сонував како бев во една куца или објект да кажам и растурен внатре искрсени врати подот земја бесе и пусто бесе и едно време гужва се направи некој идеше и јас се исплашив и зедов мало камче и си реков ако некој иде ке го удрам и идесе навистина некој ко видов еден маж млад со престилка и идесе несто требало да платиме да му дајме пари несто смеки или којзае сто и нисто јас не платив тук прет тоа друв со камцето в зид демек да го испласам цовекот и после сонував како се караме со мазот ми оти свекор ми ни го земал кебето насе да спие со него дома ни било многу растурено насекаде алиста детето спиело јас сум се карала ама не она зестокотуку во сепотенеј сум го карала мазот ми за кебето атој ме бакнувал оти сум се лутела за глупости после пак од нервоза сум сетала сама надвор по улицапо насат а надвор времето затемнето ко за врнење и сумги влецеа нозете по асфалт и сум размислувала несто.... сноу ????????
Сонував дека Џони дошол на гости кај моја другарка, седел во соба и ме викнал да разговараме, сум влегла и само ми рекол дека со нас е готово, ништо не сум рекла само сум испаднала и сум плачела на вратата, потоа сум влегла кај него пак и сум почнала да го бакнувам, ми возвратил на бакнежот и рекол дека претходно кажаното не важи Знам дека сонот е глуп, ама сеак ме зачуди што може да значи?
Сонував цуден сон ... Сум седела со другарка ми на кафе и во истото кафуле дошол и бившиот (скарани сме 3 месеци а тој има и друга девојка ). Иначе не правиме муабет воопшто и ме видел и дојде на мојата маса да ми каже дека бил заљубен во мене, неможел без мене се обидел но не било тоа тоа ... а јас останав зачудена . Што би значел сонов?? После тоа сонувава и друг сон не го памтам баш ама беше со многу балони ....
Done.b-ќе тргнеш по погрешниот пат,иако ќе добиеш укажување за грешката -наредниов период ќе бидеш доста "изгубена", и работата ќе ти оди со потешкотии XstrongerX-пречки на професионален план
tweety26-голема кавга (разделба-можеби) MerlinMonro8-пат creshicka-предупредување од дупла опасност која е нон стоп околу тебе
Сонував како сум си одела накај дома и сум видела една кола.Сум влегла во неа и сум кажала на човекот кој се наоѓал во неа да ме однесе дома.По некое време сум се предомислила и сум му рекла да застане,но тој не сакал.Сум пробала да ја отворам вратата но не сум можела,а тој продолжил да вози.Сум почнала да се плашам да не ми направи нешто лошо или да ме силува.Одеднаш наместо во кола јас сум се возела во комбе,а до мене седела една моја другарка.Човекот го сопрел возилото на едно место каде што имало и други луѓе и сме излегле.Јас сум сакала да побегнам од нив,па сум ја фатила другарка ми за рака и сме се оддалечиле од нив(сега не бил само 1 човек,туку биле 3).Тие ни рекле нешто.Се појавиле неколку полициски коли,а од нив излегле полицајци и почнале да пукаат во луѓето.Јас сум ја повлекла другарка ми и сме легнале на земја.Полицајците пукале во грбот на луѓето,а мене ми било страв да не пукаат во мене и да ме убијат.Сум почнала да се преправам дека сум мртва и сум лежела на земја,но бидејки ми било страв не сум можела да мирувам и сум се плашела дека ќе ме откријат.
сонував како оној мојот требал да оди некаде во странство да работи и јас сум му се јавила да му кажам среќен пат, а тој дрско ми одговарал...потоа незнам како се најдов во скутот на мајка ми, ги затворив очите и почнав да плачам што ке си оди и мајка ми ми ги бришеше солзите, но солзите некако ги осетив како навистина да плачев...
Сонував како момчево мое ме запросил. Па еден голем прстен, со камења. Си се чудев во сонот како може таков кич да ми даде, а знае дека не сакам такви работи. Бев и среќна и тажна, затоа што јас сакам да се омажам за него, ама како на овие години, па од што ќе живееме, без работа, зарем на грб на родителите. И решив дека сакам 2 години да сме верени, ама да не живееме заедно, додека да завршам факултет и да се вработам. Се тоа во сон Теле.
сонував како сме биле во некоја викендичка блиску до планина со моите,тука бил и мојот бивши ама некако бил понизок и подруг,а моите ако да не знаеле дека бил тука,цело време сме седеле заедно сме се држеле за рака,па сме си ги мереле дланките,па сме се бакнувале,сме чекале сите да заспијат па да избегаме преку прозор ама надвор било мн.темно ни било страв,тој отишол до кујна да се напие вода а јас по него и уште имал нешто на устата па сме почнале страсно да се бакнуваме дури на земја сум го налегнала,што би значело ова
Сум возела точак по угорница, многу тешко ми било, а сум брзала. Имало колона од коли, сум се шмугнала меѓу нив и сум ја барала куќата на другарот. Кога сум ја препознала која е, сум влегла и сум го нашла како да е легнат во бавча меѓу пченки и му било лошо. Сум го поткренала, сум ја пуштила водата од чешма и сум му ги миела нозете.