сум ги понела работите за на плажа, ми го украл некој. :^) А внатре ми било се и лична карта, и некои документи и мобилен ...и цела вечер во сонот сум била тажна и сум плачела поради тоа... Што би значело ова?
     
  9. BlackXSs

    BlackXSs Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    20
    Сонував како дошол мојот бивши и ми ги донел моите очила,скршени,и ми ги дал во три дела.Очите му беа полни со солзи и ме праша зошто сум го направила тоа.Јас бев многу изненадена,почнав да плачам и го прашав за што всушност ми зборува.Во тој момент наиде мајка ми и таа беше расплакана и ми даде до знаење дека таа го направила тоа(наводно таа ги скршила очилата).Но што бараат моите очила кај него и зошто тој се лути за тоа?На крај почнав да и викам дека тоа ми била пследната шанса за да бидам со него,а таа ја уништила,и двете останавме да плачеме.
    Потоа сонував како во мојата соба ми влегло сиво глувче,сум го фатила,но тоа ми скокнало два пати на врат и ми избега.
    Што би можело да биде? :worried:
     
  10. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    не знам ни јас што сонував :D ама нешто вака беше, со дечко ми одиме по еден рид. како се движиме нагоре на земјата си наоѓаме на секои 5 метри сладолед со играчка :^) си го земаме , го отвараме и го јадиме... најдовме едно 5 такви сладоледи и цело време иста играчка ни се паѓаше.
    стигнавме до местото за каде бевме тргнати, како препрека да имаше пред нас, треба=ше да ја поминеме а не знаевме што е, а од другата страна не чека превозот.
    забележав дека е пајажина, огромна и свилена. само најдоле имаше мааал отвор за да поминеш едвај лежечки. со дечко ми и двајцата одеднаш тргнавме да ја поминиме, тој се извлечи ама не и јас, наеднаш се сплети до доле пајажината. тој се врати по мене, и по неколку обиди заедно ја поминавме и двајцата. превозот веќе беше тргнат, сите викаа по нас а ние трчевме. и јас почнав да скокам во место и како да полетав и го фатив него за рака и заедно стигнавме и се качивме.
    и? :?: :?:
     
  11. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    Плажа означува две различни мислења околу една иста работа.Крадењето означува неостварени и неисполнети цели.Можеби имаш превисоки цели кои не можат да се исполнат.
    Плачење означува ослободување на негативните емоции што поверојатно се предизвикани од некоја ситуација од будниот живот отколку од ситуацијата на сонот.

    Да го видиш бившиот дечко на сон значи дека ти недостига возбуда,слобода,не сакаш повеќе ограничувања...
    Скршени очила покажува дека твојата визија и перцепција е оштетена.Не ги гледаш фактите правилно.
    Глушецот укажува на страв,кроткост,безначајност и недостаток на самодоверба.Соноти исто кажува дека трошиш премногу време живеејќи во сенка на некој друг.

    Гледање или јадење на сладоледи во сон означува успех и среќа во љубовта.Вкусот на животот во моментот ти е преубав.
    Пајажина на сон означува дека имаш таленти и потенцијал кој сеуште не си го искористила.
    Блокиран пат означува дека сериозно треба да размислиш за правецот кој си го дала за твојот персонален/љубовен/бизнис живот.
     
  12. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Баге јас сонував како сум престојувала кај другарка ми и таму се сличило грабеж...Подоцна една женска сакаше да ме убие....Ама се разбудудив...Каков кошмар :sweat:
    Што значи :wasntme:
     
  13. anu666ka

    anu666ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    Ке можи некој ако знае да ми кажи што значи да сонуваш дека и даваш ЗЛАТО на комшивката? однапред благодарам
     
  14. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    648
    Благе јас сонував како сум се премсетила од фак во прилеп во штип...и атму сум била сосема сама како изгубена не сум знаела каде одам што правам......сум одела по таксиња и автобуски за да си одам накај дома...и цело време во сонот во левата рака сум држела пари....и сум се отепала од плачење :worried:
    значење??????????? :?:
     
  15. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Овој сон многу пати сум го сонувала....како да одам по скала и да паднам и страшно се уплашувам станам и пак заспам....дали знаете што би можело тоа да значи? :worried:
     
  16. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.692
    Допаѓања:
    8.751
    Пол:
    Женски
    Грабеж на сон означува една криза на идентитетот или болка од некаква загуба во твојот живот.Сонот исто така значи дека некој го има украдено твојот успех.Можеби мислиш дека си третирана неправедно.
    Убиец на сон сугерира кон загуба на твојот идентитет и твојата индивидуалност.

    Злато на сон одразува духовна награда,богатството,префинетост...Исто така ја означува твојата решеност и непокорен карактер.

    Да сониш како си изгубена во некое место означува дека си го изгубила правецот на живот,се чувствуваш несигурна за нешто што си избрала да го живееш.
    Пари на сон покажуваат дека успехот и просперитетот ти е на дофат.

    Сон во кој паѓаш од скали и си уплашена покажува недостаток на контрола,несигурности и недостаток на поддршка на твојот буден живот.Можеби имаш некои големи проблеми.
     
  17. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Јас сонував дека од балконот гледам огромни риби како пливаат во вирчиња пред зграда. Некои пливале а некои биле излезени надвор и јас онака цела возбудена сум сакала да слезам за да уловам некоја :^) ама до мене беше некој и ме спречи.
     
  18. Lisaa

    Lisaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    11
    Риба да сонуваш е некоја брига, така мислам...

    А јас пак сонував како се мажам, ама не бев во невестински фустан(не се сеќавам како изгледав), ама имаше многу гости дојдено, сите мои роднини и го чекавме младоженецот и тој не дојде..Јас после тоа од срам избегав :lol: Ве молам кажете ако знаете :worried:
     
  19. BlackXSs

    BlackXSs Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    20
    Фала Багуфче :*
     
  20. buzzy

    buzzy Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Луѓе го соував бившиот и тоа со девојка му! Трчав по него, ко да го молев да се смириме и он сакаше ама девојка му беше таму, несакал да ја повреди! Тоа се се случуваше на некоја слава... и додека седев на тоа масата почнав да си ги гледам ноктите на рацете и бев збунета зошто знам дека пред некој ден си ги сечев, а во сонов па ми беа пораснати, како да не сум ги исекла, таква пола саат се чудев... :^)