...не знам баш ни дали пишував броеви...мислам како осмица ама...повеќе до буквите беше...убаво се сеќавам а, б ги пишував само ракописно и мали....а пишував и некои англиски зборови само на еден се сеќавам дека ја содржеше оваа буква W.... а формата што ја цртав беше нешто како ова ^ само подолго нормално....како незатворен триаголник...
sajonaramucaca-грижи alexsandraa-што се тоа кркми / -ќе откриеш лага esperansa777-неостварени тежнеења
....па да ти кажам цел ден ми го погоди....само да не е на подолг период ....а кркми што праша девојчето....некаде во западна македонија шишките ги викаат така....
alexsandraa-некој близок ќе е во опасност creshicka-внимавај на здравјето kikav-поради озборувања ќе си распиеш некои односи
синоќе сонував како од грло ми излегуваат гнојни топчиња ама многу како ги плукам и се гледам во огледало
Addrianna-ќе бидеш во фрка, за кратко време важна одлука ќе треба да донесеш nadege-добивка успех elisabeta-лошо неможе да е, а ти при прва прилика тркни до црква запали си свеќа за здравје и остави некој денар на нејзината икона.
Јас сум сонувала како сме седеле на клупа оние од школо со дечко ми ама сме биле во воздух,како да ви кажам во височина.И сме гледале надолу,а не сме се плашеле.
Сонував грд сон, како јас и тој сме во некоја куќа многу млади луѓе има внатре, и некој почнува да ги убива..јас и он успеавме да избегаме.. цело време се тресеме и плачеме одиме во полиција да пријавиме.. ама цело време имам чувство како некој не следи..
sexykitty18-луѓето за кои си свесна дека можат да ти наштетат дека се посилни од тебе,едноставно одбегнувај ги ljubam-по големи проблеми следува радост
јас сонував дека дошол крајот на светот, требало да има гооолем земјотрес и со мм се пакувавме да ја напуштиме зградата пред да почне земјотресот, ама така бевме спокојни дури и кафе се напивме и си излеговме, многу чуден сон