И јас често сонувам веридба или брак и секогаш е со некој што не го сакам или незнам, како преку стројник и тоа секогаш на сон ја раскинувам затоа што не е тоа што сакам, и еве баш последно сонував веридба со некој што не го сакам дури сум била тажна, сите ми честитале и радувале а јас сум била тажна, бидјеќи е со некој што не го сакам а се верам за него бидејќи немам излез, кога се разбудив дури се почувствував спасена. Незнам ни јас што ќе испадне, останува да видиме, но кога и да сум сонувала веридба или свадба па дури и венчаници сум сонувала, па никој болен не паднал у фамилија (пу пу скраја да е). Добро секој има свој начин на толкување на соништата, меѓутоа веридба и болест мие неспоиво, никаква допирна точка немаат. Мене веридбата најмногу ме асоцира на врзување за некого, некоја љубов, давање збор, значи некому си се ветил веќе.
Anna-Banana, sorry...јас незнам што ми е што утнувам вака сонови. Сонот не е страшен, има добри симболи.А јас би ти препорачала ако одамна не си го посетила гробот на дедоти, да го посетиш.
Сонував како си ги мијам нозете во бања,со новиот палмојалв арома терапи, ,сум немала друг па кога мајка ми ми го донесла јас сум се израдувала(Господе !!! )и сум ги измила нозете..
Сонував како мајка ми ми дала некои фармерки (многу беа убави инаку) и сум се мачела да ги облечам но ми биле мали, но на крај сум успеала некако да ги натегнам на мене.
Синоќа сонував лезбејка седеше до мене и наеднаш стана агресивна се обидуваше да ме смува а јас ја тргав од мене. Во истиот момент од креветот спроти нас станаа дечко и девојка и имаа секс.. Оваа лезбејката стана уште по агресивна и јас станав од креветот и почнав да бегам. Таа трчаше по мене ама успеав да и избегам. Сонов ми е крш..
Денес се сеќавам на сонот. Сонував како држам топка. И.. како и секогаш ја сонував братучедка ми. Повторно разговор.
Сонував како со две другарки одеме по улица и сретнуваме болничко комбе и така подигнавме глава и од еден пат станува еден како лудак мислам дека го познавам човекот и како целиот да е облечен некако во плаво и почнува да не мава трча по нас и ние кој каде видел рипнавме се сокривме и по некое време пак се соединивме трите и нема каде да одеме влеговме во една куќа кај луѓе кои што ни ги знаеме ни ги познаваме и замоливме за помош да не сокријат или да не вратат дома ... Премногу сонувам во последно време и се некои глупости...Знае ли некој што значи овој мој сон ?
Сноу минатиот пат ме заборави ама сега те молам кажи ми што значи овој сон вака прво да ти кажам дека едни мои тренерки што сакав да ги облечам пред некој ден за низ дома ми беа скинати. Е вчера сонував дека детето што го сакам ми беше еден братучед и во сонот не го сакав и беше дојден дома со некој другар и чекаше под скалите дали татко ми го чекаше незнам и ме прашаа нешто јас им одговорив и се качував горе по скалите и тие видоа дека ги носам тие скинатите тренерки и гаќте ми се познаваа замисли валкани беа и нешто искоментираа како ццц. И јас се качив горе и сакав да им се развикам ама го зедов телефонот демек зборував со некого се преправав дека бев нервозна зошто тренерките ми се скинале по пат и така тие да слушнат а и уште да кажам дека пред ова да го сонувам сонував дека бев на кафе кај не ми е брачеда туку му е жена на мој братучед и така си правевме муабет нешто на крај сонував брканица со коли и хеликоптери, еден бегаше и го бркаа хеликоптери. јас за него навивав и мислам дека победи иако неколку пати паѓаше од високо преживеа. малку како на филм беше
Само што се разбудив и уште сум исплашена од сонов, па одма дојдов тука да прашам дали има некакво значење, а мислам има. Бев дома со моите и мајка ми чита на интернет дека жената на мојот прв братучед во тепачка го изгубила својот живот (во сонов беше претставена како некоја си.. не знам, лоша жена која секојдневно е по улици и кафиќи, што не е точно - баш спротивно). Во истиов момент (мислам дека некој на телефон ни пренесе) дека се родило бебенце во истава фамилија, но не се сеќавам точно чиво беше.. мислам дека на братучедка ми (сестрата на братучед ми). И како секогаш, јас целата во паники, плачам, а моиве како ништо да не се случило. По некое време заѕвонува вратата и влегуваат сите : тетка ми, братучедка ми, девојчето на снаа ми... заедно со бебчето (кое не го видов) и сите плачеме во ист момент. Во тој момент ме разбуди телефонот. Многу ми беше потресен сонов, се надевам има некој што ќе ми го објасни.
Мојот сон од синока Ја гледам мојата бивша симпатија како лежи во креветот со мене ама облечен во женски алишта како транвестит со долга коса ,нашминкан дотеран како жена и му викам што се случило со тебе зошто вака изгледаш тој вика вака најудобно се чувствувам,од таму гледам како е мајка ти а на јаве она е тешко болна и е во дом за стари лица и тој се грижи за неа,тој вика таа е добра ,како тој се пријавил за мис на светот ама натпревар за убавина за транвестити ,од таму одиме во сестра му и зет ама тој нее во добри односи со нив,викам зошто си толку сурова и лоша кон него,и одам во спалната соба на сестра и зет тие водат љубов и уште еден маж биле свингери ,и мажот на сестра му вика зошто си лоша кон него,од таму одиме во како тој полудел му ставиле лудачка кошула и го носат во лудница зашто ги напаѓал кучињата од улица ,станал луд. поздрав валејуниор.
Не ми е прв пат да го сонувам сонов .. Сум живеела со другарка и еден дечко у некое село/населба ..наликуваше малку на Чаир ,не бркале некои луѓе и имало нешто како карпа незнам и сме почнале да се качуваме дечково се свртел и го убиле , после тоа ја имав истата слика, истото го сонував ,третиот пат ме убиле мене он се спасил .. може некој да ми каже што значи ?
Јас колку што знам смрта во сонот значи дека на таа особа која што ја сонуваш и го продолжуваш животот. И јас многу пати сум сонувала како умира некој, па еве на никој ништо му се нема случено.
Ја сонував мојата свадба, ама не онака како што треба, туку неззз во некој хаосссс.. Јас цела така несредена сеедам на стол во дневната кај дечко ми во трењерки, а сите се растрчани, спремаат, од дома ми се јавуваат до каде сте.... Јас бев целааа во депресија... Плачев, Велев зошто сегаааа, несакам на21 год да се мажам. Зошто ваа испадна СЕ..... а СЕЕ си имав замислено, коса, шминка, нокти, фустан , СЕЕ си имав осмислено.... Зошто ова јас го заслужив. Дојдоа некои роднини на дечко ми да ми правеле нокти и чупале............. После дојде дечко ми ме гушна, бации и ми покажуваше покани И неззз се разбудив, цела збунета....
Сонував чуден сон, ве молам ако знае некој нека ми каже што значи. Скоро купивме нов автомобил. Е сега на сонов јас го заборавам новиов автомобилов отклучен паркиран на улица и си тргнав да си одам дома, но се сетив и забрзана се враќам назат. Кога гледам автомобилот беше на сред улица вратата напред беше отворена и на седиштето беше оставено ланче со привезок на Св Петка. Јас го зедов ланчето, мн се возбудив и се исплашив си реков кој би можел да влезе во колава, како можев да заборавам да ја заклучам и да си заминам. Така се разбудив, денеска е петок ќе постам, можеби има некое значење. Што значи овој сон?
kikkki-ќе те вовлечат во нечесни работи creshicka-ќе се спријателиш со некого со кого си поголема генерациска разлика hehehe-ќе добиеш чуден предлог Sara123-краткотрајна среќа