На некои делови не се сеќавам ама: Сме чекале со мојата најдобра другарка и со еден комшија автобус за Словенија , на станица сме биле во 5 и 20 а автобусот наводно требало да дојде во 5 и 30... Само што сме стасале мене ми текнало дека во хотелот сум ги заборавила куферите па сум отишла со трчање да ги земам а тие останале да чекаат и мене ми заминал автобусот. Потоа трчајки да ги земам куферите имало еден поголем вир низ кој сум морала да поминам целиот бил со тиња и алги и ми се чинеше дека е плитко и полека почнав да чекорам и стигнав до пола и ми беше водата до колена па наеднаш пропаднав и неможев никако да излезам бидејќи тонев немаше каде да стапнам а неможев да пливам заради алгите, беше многу густо...И цела сум се изводенала, ми течеше пот по главата бидејќи многу се мачев и некако излегов се вратив наназад па продолжив да одам по копно, сум стасала до мојата Класна раководителка и со неа сум направила муабет, не се сеќавам што,но беше нешто во врска со патувањето... Па подоцна ми текнало дека мачејки се да излезам во водата сум го испуштила мобилниот телефон, па со трчање се вратив, и гледам телефонот заминал до на сред езеро, и јас на сета мака пак се решив да влезам во водата и да пливам да го земам, и отидов до едни скали(од тие како што се за да слезиш во базен) ама тие беа скршени неможев да слезам, отидов до други скали пак беа скршени, и гледам водата тука беше подлабока а телефонот се повеќе се оддалечуваше, со трчање отидов до трети скали и гледам многу длабоко а во водата многу тиња и алги и гледам телефонот заминал на сред езеро неможам никако да дојдам до него, и гледам едни жени пливаат на средина на езерото и им викав за да ми го дадат и гледам една девојка отплива до едно купче со телефони и зеде еден и ми викаше овој твој е? и јас и реков не, и таја го спушти телефонот во вода и зеде друг, тој беше мојот и исплива и ми го донесе, и гледам таа девојка ја знам, таа учи со мене, се изгушкавме и таа пак се врати да плива кај жените, а јас пробував да го уклучам телефонот и конечно го уклучив... понатака не се сеќавам...
Сонував како прво сум се смувала во вц со другарка од клас и сите го виделе тоа и мене ме направија ку*ва.После сум се смувала со машко од клас и сите го оправдувале тоа,ама сепак сум била ку*ва бидејки прво со другарка ми сум се смувала.Е сонов стварно ме збуни.Што може да значи ова?
Вака со другарка ми планиравме да одиме кај една жена да ни гледа на кафе( патем се распрашувавме дал навистина знаела да гледа) и одлуциве да одиме.Завчера јас сонував дека сум била кај жената со други дев другарки(ликот од жената не го видов) и за да видиме дали навистина гледа тебаше да фрлиме перница и со тоа свативме дека таа стварно знаела да гледа.И перницата падна крај мене и се вртеше постојано и јас почнав да викам нека нема да одам кај неа .Што значи ова?
Сонов страшен е,ама не се сеќавам на се баш. Баба ми и дедо ми се искарале за нешто,ама толку лошо,си рекле сешто,и на крај дедо ми сакал да ја убие баба ми а таа во парк седела и дедо ми на тераса,го извадил пиштолот за да ја убие,ама јас сум го спречила и уште не сум можела да сфатам како за една кавга,да ја убие баба ми кога толку се сакаат?Потоа дошла и мајка ми и јас сум помислила ама не сум се јавила кај братучед ми веднаш да дојде со колата,за да го спречи дедо ми,а не сум се јаввила зошто тогаш дедо ми го пуштил пиштолот и непукнал ,потоа баба ми влегла во соба кај дедо ми и се било како да не се скарале воопшто,ништо не си пререкле.
Мирисав парфеми. Едни жени ми подаваа, а јас сите 6 парфеми ги пробував и ги оценував. Кажував на што ме потсетуваат. Првиот парфем беше во црвено шишенце. Тој ме асоцираше на некоја личност на која можам да и се восхитувам. Вториот беше во праска боја, и ме потсетуваше на уметност. Виолетовиот на уникатност. Многу убаво се сеќавам на зборовите. А и на чувствата во сонот. А другите парфеми, не успеав да ги отворам - затоа што се разбудив.
сонував како сум си купила темно зелени плишани штикли со мн високи потпетици за 1300 ден од кај мене кај школото една продавница и ми се распариле(скршиле) од позади и напред кај прстите и ми било криво што сум купила за толку мн пари а биле кинески. да не знае некој што значи ова?
Што значи албанец да сонуваш? тој ми е колега од работа и тој нешто ме прашува а јас не му одговара нешто како љут сум му бил.Благодарам Сноу.
многу убав сон сум сонувала,јас во неговите прегратки,многу убаво чувство,и така си се бакнуваме ммммммм,му звони телефонот и не крева,мајкаму и мајками во близина зборувале за некои рецепти нешто,па се најдовме во планина,па тој маваше рака нешто на другата страна на планината а имаше некои луге таму,колку убаво се чувсвувава кога се разбудив
1.Сум сонувала како сме биле со дечко ми на тоа нашето место што нон-стоп си се гледаме и сме се мувале ама јас сум се чудела како ме бакнува,демек тој тоа никогаш не ми го правел. 2.Сум сонувала како тој еден дечко што ме свиѓа(и јас него),ме гушнал ептен убаво и јас сум се свтрела накај него и сум се осеќала мн убаво,сигурно.
Сноу на рецепција... Значи јас упорно го сонувам сонов најмалку 2 пати неделно, само екстериерот е различен, а суштината е таа. Сонувам како сум во некој хотел / одморалиште, небитно значи, автобусот за заминување треба да тргне да речеме во 8, а веќе е 7.45 минути, јас се брзам како улава, се возам во лифтови, влегувам од соба во соба, си собирам алишта, чевли, никако да си го најдам куферот, никако да ставам нешто во него, пред да се разбудам, значи до крајот на сонот - никогаш не сум спакувана, ама никогаш, само се туфкам, се растрчувам, се мачам, а кога ќе го погледнам времето - никогаш па и не е 8 часот. Ниту сум спакувана, ниту доцнам. Ќе пукнам.
Што значи леб да сонуваш,ама внатре имало бубачка....? И друг сон мајками сонувала злато како одбира да купи,чувала во рацете? И силно плачење на сон?Друг ме сонувал како плачам па и он почнал да плаче ради мене? Ај ве молам Сноу Одговори ми. Благодарам.
да сонуваш леб-срека и напредок а бубачки-ве очекуваат непријатности во блиската околина да сонуваш злато-значи тежина ке имаш ако плачеш на сон , ке се смееш во вистина-значи ти ке се смееш и тој ке се смее заради тебе барем јас така знам Албанецот е Човек-колега од работа значи ти е познат Познат човек Ви претстои средба со некој кој одамна не сте го виделе-соновник Фемина го сонував тетин ми како се држи за рака со некоја жена-најверојатно е тетка ми, кај нив дома ама повозрасни веке-носеше златен гердан-значи тежина а за венчавка значи предзнак за срека и љубов во бракот(ако ја гледаш) толкувач-голем соновник има периоди кога сум под стрес, и кога сонувам често разни соништа-потсвеста го прави тоа, секој изминат ден е како филм низ глава кога ке легнеме да спиеме што се премотува, и обично што ти е во глава и тоа го сонуваш или во мислите, во минатото, иднината, па затоа си купив соновник, а и овој на Фемина помага многу немој да ме сватиш погрешно, ама мислам дека на некој начин сонов психички влијае врз тебе- а да сонуваш хотел значи болест-ако си ти во него значи дека ке бидеш болна
Повторно сон со брат ми.. Сме биле на некоја егзотична дестинација, и јас сум скокнала во водата која била чиста и сум ја препливувала вешто. Потоа (ох Боже) сум управувала со хеликоптер. А претходниот сон беше како брат ми ме тетовира. Што би значеле овие?
вака.. има еден тип кој го сакам и имавме нешто ама потоа се се зафркна па немавме ни здраво до вчера кога одлучив да му пишам и расчистивме некои работи и после долго време првпат си направивме убав муабет.. е сега, сонував дека сме се виделе некаде и сме се бакнале и после сме се фатиле.. што значи тоа? едит: другарка ми ме сонувала во езеро и околу мене имало многу змии што е тоа?
прв сон:Сум била многу жедна и одвај сум нашла чешма, сум се напила и после некоја минута пак сум ожеднела и се така.. на крај се разбодив жедна жедна устата сува станав и се напив вода втор сон:Сум била во школо, почнале мн да ме болат ушите и сум ја прашала професорката дали може да ме пушти да одам на лекар, ме пуштила и птатила да дое една другарка со мене.и место да отидам на лекар сум отишла во старото школо (основно) и коа сум влегла одма ми поминале ушите, коа сум искочила и нели да се вратам во школо пак, пак понале да ме болат и од едното убаво почна да ми тече нешто ко мед да беше , имаше знам уште нешто ама не се секавам баш..