Багуфче сонував како си седам со братучед ми , одеднаш сум осетила како некоја болка во забот пробав да го пипнам и тој цел се клатеше ја го допрев тој падна и почнав да чуствувам болка во сите заби..И јас и кажувам на баба ми и она ми вика ова ти е пола заб види дали имаш уште половина, и јас да проверам кога сварно..и таа половина се клатела и кога ја извадив ми престана болката во сите заби Се пробудив препотена сред ноќ зошто колку што знам да ти падне заб значи смрт на некој близок,се преплашив
Во последно време се изнасонив мали деца. Како ги гушкам, како сакам да си играм со нив и машки и женски, сите беа многу мили. Точно дека премногу сакам мали деца, ги обожавам, меѓутоа секоја вечер ги сонувам . Што значи ете да сонуваш мало дете???
Баге сонувал дечко ми еден сон кој шо го занима многу шо би значело. Ај помагај Сонувал како влегува во некоја црква , во конак и таму го здогледал татко му,и му викал на татко му „Ама е добро тука да се преспије една вечер“ и после сакал да си оде и тргнал да излезе ама не можел да си оде и се врнал пак внатре и видол нешто како икона и сакал таму пари да оставе ама се двоумел каде да ги оставе и бркна во џебот да изваде пари ама извадил уставри ливчиња од кладилница и си рекол „Не можам овие да ги оставам “ и нашол 10денари и нив ги оставил и толку потоа не се сеќава шо бидело.
сонував како требало да одам со авион некаде. се качив со другарка ми, и тргна авионот, значи се возеше само, не полета што би значело тоа баге?
Багуфче гледам дека убаво ги толкуваш соништата на другаркиве сакам и мене да ми го протолкуваш.Ај те молам,срце си! Вака,сонувам сум отишла кај бившиот (инаку живее во странство), и наеднаш се наоѓам во една спална соба со него.Во собата имаше брачен кревет,многу убаво наместен, со убава постелнина (свилена,кремова боја со црвени цветчиња) И јас влегувам во спалната со куфери,се распакувам,тој иде по мене и ми вика не е наша оваа соба Сонот многу ме засегна оти последно време интензивно почнав да контактирам со него,а и мислам дека ме лаже за многу работи...ајде истумачи го плиииииииссс
баге ај моите сониша плииссс..... 1.сонував дечко ми ме изневерувал со ена моја пријателка,и јас сум ги дознала тие биле заедно и јас сум го молела дечко ми да ми се врате...ама тој не сакал заради тоа што јас нешто него сум го излажала....во меѓувреме таа што во сонот му била швалерка пушела цигара,а пепелта од цигарата ниако не паѓала и на карај јас и неа сум и рекла де те молам остави го а таа само го повлечила и последниот дим од цигарата и цел пепел ми го фрлила пред мене...и јас само пред очи го видов цел расфлан пред мене....... 2.другата вечер па сонуавав како сме сотеле на чаршиајта во неготино и едно девојче во кесе имала седмица голема бројка за на торта што се ставаат знаеш за свеќа...и бројката(свеќата )била голема и црвена и јас само подмукло сум гледала во кесето како да и ја земем бројката многу сум чуствувала потреба да ја имам.... Што би можело да значат ове два сона те молам кажи ми.......
багуфче јас синоќа ја сонував другарка ми дека била пострижена многу кратко( она во реалноста има долга многу густа и виткана коса) ама носела како капче некое и кога го извадила имала напред само како шишки два прамења и кога сум ја видела сум почнала толку силно да се смеам што почнало да ме боли стомак и се разбудив.... фала на потрошеното време да ми кажиш што значи ова позззззз
Багуфче јас сонував како во мојата соба имало негде дупка на ѕидот а таму уште една соба за која никој незнае. И од таму ми излегуваат змии, гуштери, црвјаци, јас врискам плачам а ми текнува и сестрами исто плачеше некој да ни помогне но мајками се однесуваше како ништо да не е и само велеше после . после и не направи ништо. Цело време рипав во сон, а потоа излегувам и се надевам дека ќе се вратам пијана и дека не ќе мислам, ќе ги заборавам змиите и сл. и ќе можам да спијам па утредента што биде да биде. И тогаш кога одидов на излегување се разбудив. Се плашам многу што би можеле да значат змиитееее
Сонував големи бубачки, дома, личеа на пчели но со поразлична шарка на грбот, не ме касна ни една, но толку се исплашив од нив, што сме ги удавиле со мама, беа во некаква чудна течност како во чаури , а ние сме им туриле вода, и сме ги удавиле. Јас досега во живот немам сонувано бубачки.
Многу лош сон сонував, целата се потресов. Сонувам како 3 жени сме лежеле на ист кревет и сме се породувале. Првите 2 родиле машки деца. А јас последна го раѓам и веднаш ми го даваат во раце и бебето ми се насмевнува, убаво бебенце. Ама потоа ми го тргаат и ми велат сум го родила мртво и ми го покажуваат такво целото деформисано. Уште не ми помина тоа лошо претчувство.
Ми текнаа сонови кои одамна ги сонував ама ги запамтив оти мн ме преплашија. 1.Со друштво одаме во една шума и таму имало една куќа и јас викам Абе нели е оваа истат куќа од порано шо е сега таква уништена? и наеднаш слушам глас како ми вика Остани ти ми требаш .И јас ги прашувам другите дали го слушнале гласот и они ми викат не слушнавме ништо. Пак ми се јавува истиот глас и пак истото ми го вика , и јас викам ај да бегаме и почнавме да бегаме сите. ТОЛКУ. 2.Сонувам една жена во црно со наметна не и с егледа ништо и ми кажува за другарите кои доживеале несреќа и кои се починати и таа ми кажува како умреле , зошто ...и ми вика и ти тогаш кога за малце ќе се тумбавте со колата (вистина е ова сето што го кажува она) не се тумбавте вика заради тебе оти ти беше во колата. Ја трга наметката жената и ликот од мајка ми го има и ми вика ама во 2011 и ти ќе умреш. 3.Улавам у мојо улаз од зградата со другар ми и пред улазот имало голем џам со поглед кон галичица и имало мала црква.А лево и десно имало пат други влезови кај шо имало подруми и од деснио пат се слушале викотници и сум му рекла на другар ми ај да одеме десно и пуштај ги бомбите и од некој подрум се слушало глас како по мене вика Остани,остани и почнале сме да бегаме и јас да рипнам надвор сум се удрила у џамо и сум била некако надвор , а на џамо имало лик од Исус.
требаше да завршам една мисија (кој знае што сон беше) и бевме во едно основно училиште... и на заминување едно плавко девојченце малетко се залепи до мене почна да плаче и да м егушка, сакало со мене да оди. јас ја зедов во раце и се гушкавме и двете и плачевме, и така ја шеткав низ ходник за да се смири лелеее многу сонував ама ништо не ми текнува
Багуфче помагај. Утрово многу чуден сон сум сонувала. Со другарка ми сме се нашле на некој голем базен со бистра вода, цел син беше и јас сум ја фрлила, а откога излегла имало како портокалова, сина и црвена боја во него, ептен беше убаво. Кога ја прашав ми рече демек алиштата и пуштале боја. Мислам дека базенот бил во нашето училиште и чистачката дошла и демек ни рекла деца не ја прљајте водата, повеќе нема да ја менуваме. После пак сме ја фрлиле ама во када полна со вода и истото се случило, а боиве на мене ми се менувале, сината ми се гледала зелена, портокаловата сина... Барам по сите соновници на интернет и никаде нема.
Другарка ми ме сонувала мене и нејзе како јас сум и покажала цртеж со ЕДЕН КРСТ..видов во соновник дека тоа значи смрт но не во блиска иднина .. многу ми е страв ако може некој да ми помогне или ако има некој соновник :/
Багуш хелп Не знам што ден беше, но се одеше некаде на излет. Надвор времето беше многу тмурно. Заминавме в планина со дечко ми и уште еден пар. Најпрво појдовме кај вујко ми кој има продавница (само што се е поинаку во реалноста) и купивме ѓевреци и лижалче. Потоа заминавме за в планина. Патем, ја одминавме мојата куќа и се сетив дека можам да се вратам за да го земам чадорот за сонце, бидејќи е така поголем, па ако заврни да можеме да останеме под него, а дечко ми ми рече дека нема потреба да се враќам назад, бидејќи немало да седиме многу, од 15 часот тој имал утакмица. Но, јас тргнав назад. Само што направив неколку чекори видов мобилен телефон пред мене. Го зедов. Направив уште еден чекор и имаше уште еден. И него го зедов. Малку понатаму имаше уште еден. Го зедов и третиот. Само што ги собрав сите три в раце поминаа два автомобили кои возеа пребрзо и идеа накај мене како да сакаат да ме изгазат. Не знам како успеав да им избегам и појдов кај другарка ми која што тука живее. Излегоа и таа и мајка и и им кажав за мобилните и мајка и само ми рече да го фрлам тој првиот (сив, сони ериксон). Точно тогаш пред куќа застана едниот автомобил што претходно сакаше да ме изгази. Слегов по скали од кај другарка ми и не знам како собрав храброст, но се приближив до автомобилот и внатре имаше три девојчиња. Им го дадов мобилниот и им кажав како го најдов, дека не им го украдив, а тие ми се заблагодарија. Тргнав накај мене (живеам наспроти другарката каде што бев) за да го земам чадорот и кога стигнав дома, гледам моиве сите седат дома, никој не е заминат на излет. Ја прашав мајка ми што се случило, а таа ми кажа дека татко ми не сакал да седат и си заминале. Се јавив кај дечко ми и тој ми кажа дека е дома и дека и парот што тргна со нас е исто дома и ми рече да појдам кај него. Толку. Инаку, целиов сон беше преку ден (тмурен ден), само кога автомобилите сакаа да ме прегазат беше ноќ.
Морам да го споделам сонот...Се изнасмеав кога се разбудив...Ваљда од преголема зависност од Фемина го сонував ова... Значи Фемина во сонот всушност беше зграда... Секој влез беше различна категорија...А секој стан беше посебна тема...И така за која тема сакаш да зборуваш си влегуваш во тој стан... Многу често сонувам...па макар и да спијам само на 2 саати... Али со овој сон се надминав себе си
Што значи да сонуваш некој кој е многу далеку,а треба за брзо да се врати,како веќе си дошол и како се радувам што го гледам и го гушкам?! И што значи да сонуваш свештено лице?!А и мече,мало убаво,весело и разиграно?!
сонував какоа правам сообраќајна несреќа , краток беше сонот ..се возиме и наеднаш удираме во една плава кола наспроти нас