martinuska-успех со напорна работа Majuv4ence13- не плаши се, си и го продолжила животот на некој начин
Па реката беше мирна, долга и многу плитка. Знам во неа имаше одблесоци од сончеви зраци. А до мене беа уште две девојчиња. Само сме стоеле, јас треперев од страв, но не се помрднував.
најчесто во последно време сонувам како се давам во вода....и баш кога доаѓа она баш давењето за КРАЈ - се будам...некој да не знае што би можело да значи?
karenin-биди внимателна колку и да изгледа сигурна работата SomeWhere-ќе ги надминеш пречките со туѓа помош
Мајка ми сонувала како го видела дечко ми со долга коса како одел по улица и носел две гуми од кола во рацете.Дечко ми ја видел неа и незнам како избегал ама мама го видела и почнала да го пцуе и он неа
Missbutterfly-среќа и покана за свеченост. А ако си купила свеќи на крај,ќе има и некоја тага. CIA-опколена си со лоши луѓе,биди вннимателна. Adi888-несреќа,лаги
Во принцип не верувам дека соновите имаат врска со предвивување, сметам дека се само резултат на потсвеста ама, не знам, ова ме потресе некако, многу е личен и премногу емотивно го доживеав, дури и непријатно ми е што го кажувам. Проверив во соновникот, ама не добив конкретни толкувања. Се исплашив да не и се случи нешто на личноста што ја сонував. Spoiler Сонував дека саканиот (со кој не сме веќе во врска од трети причини, не би да навлегувам во интима) ми бил починат и јас сум го дознала тоа. Ми беше многу тешко, барав нешто во врска со неговото минато. Знам дека бил многу сакан од страна на семејството и пријателите. Мислам дека имаше и дете од некаде 10 години, беше едно среќно и весело. Сонував и некоја негова вдовица, ама беше многу невкусно облечена, разголена, црна женска. Работата беше во тоа што дознав дека бил починат од 2006 година, па се запрашав како е можно да се запознавме. Почнав да се убедувам себеси дека не е мртов, зашто знаев и чувствував дека во спротивно од самата помисла на тоа психички ќе опаднам и нема да можам да го терам секојдневието нормално. После сепак мислев на тоа. Малку језиво и нелогично ама почнав да размислувам дали бил мртов кога се сретнавме и дали ми бил всушност ангел-чувар, легнав на креветот и почнав да се молам и да плачам да ми даде некаков знак ако е така, дали е покрај мене, иако немав надеж дека нешто ќе се случи, во моментот низ отворениот прозорец скокна и влезе една верверичка. Излета од прозорецот на комшиите и влезе кај мене. Некако мило ме гледаше и сфатив дека тоа е знакот. На сета тага, премногу се израдував, добив и желба да ја прегрнам како да беше тој. Во моментот како да не беше ни сама, како да имаше и други верверички со неа, имаше и една плишана што ми ја даде живата верверичка, неа ја прегрнав. Во собата имав цела вреќа со многу лешници и верверичката јадеше. Па верверичката стана тој, го прегрнав, многу се радував, му реков дека посакувам дури и да умрам со него ако оди пак. Мораше да заземе облик на друг човек некое време за да не го познаат. Отидовме во еден хотел, се сместивме во една соба. Не се сеќавам добро на тој дел. После мислам дека беше наредниот ден, него го немаше но требаше да се врати, јас сепак се плашев да не го снема, но ми имаше испратено парчиња торта во вреќа, како што беа лешниците. Зедов две или три во рацете да ги јадам (убаво изгледаа, разновидни состојки, дури и црешичка имаше на нив), само наеднаш како да се стврднале и ми се ронеа од рацете, како не толку тазе. Сепак ги јадев и уживав во нив. Ама стравот дека ќе го снема остана. Не знам, страв, надеж, безнадежност, измешани емоции имав на крајот. Знам дека испадна малку долго во споредба со други сонови овде, ама сакав да доловам подетално. Ако може некој да толкува, би била благодарна.
Денес сонував како разговарам со братучедка ми.. Што значи секој ден да сонуваш одредна личност ? Еве на пример јас секој ден ја сонувам братучедката.. Хмм..
MissDior-добра заработувачка.....а тоа што не сум ти пишала, не е затоа што сонот бил лош,него зошто одам по ред, и твојот сон сеуште не бил дојден на ред sajonaramucaca-туѓа мака и проблем ќе те засегне и тебе -сплетки во следниот период
сонував дека сум се возела во такси итаксистот ми се нафрлил сакал да ме бации и ме фаќал и јас сум почнала да се дерам и дошле некои момчиња ме спасиле и сум сакала да му запишам регистрација даго судам меѓутоа ми рекле дека бил многу богат и судот ништо не му можел .што значи ова?