Сонував како седам на маса. До мене имаше еден послужавник со торта. Јас ја приближив тортата до мене, со цел да ја јадам. Не изгледаше многу убаво.. Но беше вкусна. Тортата ми падна, и се расури на масата - во еден дел. А јас потоа пробував да ја јадам директно од масата. Добро ми одеше..
Леле за жал незнам дали ќе биде толкуван ама пак јас да прашам. Требаше да пливам во базен и требаше да се натпреварувам со некого мислам со детето што го сакам ама незнам не сум сигурна дали беше тој. И пливавме, се сонував како пливам и јас победив. После излегов од базенот и тој што ги даваше наградите сакаше да биде со мене ама после сакаше да ме задуши со плин Ама не му успеа планот за среќа го спречија. и уште нешто што значи да те удираат на зафрканција ама после ти навистина да удриш некого многу силно за да ги предупредиш веке да не те маваат и тие да сфатат? Сноу или нема време или и здосадивме
Сум сонувала дека сум одела пи некој пат,и имало многу дрва со гранки полни со јаболки.И сега сум одела,сум одела...И пред мене о појавила змија,жолта змија..И сега одеднаш ја снемувало,па се пијавувала,па се виткала...и така. Spoiler аман јас со змииве
сонував како едно куче ми ја гризе ногата,го зедов во раце и некако како маче ми се виде и му го свиткав вратот,потоа некако врнеше и јас влегов во една кука,беше убаво внатре и една девојка ми кажа дека си направила пластична операција на носот и ми го покажа стариот нос,го држеше в рака а имаше помал нос на лицето
Сонував сум седела пред двор и дошол да помине со куче (има ливада тука па преку трупа се преминува од кај нас за на ливада) Мене ми било страв од кучето и сум забегувала.. а тој се приближувал кон мене и го пуштал ланецот од кучето што поблиску домене, гледајќи дека се плашам
1 сон Гледав едни мајка и керка влегоа во бутик и јас си влегов по нив таму имаше едни чевли или кратки чизми незнам што беа, црвени или кафени ама изгледаа износено. А убави беа ама износени. И продавачката ми понуди работа во бутикот и ми рече да размислам. 2 сон Бев нашколо ама во основното од лани сме се вратиле и препишував од моја другарка нешто што сме пишеле а јас тие лекции не сум ги запишала. Ама многу бавно ми одеше. Голем одмор беше дур пишев а другите во училница нешто за бугарија зборуаа и таа другарка ми им рече ајде сега да ви ја сменам верата да ве крстам во бугарска црква и тие станаа таа ги покрсти јас си реков ајде до предмалку патриоти се праеа тука После заврши одморот па влезе по хемија наставничката и почна да поставува прашања ама мене ништо не ме праша слаба сум била по хемија и нешто што ни имаа дадено од нашколо во тоа имаше скришен поклон за секого мене ми се падна чоколадо. Ако има некој да толкува добро, ако не
Сонував дека сум била на одмор со друштвото и братучетка ми,и сме отишле на капење.Братучетка ми имала долга и црна коса каква што нема сега. И се удави.
Сонував како јас со некоја друга личност сме врзани со јаже во рацете. Не се сеќавам која беше другата личност а можеби и бев сама што знам не се сеќавам баш најдобро. И некој цело време не дигаше нагоре многу високо тргајќи го јажето и потоа не спушташе. Неколку пати така. Знам дека бев исплашена и сакав да се одврзам ама не можев. Личноста што не спушташе и дигаше како да беше мојата сестра ама и на тоа не се сеќавам убаво не сум сигурна. Фала однапред...
сонував.. една бивша на дечко ми. бевме како на викенд настрана со друг пар и требаше да дојде пријателка една моја кој рече изненадување дека има а изненадувањето била бившава. е сеа, од коа ја сретнавме таа едвај се поздрави со мене, а со дечко гушкање едно аууу. дечко ми цело време бил со неа. и речиси никакво внимание не ми посвети мене. таа тоа го примети и ме гледаше цело време со потсмев.. :/
Сонувaв кaко со еднa порaнешнa другaркa се шетaме нa улицa. Од до нaс поминa колa и некој ми викaше од внaтре и јaс му врaтив. Другaркa ми потоa ми кaжa декa од тој човек бегa. Застанавме во некој тунел. Колите поминуваа а тој истиот што не поздрави почна да пука. Пукаше по некој друг човек што стоеше позaди нaс пa тaкa преку нaс пукaше од до нaс поминувaa куршумите. Исплaшени дa не не погодaт префрливме нa другaтa стрaнa aмa и тaму не бевме зaштитени пaк куршумите поминувaa до нaс. Видовме едно место многу скриено и тaму се префрливме. Имaше елкa aмa не беше нaкитенa, јaс откорнaв неколку грaнчињa и ги фрлив. Долу имaше погaчa тaa божиќнaтa што се прaви зa бaдник со пaричкa внaтре. Сaмо еден дел и беше поткинaт нa погaчaтa. Тукa кaко дa се спремaa зa божиќ и новa годинa. Другaркa ми нaеднaш ме прaшa уште ли не си пресоблеченa требaше дa зaминеме до сегa. Јaс и рекв сегa ќе се пресоблечaм aмa тaa веќе зaминa . Втор сон- И појдов нa посетa нa посетa нa еднa познaничкa и беше нaсмеaнa. Очите и блескaa кaко дијaмaнти и го кaжaв тоa не верувaше, стaнa дa се огледa и тогaш очите беa нормaлно сини исто ко моите и двете се гледaвме во огледaлото. Не блескaa повеќе. Трет сон- Со мaјкa ми во бутик одбирaме облекa, пaметaм сaмо декa во кaбинaтa се пресоблекувaв aмa не пaметaм дa пробaв новa облекa можеби.
Во неколку наврати сонувам како пушам цигари или толку многу умирам да запалам цигара, што не знам, мислиш нешто најслатко ми се. И секогаш некој ми дава, палам, и се разбудувам. Интересно ми е зошто го сонувам ова, кога не сум пушач или пак љубител на цигари, напротив, ми сметаат.
^Сноу има за учење... уште 10дена имам колуквиуми. Викендов ако најдам време чат пат ќе пробам да протолкувам нешто.Нека поминат колоквиумите па пак ќе се читаме во темава.
сонував како одам по снег низ едно тесно патче,се разминувам со едни баба и дедо и ми било страв од нив да не ми направат магија,минав покрај бабата и таа почна да ме врти како вртелешка во место,а беше облечена во црно
Сонував како со дечкото што се смував сме биле на некои како мали ридчиња имало дрвја сонцеви зраци вода.Незнам како јас нешто сум викнала дека имало човек,го истепа и човеков беше мртов и очите му беа како извадени (хаха хорор филм),од овој дечково почна да тече крв јас го гледав зачудено ама тој како ништо да не е.Одеднаш од кај што му течеше крв потече вода и престана.
Сонував језив сон-гледам како се качуваат луѓе на брод рингишпил ако знаете имаше поставено гај базенот карпош кога беше тука циркусот....и кога ке постигне висина бродот со љуљање почнува да удира во шипките да се криви и да пагаат луѓето од него..а јас само гледам,абе трагедија...сто ли значи ова знае ли некој......не верувам многу на сонови али језиво ми беше