Прво ја сонував сопствената свадба која не се одржа заради низа непријатности и неорганизираност, а потоа сонував каде старец, ама во буквална смисла на зборот, ми нуди љубовна авантура која крајно многу ми беше одвратна па му избегав. Ми кажуваше како жена му е одамна почината. Во сонот бев дете а тој постојано ме држеше за раце и ми ги боеше ноктите во бело иако јас несакав. Имаше густа долга брада и топли црни очи. Несредена коса средна должина со патец љубим те у раздељак. Дебел беше. Љубезно језив. Ич не беше мој тип. Едвај му избегав. Имав чувство дека тоа не е крајот дека ќе ме најди пак. Затоа си седнав до мајка ми која ме праша што барам со него. Ја излажав дека само си муабетевме , тоа е постар човек , што друго би правела. Потоа се затворив в соба и се срамев од себеси.
епа сноу те чекаме зошто без тебе ништо не правиме, треба да го предадеш знаењето на уште некого се зафркавам јас претерав може со соновиве ама ако може некој ова да ми го каже. Сонував дека пушам цигари многу се трудев да станам пушач и пушев го чуствував вкусот на цигари ептен многу, значи станав пушач и после си реков леле а ако станам зависна од цигари ако неможам да се контролирам после ама мислам дека тоа беше само страв зошто после плашењето мислам дека осетив дека можам да пушам само јас кога сакам. Е сега јас проверив во соновникот овде ама пишува за цигара едно а за пушење друго Цигара Ќе изгубите нешто Ако пушите цигара Нема да ја добиете посакуваната позиција. Пушење Ви претстојат среќни и безгрижни денови. е сега кое е точно
сонував тука во комшии се запалила една фирма а кај мене само гамовите само испукале друга штета немало алилиѓето сите биле во паниак и имало многу оѓин
Нема потреба од тоа, за џабе ли Фемина има соновник !? http://www.femina.mk/%D1%81%D0%BE%D0%BD ... 0%B8%D0%BA
Сонував како моите чичко и стрина заминале на одмор во србија, не сум сигурна дали беше со воз. и како нивните деца, моите две братучетки останале со мене
1 Сонвав како сум отишла да работам во продавницата на мајка му на мојот бивши дечко,тоа било продавница за облека и после јас сум се распрашувала за него и мајка му ми казала дека ме оставил затоа што сум дебела и после дојде он и ми го каза тоа и рече кога ке ослабам ке бидеме заедно,а до тогаш ке биде со др ...... 2 Овој сон е измешам со разни случки...Прво сум се возела во автобус со мајка ми и таму сум сретнала девојчиња од школо и тие нешто ми збореле,не се сеќавам што после сме се наоѓала пред некоја зграда и сум звонела на домофон и некој сум чекала,викнала,ама не се секавам зошто и кој..... Сноу?
Сонував многу морничав и неодреден сон. Ме фати паника кога се разбудив, а не знам зошто. Седев на клупа во еден парк. Дојде една постара жена и седна до мене. Почна да ми раскажува приказна.. Си биле две деца.. и два црва.. Децата се исплашиле од црвите.. црвите почнале да ги бркаат децата.. Кога децата сватиле што се случува.. си рекле е сега црвите од нас треба да се плашат. Потоа децата почнале да ги бркаат црвите.. а тие бегале.. На крајот децата успеале да ги фатам црвите.. Ги обесиле, а потоа им ги исекле главите.
Сонував како сум патувала со воз,сама,требало со друштво,ама незнам како сама се најдов во возот...и после неколку станици сум сакала да се симнам,и ми пришол еден другар,онака сме разговарале малце...не се сеќавам дали се симнав од возот или не.
Мојот сон од синоќа во дворот стоиме со мајка ми и сестра ми и кажува дека умрел твојата бивша љубов(кој на јаве се ожени пред 3 ипол години)ама од тука ке биде погребот од нашата куќа, ,доаѓа мртовечката кола ама телото никаде го нема ,од таму мајка ми и сестра почнуваат да плачат на сиот глас,од таму ми чука некој на вратата и гледам две преубави мали кученца машки како требало ја да ги чувам и доага во дворот црвено комбе од дом за сирочиња излегуваат две машки сирочиња и од сите страни ми носат мали кученца кои требало да ги чувам,набрзо целиот двор ми беше исполнет со кученца можеби стотина и повеќе,и децата сирочиња викаат ти ке ги чуваш сите овие мали кученца оти нема кој да се грижи за нов кои биле весели и сакале мое внимание,но излегува мајка ми и татко ми ги избркува сите кученца на сила,ниеден не останува,од таму мојата бивша љубов во една ординација доаѓа како глумец и имал бивша жена бил облечен само во бели гаќи и почнува да води љубов со таа жена како Мира Фурлан глумицата, и наеднаш е гол како од мајка роден, водат љубов а ја само ги посматрам,и викам зошто мене нема некој така да ме сака,и да води љубов ,види оваа Мира Фурлан е иста како Марија Богородица,на иконата на две слики,од таму одам како Мира Фурлан сакала да му се освети и гледам витези-коњаници од редот на СВети Горге облечени сите во црни одела и црни коњи и требало тој да биде убиен. што значи сонот,со него јас немам никаков контакт. поздрав валејуниор,
Овој сон ми е дури срам да го напишам. Најпрво сцена јас и дечко ми во големо купатило- секс. Откога завршивме работа, ми вели е ова беше за последен пат, сега ке одиме кај твојот бивши, да ми ги покаже снимките од безбедносната камера да видам дали си отишла кај него. И сме отиште, јас тој, мајка ми и сестра ми кај бившиот и овие извадиле едни слики да гледаме ама на тие сликите мајка ми кога била млада сликана. И тогаш им дошле на нив гости и едно девојче со сите направило здраво само со мене не, и рекла за тебе одамна изгубив почит затоа нема здраво. Овој сон е врв на глупоста ама можеби има некое значење. Сноу, ако ти е премногу збркан немора да го толкуваш.
1сон. Бабами рела дека дедоми починал и сите се припремале за погребот.. и све тк.. и коа сум го видела јас тој бил жив.. мрдал.. и сум и кажала на бабами и таа рекла, сеуште е жив но кај и да е му се ближи смрта..тоа се познава по трагите на неговото лице Што е ова ве молам некој нека кажее ? 2сон. Сме биле на планина скоро сите луѓе од нашево малоо.. и татко ми заборавил да купи цигари и ме пратил мене, сум зела јас уште 2 другарчина да појдиме до продавница имало тука подолу од планината.. Патчината биле многу криви тесни + тоа снег имало и било малце грубо за одење.. и јас сум подскокнала на снегот ама тоа бил како камче под него или нешто слично да имало и детето што одеше пред мене рипна од на снегот.. ко ја да го потурнав ненамерно ко скокнав.. и падна доле.. а долу имаше мн кривини па удолница.. тој се прпелал мн.. нзм како да објаснам .. и паднал како од мн голема височина се нашол долу на патот.. а јас по него.. јас малце сум се закутарала но веднаш сум се задржала за нешто и сум се спасила.. потоа сама сум слегла долу да го барам.. сум се нашла како на некое игралиѓте каде што има мн деца и сум се распрашала дане го виделе тоа дете.. тие ми кажаа дека го зеле со болничка.. потоа и тато излегол пред мене сум му ги дала цигарите така збунета и сум продолжила да талкам да го барам детето.. Потоа ко сме дошле дома се сејќавам сме пошле кај него пред куќа појќе деца и сме го прашувале како е... а тој одговорил бил добро.. и така ми олесна малце.. И се разбудиф.. !
Ги сонував двете бартучедки . Едната си купи фустанче од Зара за 57 евра (од каде ценава сум ја ископала не знам ) А јас и кажував да облече жолти хулахопки. Другата братучедка ми кажуваше дека се сеќавала за нејзиниот минат живот и за нејзината љубов тогаш. Исто така, ми кажа и дека се сомнева дека дечкото е жив. Тој од претходниот живот. Втор сон - Бев во Кина. Изгледа дека читам една книга поврзана со Кина па затоа.. Се најдв на едни скали од земја (буквално) Земјата беше темно кафена, со разни бубачки и инсекти. Паднав по скалите и се задржав за последната скала со раката (како на филмовите ) и се спасив. Инаку.. скалите водеа до океан. Сум сакала да ја откријам Атлантида.
Сонував како сум месечарела. И после тоа, кога во сонот дознав дека сум месечарела, многу плачев. Ама многу. Не се сеќавам конкретно како сум месечарела, дали сум избегала негде или нешто друго. Само знам дека сум месечарела, и дека после тоа премногу плачев. (Затоа што, порано имам месечарено неколку пати, и ми беше страв, да не се повтори).
Денес сонував многу кратки сонови, па само на некои од нив се сеќавам. 1 сон - Имав прекрасна плетенка во косата. Не знам од кој вид, и кој ми ја направил - но многу убаво ми стоеше. Само бев малку загрижена како ќе спијам со неа и дали ќе ми се растури. 2 сон - Сонував како си ја мијам косата со новиот шампон за коса. 3 сон - Сонував како сум бирала кондури, во продавница. 4 сон - Сакав да јадам колачи, но не ги изедов.
Пред 2 дена сонував еден сон што многу ме замисли. Како јас и другарка ми сме биле во црква, и таа држела свеки во рацете но не биле запалени. Кога тргнавме да излеземе од црквата таа ги фрли на земја свеките и ги скрши. Знае некој што би можело ова да значи?
Дали на некој му се случува лицностите што ги сонува било подалечни било поблиски да ги сретни другиот ден јас мора така мора личниста што ја сонувам да јавидам па макар на крај на свет била кажетеми дали на некој му се случува ова се што сонувам се исто во реалноста ми се случува кажетеми нешто несакам да знам вака што ке ми се случи кажете ве молам на некој ова дали му се случува?