Dulceee- огромна среќа во фамилијата valejunior- поради стари недосредени односи ќе настане некој проблем
Сонував како сум разговарала со мажот ми тој бил покрај мене но имало и непознат човек требало да се разделиме ,а мажот ми ми рекол не грижи се каде и да си и во кое време да си јас ке те пронајдам се стресов од сонов -некој нека ми го протумачи ВЕ МОЛАМ
Сонував како јас сум била на работа а дечко ми бил кај мене дома сам. И ме барал на работа ама колешка ми му кренала и он и рекол дека му се скршил клучот внатре во бравата и дека неможе да излезе од дома. И коа јас сум го земала телефонот сум слушнала само врапчиња како пеат. ???
Сноу, сонував дека мојата прва брачеда (со која патем мн ретко се гледам и немам никаков контакт) почнала да работи како депилаторка па сум отишла кај неа на депилација. Во сонот много лошо си ја заврши работата и ме остави половина несредена и лом, а накрај јас и платив минимална сума. Но, мене крајот на сонот ме замисли - пред да си одам од кај неа таа извика дека го загубила прстенот (бурмата) од нејзиниот маж (не знам дали мислеше на нејзината или неговата бурма). Почнавме да бараме по подот, кој тогаш забележав дека е од земја и гнасен. Најдов златен прстен, па сребрен, уште еден златен и и ги покажав па ниеден од нив не беше бурмата што ја баравме. После не се сеќавам. Важно прстенот не го најдовме. Ме интересира кратко дали има некое значење сонов, сега како што сум во исчекување на една вест...
И да напоменам,дека секогаш сонувам полна месечина...иначе еве забележав дека прееска сонував полна месечина и вечерва е навистина полна,а за порано не сум обрнала внимание на тоа...
MarchelineAmaru - немој 2 мислења едно по друго,ако толкуваш неколку сона напиши ги во еден пост а не секој сон во нов пост savana- отиди си во црква, запли си свеќа за здравје и на иконата нејзина остави некој денар kikav-внимавај на сопствената превртливост Dala-за добро со лошо ќе ти се врати
R.i.s.t.e.v.s.k.a,си одам по ред.Знам дека сите што сте пишале сакате што побргу да го прочитате толкувањето но ако сега тебе ти пишам прво нема да биде фер кон другите кои пишале пред тебе а второ, од утре одма би почнале со вакви постови....сноууу ај плс.....сноу ептен го мислам сонов, кралицееее а мојот сон? и ќе настане хаос. Затоа си држам до редот, кој како пишал искрено мене не ми е тешко да седнам и во еден пост сите 10/15 сонови да ги протолкувам, ама пак се губи време, верувајте дека за 3/4 сона ми треба 10/15мин. значи треба 45/60мин да седам за сите наеднаш да ги протолкувам. и отифе времето одвоено за фемина. Вака ќе пишам 3/4...некогаш и 2 некогаш и 5,ако биле претходните лесни. Некогаш и глава ме боли ич не ја ни отварам темава.... така да знаете не ве заборавам,ама мислам дека е праведно тоа што одам по ред. Како и да е се трудам во рок од 24ч. да бидат одговорени. п.с. дури мене ова не ми е ни обврска,доброволно си пишувам
^епа кога ќе дојдеш на ред ќе ти пишам.Немора 2 пати да пишувате за 1 ист сон. Освен ако не сум ве утнала несакајќи