Сонови од вчера sajonaramucaca-Успех -среќа Dinnna-Подобра материјална состојба theAristoCat-Неочекувана среќа
А некој да поврзува кабел со кабел мислам приклучувавме кабел со кабел штек на штек зошто му требаше нешто на eден и јас му дадов кабел и други му дадоа (само јас си реков немаше потреба и тие да се мешаат кога и без нивните имаше доволно за да се поврзе ама добро), и тој имаше и така успеа да поврзе со неколку кабли од ходникот до крајот на друга соба
Ke имаш некоја машка црна особа што ке те сака ама збунета ке си многу и ке се оддалечиш од неа но по некое време ке пробаш да ја освоиш, биди многу внимателна затоа што ке те излажи. Душманки многу имаш што ти се пријателки ама кога тогаш ке се тргнат Ке имаш маки и препреки кој ке те спречат во некои работи Ке му расипеш среката некому Ке направиш некои постапки без размислување ради добрина, а за тоа со мајкати значи дека и си омилена и пробува да те заштити на некој начин. 1. Биди внимателна можи да те излажи нешто во иднина, ке се сомневаш во него. 2. Радост 3. Жедна си за љубов и поради тоа многу си загрижена случајно дан не ја најдеш
Сум сонувала дека јас,мајка,татко ми сме биле некаде и сега таму се појавила голема змија..Ама била ако без сила,омалаксана едвај одела..и јас сум наосела нешто завиткано во рацете и змијата од мирисот на тоа како да живнала.Мајка ми ми рекла дај и го бе тоа,дај и го...Ама јас не сум сакала да и го дадам..Мајка ми ми го замала од раце и и го фрлила таму кај неа...И после се разбудив
Ја сонував мојата братучеда која е веќе мажена како невеста ама не во бел фустан туку друг свечен фустан. Стоеше пред продавницата веднаш наспроти нејзината куќа, јас дојдов и ми бакна рака. Во продавницата влегов да раситнам пари оти требало неа да и дадам ама мислам дека само ги изброив не ги раситнав. А пред сето тоа, пред да стигнам тука како да се борев да утепам некоја лоша сила која убила многу луѓе а јас успеав да ја измамам и да избегам од неа. Потоа чувството беше како да сум се спасила јас ама требало уште некои луѓе да се убијат. Втор сон- Се најдов на пат на кој лудо се возеше а не беше аутобан. Видов жолто светло на семафор и сакав да преминам од другата страна на улицата ама добив чувство дека камионот нема да застане и така избегав и едвај се спасив за малку ќе ме прегазеше. Колите и камионите поминуваа како луди а јас бегав и избегав. Знам дека некој беше со мене ама не се сеќавам кој.
Sonuvav sinoka kako sum se nasla vo domot na edna drugarka,koja ja nemam videno poveke od mesec dena i ja vidov vo sonot so kratka kosa do vrat(a nejzinata kosa e dolga) i bila isfarbana kafeava ili kako shatirana.Posto go nemam videno devojceto dosta vreme,misla mi ostana a ne mozam ni na mobilen nikako da ja dobijam.
Сонот од синоќа Одиме во старата куќа каде што живееше баба ми заедно со татко ми и да ја видиме како и од таму гледама дека е жива а во јавноста е умрена,лежи на креветот во спаваќа ,и насекаде околу неа крв а крвта и доаѓала од плучата и нам ни вика каде сте вие досега нели гледата дека само крв има околу мене не можам да дишам уште малку ке умрам и татко ми ја извлекува од креветот во собата каде што била била многу,мрачна и темна ,со татко ми ја извадивме во дворот, и седнува столот,оддедаш била многу посреќна,весела и поздрава,вика еве за малку ќе умрев, ама благодарение на тебе и таткоти сега ми е многу подобро овде отколку тамо на ладно и темно а каде седела во дворот било многу сонце и топло ,се жали на татко ми дека е нонстоп гладна и не и даваат ништо да јаде. поздрав валејуниор,
Jас си сонував дека сум на море Hемав време да се бањам, памтам дека носев ташна и пари, па страв ми беше.Eјј ми фали моренцето, едвај чекам да си го видам
Ноќва сонував како сум имала нешто во окото поточно на белката на окото сум успеала да го извадам тоа било нешто како парче од белка на јајце воопшто не ми пречело но веќе немало дел од мојата белка во моето десно око всушност никаква болка не сум почуствувала...
Денес сонував многу чуден сон. Сонував зајак и гуска. Гуската си купила смоки Стоби Флипс. Ја затвориле во затвор. Но пред тоа, гуската земала две смоки од кесето и ги ставила на ламинатот во една празна соба, доле. Им нацртала очи, уста и нос. Смоките оживеале. Нивната задача била да ја спасат гуската од затворот. Смоките тргнале на пат. Отишле кај зајакот и му побарале помош. Зајакот се сложил да им помогне. Им го дал кодот од затворот. Смоките успеале да ја спасат гуската.
....со мајка ми се возевме во такси.....али таксистот и беше сомнителен на мајка ми, како да сакал да не носи на друго место и му извадивме пиштол....едно така мало пиштолче и му претевме со него де мајка ми де јас.....само не знам дали тој навистина имаше други намери или на мајка ми така и се причинуваше.......па така не однесе до дома....излеговме од автомобилот.....пред да излеземе мајка ми ми рече да го пуштам пиштолот и го исплакна со шише со вода као да нема отисоци во случај да му се случи нешто.......тој продолжи и умре......не го убивме ние...немам поим како умре.....експлозија или нешто...пред вратата беа татко ми и други роднини.....викнавме брза помош и полиција......брзата помош ја собрала мајка ми колку што разбрав од понатамошниот разговор......малку била луда ......а една полицајка во цивилка облечена не испитуваше нас......во мене никој не сумњаше мислам......па после инспекторката не праша дали ќе излеземе во поддршка на геј парадата .....јас и реков ах не......моите ја прашаа а зошто....она рече дека таа била геј и побара да излеземе и да ги поддржиме правата на геј луѓето.....татко ми и останатите само и ја свртеа главата и ништо не и прозбореа понатаму.....а јас си реков да глумам финост зошто може да ме обвинат мене за нешто и онака кријам.....така таа си замина а ние се разделивме секој по работа во врска со мајка ми...мене ми се јавија од болница да ми кажат какви лекови и се потребни дали одобрувам јас им реков да му се јават на татко ми......па бев у шопинг центар.....ја видов полицајката со друга полицајка/инспекторка....они биле пар и јас ги прашав каде можам да најдам парче гардероба што инаку го барам и во стварност подолго време.....они ми кажаа и тоа....си заминаа..... .....па сонував дека професор (а ова беше учител) ме обвинил лажно дека препишувам а тоа други препишуваа од мене ама јас му докажав дека не препишував и тоа со помош на тие од мене што препишуваа... ................................................... после сонував како ****** напишал поема за мене јас бев многу радосна за тоа, па насмеана си трчав и потскокнував на улицата додека си ја кажував поемата........претходно сонував како некои луѓе збореа за него некои добро некои не и после го сонував ова со поемата......
Сонував една пријателка што живее во странство и одамна не сум ја видела како сум ја сретнала случајно. Се поздравивме и нејзиното куче ми се качи на рамена од среќа, девојакта имаше во сонит портокалова коса иста боја како и крзното на кучето. Потоа се поздравив и со нејзиниот маж кој наместо раце имаше протези и мене ми беше малку непријатно да се ракувам со него, но го направив тоа.