esperansa777-пријатни новости -болест vitomir-промени во работата/обврските Speechless-бескорисни потфати Emma89-грижи
Sara123-неостварени тежнеења hrcace-некои пријатели те искористуваат Pelikuna-ќе се сретнеш со некого со кого најмалку очекуваш
Епа сонував дека со мама сме купувале нешто во продавница за чевли и наеднаш продавачот донесол една кутија и рекол во оваа кутија имам нешто посебно за тебе многу ќе се израдуваш и ја отвори кутијата а во неа имаше мали кучиња, преслатки беа, тогаш родени, три далматинци, три кафеави и три црни кученца преубави, едвај ја убедив мајками да прифати да ги земеме и ги зедовме, ги донесовме дома иако таа ич не ги сакаше, си трчкаа едно зад друго околу маса по ред прво трите далматинци па кафеавите па црните, едно зад друго вртеа кругчиња. Потоа застанаа на едно како списание, како весници послани за да стојат тука и мајками ги зафрли со нога списанијата и со нив ги фрли и кученцата ама ништо не им беше добри беа јас ги зедов одма потоа и ги ставив во кујкарка... И потоа решивме сите дома дека 9 кучиња се многу, да зачуваме само три едно далматинче едно кафено и едно црно а на другите 6 да им најдеме семејства каде што се среќни, и последна слика од сонов го држев далматинчето во рака беше маљо преубаво и му зборував и го галев, имав огромна насмевка, бев исполнета... Што значи ова?
а јас го сонував симпатијата насмеан и добар и ми беше многу мило после сонував дека професор по ликовно ни дал за дома да нацртаме шума во есен и јас мислев дека нема да можам ама нацртав мн убави гранки дрва нез точно ама после кога дојде време да бојам мешав зелена, црвена, кафеава жолта и портокалева боја некако не ми излегуваше како што сакав ама реков ако ќе го преправам и зедов со црвената темпера почнав да го мачкам телевизорот. сонував дека бев со многу друштво во клуб и седевме заедно симпатијата со девојка му, биле среќни заедно ама таа се плашеше да не ја мами и некој и донесе цвет од на гробишта за да му прави магии да и биде верен после го видов во шума на заминување се мувал со некоја што демек само другарка му беше, ич не очекувавме да биде со неа значи изневерил и јас гледав од колата и ми потече солза и на крај сонував дека мадона ја штипнала бритни за образите демек помала била па после се сликаа заедно и со други пеачи ааа и цртежот ми испадна убав имаше и девојка на него
Јас сега сонував дека се карам ама толку многу со едни мили луѓе.. Што се што ми падна на душа им кажав и многу ми беше жал.
вчера сонував сенка на маж кој сакал да ме допре додека спијам .... во сонот се беше реално прво сонував како некој има во веце па како тивко чекори кон мојата соба и ја испружува раката да ме допре ( не ме допра нормално бидејќи срипав одма од кревет) истата сенка ја сонував пред некое време само што пробувал да влезе во куќава преку задната врата која ја имаме во двор што може да значи ова знае ли некој
Сонував како сум била на плажа, се сончав. На плажата имаше само 4 до 5 личности. Имаше сонце, времето беше многу топло. Јас се сончав топлес.
Прво сонував како да сум била во огромна просторија каде што имало мн луѓе и натпревари.И сега јас сум требала да се качам по искривенире скали за да стигнам до вц и последната скала била искршена и некој машки глас ми рекол да преминам на другите скали кои што се рамни бидејки јас неможам на тие. После сонував како сите фамилијарно сме оделе на некој погред,појма неам кај кој и имало две три скалички за да се поткачиш за да стигнеш,и јас сум тргнала,а позади мене имало уште мноогу луѓе.Позади мене се наогаше еден чевок во црно одело и ме фатил на мн места (кај што не треба ) и јас сум му се тргала,викала и на крај сум тигнала во некој пансион или што ке да е и сум изнајмила соба,па после дошол и дедо ми и јас сум илегла од собата да идам во вц и кога сум излегла била таму таа што работи,имало 3 машки кои што лежеле на кревет,а јас упорно сум го барала вц-то и на крај сум го нашла... Сноу?
Симбол на невиност, топлина и нови почетоци. Во вашата куќа ќе царува среќа. Колку посреќно е бебето, толку поголема ќе биде среќата.
Искрено да кажам многу многу од работите кои ги сонував во реален живот не се гадам баш. Оти тоа ми е работа. Сонував како бев во една куќа која потсетува многу на една од моето маало. Таму сум отишла со задача да се грижам за бебе или за немоќна старица. На крај ми ја доделија старицата. Ау боже немав ни желудник да ја допрам, жал ми беше и се гадев од себеси а не од неа што сум така нехумана. Двете раце, односно дланките до зглобот и беа ампултирани и крвави, гнојосани, скапани црвосани и поцрнети со згрутчена крв. Завојот беше мокар и стар, натопен каде со крв каде со други одвратни течности. Без да покаже ни мала болка си ја тргаше со рацете косата од лицето кое целото и беше измачкано со крв од што се допирала. Мирисаше одвратно. Двете нозе и беа во завој но можеше едвај да ги движи. Во лоша состојба беше. Дури се сеќавам како во еден момент излегов од куќата бидејќи неможев да поднесам да гледам како некое време вршела голема потреба во постелата а јас сега требаше да ја исчистам. Знам дека забележа како ми се згади или како да ми фрли остар злобен поглед. Ја викнав жената која ме прими и и кажав дека јас тоа неможам да го направам, но можам да и објаснам како да ја среди таа. Почна да ја брише по нозете и меѓуножјето со влажна пелена. Тогаш се разбудив. Бев до тоалет и видов дека сум добила. Кога ја видов крвта за малку што не повратив. Ако знае некој толкување нека ми објасни
Сум сонувала како со татко ми сум отишла во продавница за чевли и пробував нови чизми едни црни многу убави,но после се решив да пробам едни кремасти балетанки, убаво ми стоеа на нога и се решив тие да ги земам.Стојам пред тато со нив на нога,му ги покажувам и цимолам за да ми ги купи. И сум дошла дома а по мене дошле две мои непријателки и ме изгушкаа силно...сум се чудела.И само приметив како погледнав во прстенот на рака што ми е и бил скршен...
Последно сонував дека ми дошле кинези на гости и ми донеле огромна бела чинија, јас внатре сум можела да влезам, сме биле и на вечера и тогаш еден од кинезите ми ставил некоја алка како школа на раката и во тој момент се будам и одеднаш си ја погледнувам раката и гледам (нормално) ништо нема на неа... Ууууу, каков момент беше тоа
Денеска го сонував дедо ми кој веќе е починат 6 години. Го сонував демек ние сите сме биле в село,а нему као демек му било роденден и демек ќе сме го прославувале.И брат ми појде во една ливада и рече еј дедо е таму.дедо е таму. И после појдовме јас и тато,и реков : ејј дедо. И тој као демек нешто рече не ме очекувавте? Нели роденден ми е? И јас не не само ни е чудно што дојде,и тој епа еве дојдов.И ме гушна мене.Ме гушкаше повеќе време. И така се разбудив бидејќи се исплашив Протолкувајте девојки,ве молам! :'( :'( Фала ви однапред
Убаво значење има. Јас не се разбирам многу од толкување на сонови, но и мојот дедо кој почина овој јануари до сега два пати сум го сонувала.. и исто така секој пат се гушкаме Баба ми ми има кажано дека ако сонуваш „дедо“ значи дека ќе имаш долг живот.
Само што сонував еден сон и многу се исплашив...Сонувам како со дечкоми сме биле заминати негде и тој во рацете држел многу кесиња и оди прв јас по него и тамн сакам да го сликам гледа како некое момче кое носеше мотика ( копач) во раката го намерил како во глава да го удре и оди по него и тамн да викнам по него овој го удри со тоа по главата и дечко ми падна јас почнав да плачам а немав глас ни уста да викнам ПУСТИ СОНОВИ САМО ШО ЗАСПАВ ОДМА МЕ РАЗБУДИ СОНОТ