Што значи да сонуваш како се наогаш во некој влез,со лифт,ама ова беше кошмар,боите беа некако портокалово,кафеаво на лифтот и ѕидовите?
Сонував како дедо ми паднал и се онесвестил,не се сеќавам баш,сне го однеле на болница и добар бил подоцна,сни си дошле дома и само толку апметам..
повеќе пати имам сонувано како ми се вкочанува устата. кај што се споени вилиците, во тој дел ама горе катниците ми се споени, како залепени.сум пробала да ги разделам, да ја отворам устата но само чувствувам болка во сонот но толку многу ме плаши ова што дури помислувам дека потсвесно правам така додека сонувам.
сонував дека сум била на некој манастир Св Никола имаше мн луѓе па дојдоа и моите покасно, братучед ми, тетка ми... многу знај некој што значи? енибади?
Сонував како ми паѓаат два заба. Ај излажете ме и утешете ме, и кажете ми дека не мора да значи дека нешто лошо ќе се случи.
Сонував како требало да ми прават операција и само што сум дошла на ред ми рекле дека нема време и дека ја одложиле за наредниот ден.
Сонував како разговарам со мајка ми дома и после го отворив едниот прозор од дневната и низ него фрлив три бонбони пред влезот на нашата куќа, а таму имаше едно бело куче, со опашката мавташе исто имаше и една црна канта за губре во неа послужавник. едното бонбонче падна во кантата(најубавото беше) а другите доле на земја.
Да не знае некој што значи да сонуваш исти сон,по повеќе пати? Значи јас веќе од лани летото,па до сега,што е околу една година сонувам како правам иста работа,со исти луѓе.Сигурно 2 до 3 пати во една или две недели,морам да го сонувам ова. Во скоро време и не се сеќавам да сум го сонувала ова,фала му на бога.. ама сепак да си прашам јас
nadege, фала на одговорот...а моето толкување што го знам е како на interesna-фала и на тебе.Но знаете кога се работи сам за себе некако не ти е верно,па сакав да чујам и туѓо мислење. ...ќе видиме што ќе испадне на крај Done.b-ќе надминеш препреки со туѓа помош kikkki-неблиски/непознати луѓе ќе ти сторат добро evelyn993-се верува дека ако некој сон се сонувал повеќе од 3 пати се остварувал
Em4ii-колку добри нешта ќе следуваат толку и лоши ќе има Sara123-неостварени тежнеења Stefaani-грижи/непријатности
Ве молам некој нека ми ги протолкува соновите... Прв сон-Се сонев под земја никако не можев да излезам од таму, како да се вселив потоа тука и почнав да живеам таму си направив соба исто и јадев. Втор сон-Сум се искачила на трет спрат на некое место не памтам дали беше продавница, како низ некој тунел и се криев таму од еден крадец заедно со некоја девојка. Крадецот дојде насмевнат, личеше на џокер ама во црно беше облечен и ми ги зема парите од ташната што ги криев од него. Трет сон-Возев кола и со мена беа другарки, се судривме малку во друга кола ама успеав да ја задржам контролата. Многу ви благодарам однапред
charlottea-велат дека ако сон сонуваш повеќе од 3 пати ќе се остварел HurremSultan-исплатливост -љубовна авантура -кавга со другарките
Сонов многу ме потресе... Сонував како сум имала многу шанси да го вратам татко ми од мртвите. Но ниедна не ми успеала, освен последната..Во сонов татко ми починал во сообраќајна несреќа...Сум одела по улица и во бела кола сум ги видела на предното седиште мама и тато а на задното брат ми..Мислам дека мама и тато биле мртви а бато жив(не сум сигурна)..Сум лупала ко стаклата, сум пробувала да ја отворам вратата но не сум можела, после некое време сум ја отворила вратата и одеднаж тато и мама ги отвориле очите..Нели тато сум го спасила и на сите сум им кажала сум била мн среќна..Цел ден сум била надвор, и коа се стемнило сум отишла дома знам бев задишана изгледа некој ми кажал дека татко ми пак умрел не сум сигура..На улица сум ги сретнала мама и бато и сум ги прашала кај е тато.Они само ладно ми кажаа као се вратил на другиот свет или така нешо беше.И мама само додала му кажав да не искача навечер, коа искача навечер никогаш не се врака....Знам дека бев мн тажна, али не се секавам дали плачев.. Иначе татко ми е починат, но не во сообракајна несрека.. Знам дека е долго, но сноу те молам ке можеш да ми кажеш што значи?