Sonuvav malo macence,slatko moze 3-4 nedeli edvaj imase,izgubeno bese i koga go najdovme go pogalivme site..
Сонував како сме живееле во стариот стан и дошол некој на гости,некој 20 годишен со турско име и одреден период живеел кај нас.Собата ми била мн растурена,а мајка ми неговите алишта ги ставила во плакарот кај мене.И јас и он не сме се сложувале добро,постојано сме се карале и јас му реков дека сакам да се смуваме ,и он ми рече дека денес тоа го сакаш,а утре уште повеке. И една вечер сме излегле да се шетаме и јаса му реков нешто како дека ми значи и такво нешто и се смувавме.После тоа он збореше со некој на тел а јас сум стоела понастрана и ја сретнав една другарка со која што мн се одлачивме не сум ја видела од јуни и отидовме кај неа во кука зема благо да јадеме и излеговме надвор.Јас сакав да и раскажам за него,ама сум се предомислила. И сонував како во стариот стан дошол еден што го свигав кога бев мн мала,незнам како ми текна на него,јас го заборавив и сме се смувале и такви свари,а јас на него цела година не сум мпомислила незнам кај ми текна да го сонувам.Сноу?
сонов го сонував мај месец некаде но бидејќи ми беше малку морбиден и го кажав само на една моја другарка и на никој др...значи сонував како сум во кола со мајка ми и почнав да се гушам да не сум можела воздух да земам викам воа готово е ќе се умира,мајка ми возела брзо за до болница и меѓувреме јас пробувам да викам брза помош од мојот моб но ми снемува батерија ...ќе начекуваме другарка ми (на таа што и кажав и мајка и) и тие додека разберат дека треба да викат брза помош и викам на мајка ми готово...и наеднаш се најдов како меѓу магла .... и слушам гласови како викаат т.е (пеат) господи се е за придружба како црковно пеење ги слушнав трипати и одвај се разбудив...ајде сноу помагај што може да значи ова ?поздрав
Си го сонував велосипедот. Гумите беа издишани и дупнати а јас сакав да возам. Пробував, и тешко ми одеше. Вториот сон, се сонував самата себе во секојдневна домашна атмосфера, разговор со роднини. Третиор сон беше најкраток. Сонував како зборувам со една личност за познати музичари.
Две ноќи по ред сонувам непознати машки кои кога ке ги прашам за нивните имиња не ми ги кажаа и ми рекоа наскоро ке дознаеш..Машките остануваа малку време и си заминуваа..Што значи тоа?!
сонував едно девојче 2год помало од мене, учело заедно со мене..И сме седеле вклупа заедно.. сме се дружеле мн сме се смеје на часови.. ама јас сум ја прашувала нонстоп како може да учи со мене кога 2 год е помала од мене ? таа ми одговарала нема врска тоа.. и тк Што значи ова ако може некој да микажеее?
сонував нокеска како треба да се покажувам во долна облека пред некои жени а имам малку влакна на стомакот и едвај сум нашла брич да ги отстранам,после некако со мокра коса ме земала газдарицата од дома со кола и ке ме носела кај некој човек
јас син ми керка ми и свекрвата сме на езеро или море али со матна вода и се возиме одме некаде од никаде на скутер доага маз ми и ко на шала го гутка син ми д цамецот да падне во водата па он оди по него го вади и навистина го гутка од чамецот и детево пропага во водата го нема нигде а он уште не влева во водата се смее демек нека се уплаши убаво ке го земам јас пискам да оди да го изваде а свекрвами ми ја држи устата затната да не викам влегува маж ми во водата ама оти матна не го наога пак влегува и веке во сонот свакам дека детето се удавило го нема неможе да го најде уффф ме препоти и сон у пм кај се најде ајде помагајте толкувајте веднаш
Со мајка ми сме биле на езеро. Во хотелот насекаде имало икони и разгледници со светци на нив. Ми рекле да си земам од сите по една. Паметам како се одбивам од две дрва, и летам наназад и цврсто и успешно се приграбувам за нешто. Татко ми ме гледа и ми дава одобрувачка насмевка, и како да е горд.. Што значи ова?
што значи да ја сонуваш бившата другарка како ти дошла на гости за да ми каже дека неможела да ми дојде на роденден имала некоја оврска и еве сеа ми дошла а во реалност не ја поканив на мојот роденден и кога се разбудив се зажелив да ја видам имав некако тажно чувство што еве уште ми трае
Сум сонувала како нешто сум отишла докај мојов комшија (тука генерација сме) нешто ми требало незнам што вајда да прашам нешто и сум влегла од дворот а тој бил надовор и само се насмеал,а дечко ми се појави од некој прозорец и незнам како сфати дека демек го изневерувам(а не направив ништо),ми рече ке видиш ти !
Денес многу чуден сон сонував... Се случувало негде во Турција.Јас и овие од Бурни времиња заедно сме бегале,пошто од брегот се гледало како иди цела фаланга со бродови и ги напаѓале...И сега ние бегаме ама ништо,тие не поробиле и мажите си избирале жени...И сега иди еден,постар со мустаци и треба да бира,таму јас,една плавуша слаба и неколку други.Јас се кријам не погледнувам,со главата надолу и си седам во едно ќоше и викам дај Боже да не ме одбери И тој и вика на плавушата ела да те видам и не ја бендиса и вика по мене Ти! Дојди тебе да те видам... И јас мора да одам пошто војска со него и ме бендисал и сега ме зема,јас траам,не зборам ништо и ми покажува низ џамот,а таму се гледале многу дворци и вика ние во онај ќе живееме и ми покажува некој таму... И ок,сме тргнале на негде,низ една зграда и по скали нешто и негде сме застанале.И сега (од кај се појавил па ) се наоѓа таму еден познат и јас го молам да ме земи некако и да ме тргни,му викам Ама јас неќам да се мажам,земи ме како шо знајш,извлечи ме одовде...И тој некако ме зел,ме фатил за рака и сме збришале,сме трчале и сум заминала негде,сум избегала од тој никаквиот. Знам носев лелеав кремаст фустан. И се разбудив после тоа. Бетер сум од турските филмови
Иако шансите некој да ми го протолкува сонот се минимални, сепак ќе ризикувам да прашам затоа што веќе се загрижувам Веќе неколку дена сонувам како луѓето околу мене умираат, дури во некои вечери и повеќе од една личност умира, и тоа не да кажеш болест или нешто, туку баш филмски сцени- сообраќајки, па и убиства. Денеска се потресов затоа што сонот како да ми се надоврза, затоа што во него умре една моја мажена другарка, и јас покасно дознавам, другарките не ми кажале и одам касното и го затекнувам татко и`, му промумлувам нешто нели, што да му кажам во таков момент и потоа влегувам во куќата и слушам муабети демек не била со маж и, овој ја избркал претходно дека го изневерувала со друг- а тоа го сонував во претходен сон . Што се случува со мене? Никогаш толку не сум сонувала, а посебно не вакви сонови
Сонував како мајками и таткоми направиме сообраќајка и јас сум била во колата пред да се случи и само што излегов тие се мавнаја во еден џид .. и нзм мислам дека само мајками беше жива. Потоа дечкоми заедно сме 9 месеци дојде и ми рече нејчам појче да бидиме заедно .. и јас почнав да плачам а мн го сакам, и си замина. После дојде пак и му реков кажи ми барем дека ме нејчиш, и ми рече ти кажав.. и пак плачев јас и си заминав.. Што значи?
Некој ме бркал, сум трчала низ некоја шума, кога веќе немав сили подзастанав се свртев назад и го видов човекот како ми се приближува наеднаш ко да се отворила земјата и сум пропаднала нешто ко во бунар, од таму едно џуџе ме носело низ некој си ходници, за да испаднам во куќата, во дворот на бившиот, а таму народ имаше премногу