Сонував како сум отишла во др град (кај што живее дечко ми) и било зима,имало невреме,се пукало,се тресело,а јас сум ја барала куката на неговите роднини како ненормална за да го најдам него.По пат сум сретнала неколку девојчиња и ме правеле ненормална,и само на ова се секавам,ама не сум го нашла...Сноу?
Вака сум сонувла како сум разгледувала маиции од една страна биле со чипка цели а од другата страна имале циркончиња.Едната маица беше зелена а другата златна.
....сонував дека сум била жена у некаков харем.....заедно со други жени.....полуреални беа другите жени на моменти.....како полунацртани........носевме некакви турски носии со бели кошули, златници на нас па шалвари.....па во собата каде што бевме ни рекоа да се скриеме во една преграда.........тогаш влезе некој.....султан ли беше незнам што......влегоа по него други жени да го забавуваат а им се познаваа градите.....им паѓаше горниот дел од облеката.....ние требаше да гледаме за да се учиме...после тие излегоа ние требаше да влеземе......мене ме запримети одма и ме избра као тој најмногу му се допаднав.......па ги гледаа моите гради.....што е најглупаво во сонот бев радосна за тоа ...уште еден сон...некој што ме иритира во реалност....сонував како беше еден од гости дома.....му дадов до знаење дека ме иритира....дури имав топка во рацете и индиректно реков дека сакам да му ја удрам на некого од глава а удрив настрана покрај него.........тој само се потсмеваше као да му е мило што се нервирам........после кога заминуваа гостите (сите ми беа роднини и познати) истата таа особа ме прескокна....седев на земја и помина преку мене......
што значи некој ме фатил за задник сум се свртела сме се испокарале со некој непознат и сум го претепала и него и женска му и после ме следеле сум бегала и на една моја другарка сум и рекла вози ти ке ти дадам пари за бензин само да избегаме и после сум успеала да не ме најдат и на другарка му сум и рекла може да идам кај тебе на гости ,она рекла не за велес ке идам
сонував како јас и мајка ми спиеме надвор на песок под 2 чадори за на плажа а врне,после сонував како во мрак темнина си одам накај дома облечена во бањарка
сонував као на работа некоја непозната фаца станала шеф и ми вика да одам во три смени,и јас сум го убедувал дека јас неможам да одам од тие и тие прицичини,тој ми вика ок ке видиме но незнам сто бидна понака зашто се разбудив.
Јас сонував како сред лето заврнало снег и јас сум се сликала нешто тука над него ангелчиња сум правела. И сум живеела во куќа на 2 спрата...
Сонував како пропуштила цефката во кујна под садоперот (ова и се случи вистина, но проблемот го санкциониравме веднаш), а во сонот се случи толкава поплава беше вода, утоп. Накај прозорите, тепихот, дури и надвор течеше. Па зедов да ја собирам водата, викав по мајка ми и двете со крпи бришевме. Мислев дека е се оштетено. Така нешто.. Сноу?
Сонував како вадам облека од плакар, друга слика - наеднаш се гледам како носам нешто што не е мое, што прв пат го гледам.
Бев со мајка ми и татко ми во една пицерија или млечен незн баш пицеријата била нова и мала и била во чест на тоше, така и се викаше Тоше Проески и нарачавме таму јас нарачав пица. И имаше еден постар дебел човек на соседната маса беше со едно девојче мало. Човекот стана си ја зеде нарачката и седна на нашата маса. ние му рековме дека чекаме некој и дека е зафатено. И тој ни рече дека брзо ќе стане само да се најаде. Моите му рекоа добро тогаш а јас си реков епа на неговата маса ќерка му седи сама а и сите други маси се слободни мораше баш кај нас да седне И некој му се јави на телефон. тој нешто му одговараше на англиски и му рече кој има во пицеријата и нас не спомна, човек со жена и дете Не можев да слушнам убаво зошто надвор минуваа коли ама ми беше сомнителен и им реков на моите, тие ме прашаа што рекол јас им кажав тоа што слушнав а тој си излезе тогаш. И јас сакав да им кажам дека е подобро да си одиме може да е некој терорист или мафијаш. Тогаш влегоа во пицеријата ожалостени луѓе za Tose во црно и во цвеќиња и zastanaa покрај вратата како тогаш се отварала пицеријата почнувала со работа и мајка ми и татко ми изразија сочуство еден по еден и мене многу ми падна жал почнаа солзи да ми потекуваат и баш кога требаше јас да изразам ми ѕвона телефонот во џеб јас побрзав да го исклучам а тоа алармот од телефонот ми ѕвонеше да станам и така се разбудив
Леле луге,значи соновите од памет ме вадат... Сношти сонувам како татко ми ми кажува дека мајка ми ја немало два дена,и дека ја тражат сите.Јас целата испаничена почнувам да ја бара,абе цела се тресам.И наеднаш гледам еден колега и ме прегрнува и ме повикуѕва на кафе,јас му го кажувам проблемот...тој ми помага во барањето и наеднаш се будам. Цела сум вознемирена
sajonaramucaca-исполнување на желбите -ќе останеш без некој драг предмет mimitka-ќе се засрамиш Dala-биди поскромна
1.Сонував како сум се наоѓала во куќата на баба ми и сум се криела позади една врата.Кога баба ми влегла во куќата и се доближила до вратата јас сум се тргнала од вратата и сум ја исплашила.Таа многу се исплашила и почнало да и се слошува.Јас сум се исплашила и сум почнала да ја смирувам.Баба ми тешко дишела,но на крај се смирила. 2.Сум седела на терасата во пижами,а на улицата дошле тројца машки,од кои двајца цигани со велосипеди.Ме прашале каде е брат ми,а јас сум им одговорила дека е на продавница.Ме прашале уште нешто.Потоа сум го го видела брат ми како си доаѓа од продавницата.
1.Јас сум сонувала како сум била позади во дворот мој и незнам сум се шеткала и одеднаш сум видела некоја убава лавица како иде право накај мене,јас сум се исплашила и сум се скрила таму во гаражата на тато,но таа пак дошла до мене,сум мислела дека ке ме изеде,ама таа почна да се гали и да ме гледа мило. 2.После тоа сум сонувала како сум имала некоја мравка имала сина боја и ми зборувала мн убави работи како да ми е најдобар другар,а јас на тоа сум рекла дека ме расплакува. 3.Роденден ми било,сум одела накај продавницата на моја улица и во меѓувреме ми се јавила другарка ми и ми рекла еј ке дојдеш кај мене нешто за роденденов,како демек ке ми правеле изненадување,јас сум се согласила и сум влегла во продавница.Сум купила две жежици и незнам како продавачов ми дава кутија полна внатре со чоколадо.Додека сум зборувала јас со него,на прозорот од продавницата се појавиле тетка ми,братучедка ми и братучед ми и ме викале ама јас некако не сум се вртела,после ме викнале и сум се свртела и онака изненадено сум рекла ејј. СЕ ИЗВИНУВАМ МН СЕ ДОЛГИ!!
Сум сонувала дека сум била во трговски и таму ќе дошол некој многу познат,а јас не сум знаела.и многу,многу луѓе имало јас така сум си се шетала гледам падната тетратка.сум ја земала и сум ја отворила и таму имало некој многу неразбирлив раопис.Толпата лиѓе ме виделе и почнале да трчаат по мене кои всушност биле дојдени за тетратката!И јас сум трчала сум трчала и они ме бркале амма не крај сум им избегала.
сонував како баба ми целата во црно облечена поправена уплакана цела ме бара на плоштад во некоја земја која ми е непозната а јас се кријам не сакам да ме види, после како се најдов во една просторија полна со луѓе и како убедувам еден човек за бизнис мислам дека го убедив и ме оставија да чекам пред врата додека тие одлучат и се најдов на отворено пространство како ниви со жито имаа веќе класја заврзано што значи....?
што значи да сонуваш тој порано што го сакав ми џвонел на мобилен и додека сум прекинала престанал пак сум свртела он не се јавувал и уште еднаш сум џвонела и он спуштил па ми пратил порака за некоја журка од др број да сум присуствоувала ?