Често ги сонувам блиските кои се починати, речиси пред да наполнат 40 дена јас обавезно ги сонувам, особено оние навистина блиските. Го сонував дедо ми, баба му на дечко ми, тетин ми, некои баби и дедовци кои се починати, скоро сите и секогаш имаат одлично мислење за мене во сон, ме гушкаат и ме тешат. Синоќа сонував чуден сон, се будев на неколку пати и постојано сонот си продолжуваше, чудна работа. Нејсе, ги сонував сите мои блиски починати и сите ме изгушкаа, се поздравија со мене освен дедо ми, ми беше лут, јас му викав, дедичко јас сум твојата Ангел, а тој ми вртеше грб. Исто така во сонов ги сонував и блиските нивни, на пример, тетка ми и сестра му на тетин ми како се спремат да умрат и они, дедо му на дечко ми, тетка му...и сите тие се спремаа да умрат, дури имаше и гробови ископано и се спремаа да умрат. Чудно, но јас не се почувствував воопшто лошо, не ми беше страв, не се уплашив, само знам дека сите тие се поздравија со мене освен дедо ми. Дали ми е лут што одамна не сум била на гробишта, навистина не знам што е работата, но во прва прилика јас ќе одам на гробишта и ќе запалам свеќа и ќе му се извинам.
Лут е дедо ти што не си му запалила свеќа и не си била на гробишта,гледај во поскоро време да отидеш. А тоа што те гушкаат починати значи дека ти кажуваат дека те вардат,убаво е тоа.
Ах драга, знам дека е така, ти благодарам на одговорот и ветив штом можам ќе отидам, па макар и на неколку минути ќе отидам специјално со такси до село и ќе си поразговарам, ќе му се извинам и ќе му раскажам колку ми недостига. Инаку најмногу од сите ме гушка баба му на дечко ми, таа жена навистина многу ме сакаше, знам дека ме варди од небото, како што јас го вардам нејзиниот прв внук, нејзината прва радост
Сум сонувала како татко ми нашол стаорец дома и ми рекол Дојди види што ти најдов!И јас сум отишла и гледам стаорецот кај опашката има како боцки..
Сонував фрлале по мене јаболка,па камења...бил тоа некој дечко,така што бил малце мрднат....и ниеднаш не ме погодил.
А да и се молиш на месечина Пред пет дена сонував ама заборавив да прашам а и не сум сигурна баш така дека беше ама сепак да прашам и уште нешто од пред некоја вечер. Сонував една од основно што учеше со мене и знам дека ме оговараше тогаш и ја сонував како и се смеам и ја омаловажувам им шепотев на други луѓе пред неа и таа примети и ме гледаше налутено а јас ја исмејував плус јас бев качена на балкон а таа беше долу. што значи?
сонував како сум била во врска со дечкото на мојата најдобра другарка..сме биле негде на патување со друштво и таму тој ослепел( незнам како се случило тоа) и јас сум била сигурна дека пак ке прогледа ???
Сонував како сме биле на некоја изложба на цртежи со мојата другарка, и таму дојде една моја непријателка и се турна во мене.. и после почна да не озборува нешто, и појдовме со другарками и почнав да ја мавам јас, се и сешто да и викам, и мавнам неколку шлаканици ја турнав,таа ми ја скина белезицата само, и само седеше и чутеше.. и после ми рече за овие се глупости..(озборувањата) и јас и реков ти сега свати дека сето ова шо го прајш е глупост? и ништо не ми рече.. и си заминав. Потоа сме пошле со другарками на едно место како кино беше и имаше многу деца од училиштето и наставници.. и ние кога појдовме филмот беше завршен.. и еден другар што учи со мене седеше на една столица и јадеше пуканки и ни се смееше дека сме пошле од кога завршил филмот.. Што може да значи ова?
Sonuvav kako deckoto so mi se pusta momentalno, mi nudi da se vencame.. Izvinete so pisuvam latinica od na tel sum....
сонував како сум била на преглед кај гениколог заедно со мајка ми но лицето не и го видов видов само дека е во црно облечена ме прегледа и ми вели да терминот ти е 25 тогаш ќе се породиш има некое значење или..?
Сум сонувала како мајка ми ми рекла Леле какви ти се очите онака изненадена ,ги видов моите очи беа кафеави како што ми се ама некако како на ангел некој сјаеа.
веќе неколку пати сонувам еден ист сон, наоѓам еден прстен со нормална големина многу ми се допаѓа но кога ќе го земам во раце и сакам да го ставам на левата рака прстенот е мал што дури не ми го собира ни на малиот прст.и некако сум разочарана и си велам ту колку е убав баш сакав да го поносам ама не можам.
Ноќеска сонував како сме биле со 2 другарки на излет,и сме се бањале во река,водата беше чиста многу,само се сеќавам дека ми беше малце страв додека пливав да не пропаднам бидејќи било длабоко... друго сонував како сум се гушнала со еден дечко (го бендисувам) и така сме стоеле гушнати подолго време,сум се чувствувала многу убаво,смирено...и потоа му реков дојди да ти ги покажам месечините,и на небото имало повеќе месечини,не една... и еве додека ова го пишував ми текна на еден мал дел од друг сон...само се сеќавам дека некој човек лежел болен во болница,јас сум му била на посета со некоја другарка,нејзин роднина бил овојшто лежел..и наеднаш човеков оздравел,станал,почнал да збрува и јас само сум викала по девојкава не не не,сум знаела дека човеков ќе умре...само на ова ми текнува,незнам дали има уште од сонов или јас не се сеќавам..