Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Сонував како ми исчезна кучето од пред очи и по некое време ми ја вратиле ама во помала верзија.
    А пред некој ден го сонував Тимати бе,сме биле во некој хотел и од возбуда за жал се разбудив :$
    elisabeta да ги сретнував личностите што сум ги сонувала ќе бев најсреќна :)
     
  2. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    сонував како одам во бутик да си купам долна облека,боди,ама немало,после некои девојки се шминкале си правеле фризури,а јас сум си чекала на ред незаинтересирана
     
  3. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Сонував два мн чудни сонови ,едниот сон беше како дома сум била сама и сум спиела и некој ми ѕвони на врата идам јас отватам и една жена со плава кратка коса на возраст околу 40-50 год ме нападна сакаше да ми влезе дома и почнав некако да се бранам (бранејки си ми падна мобилниот и ми се скрши) и успеав да ја избуткам надвор во влезот и таа таму почна уште да вика да се тепа со мене но излегоа некои комшии и таа избега :( Незнаете колку се исплашив во сонов .
    А другиот сон беше како се шетам со другарка треба да одиме кај дечко ми со нејзе ама сетоа тоа како да одиме на некое ридче и одеднаш некој не заробува и такви седиме како во некоја пуста шума заробени двете околу нас дрва и трева нешто имаше и одеднаш се појавува др човек со пушка и јас и викам на таа другарката на три -четри ќе бегаме трчај најбрзо што можеш ,и јпочнувам јас да трчам а таа остана и трчам и доаѓам докај дечко ми и го гушкам со сета сила но уствари не е фацата на дечко ми тоа туку на мојот прв дечко ,и му кажувам што се се случи и као се појавува мајка му и татко му и сеа пак почнуваме да се договараме за излегување со нив на вечера ќе сме оделе и така се разбудив :?: Значи соновиве не да ме збунија страшно .
    Ај некој ако сака нека ми ги протолкува двава сона :)
     
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Зашто никој не ги толкува соновите? каде е сноu
    seuste cekam
     
  5. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Сонував како сестра ми го изневерува мажот, а јас сето тоа го гледав. Потоа плачење и нивна разделба. На сонот ми беше жал за маж и а од неа ми се гадеше.
    Потоа сонував еден познаник кој станал татко по грешка со некојашто бил само еднаш, па прв пат му го носеа роднините од девојката да си го види детето -бебе мало. Присуствував на средбата, имаше луѓе, мезе... а таткото се расплачи од среќа кога го виде детето. :^)
     
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Сонував пеперутка, леташе околу мене - како да сакаше да ми пренесе нешто, да ми посочи, да ми го покаже патот. Ја гледав и чувствував дека треба да и верувам, знаев дека знае се за мене.
    Можеби сакала да ми помогне во решавањето на проблемите.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Некој да се најде да протолкува...
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    :) До сите феминки кои ми пратија ЛП со сонови,многу сте да не ве набројувам,како и девојкиве што во темава ме повикуваат. Девојки,разберете ме дека многу сум зафатена со учењето. До следниот петок=тоа е уште 10 дена, ве молам почекајте да ми поминат колоквиумите и потоа и по лп и овде ќе ви одговорам. Верувајте ве сваќам дека на секоја од вас ви е важно да знаете што значи,поготово ако ви делувало страшно. Ама пишам ли на една овде или на една по ЛП нефер ќе сум кон другите :) Тие што ми пишавте сонови во ЛП,одговорите ќе ги добиете следниот викенд,и од следниот викенд повторно се читкаме во темава...поздрав сонувалки |-) |-) |-)
     
    На Sara123, creshicka, CIA и 5 други им се допаѓа ова.
  9. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Да не знае некој што значи да сонуваш кражба? И кај мене дома и кај моите дома!
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Преземено од соновникот на Фемина.
     
  11. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    1.Сонував како сум одела на училиште и сум забележала еден пат.Сум почнала да одам по него и за кратко време сум стигнала до едно село,кое инаку го познавам.Сум се зачудила како оваа патека води до ова село и сум стигнала толку бргу,бидејки селото е многу оддалечено.Сум решила штом сум веќе тука,да ја посетам баба ми.Неколку луѓе стоеле на едно место,а меѓу нив била и баба ми која седела на тротоарот.До неа имало неколку полни торби и јас сум ја прашала зошто и се толку многу,каде ќе оди.Сум дошла до неа,сум ја прегрнала и сум ја бакнала.Сум и кажала да го поздрави дедо ми ако го види.(сум мислела дека баба ми ќе оди во рајот).

    2.Сум седела со баба ми и мајка ми дома.Дошол брат ми,а во раката држел некои листови.Ми кажувал нешто што било поврзано со листовите.Мајка ми прашала што да направи за ручек,а брат ми кажал пржени компири.Јас сум му рекла дека искористува тоа што баба ни дошла на гости,инаку немало тоа да побарал.

    3.Сме имале физичко и сме биле во салата.Јас,една другарака и една девојка сме седеле,а другите играле ракомет.Друга девојка почнала да слика.Ме сликала и мене,но јас сум го зела фотоапаратот и сум ја избришала сликата.Сум видела дека има и други слики.Потоа јас и две другарки сме седнале на средината на салата.Едната другарка почнала да кажува нешто.До нас дошло нешто како робот и јас сум и кажала на другаката да престане.Потоа со една од другарките и една познаничка сме се наоѓале надовор.Сме седеле на една широка даска која претставувала на некој начин мал мост.Сме зборувале за тоа колку споменици има во селото(истото за кое зборував во 1 сон).Познаничката покажала на едно место,кое се наоѓало близу до нас и кажала дека тоа место го нарекувале душа или души,бидејки на тоа место биле погребани само млади луѓе.Јас сум почнала да бидам малку нервозна поради тоа и даската почнала малку да се ниша.Јас сум им рекла да се тргнеме за да не паднеме.Јас и другарката сме се вратиле во салата,но таму немало никој.Сме виделе некои луѓе и сме се исплашиле.Сме почнале да бегаме,а другарка ми викнала.Луѓето не забележале и почнале да одат по нас со пиштоли.
     
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Сонував како улиците во Скопје биле поделени, на некои смеело да идат само христијани, а на другите само муслимани. Некако јас ненадејно сум фатила да одам по тие за муслимани. Движејќи се, во рацете сум ги имала сите златни прстени од дома и сум сакала да си ги ставам на прстите, но никако не сум успевала. Пред мене сум видела мртва девојка христијанка, целата застрашена сум се обидела да избегам од тоа место со главата наведната, за да не ме препознаат дека не сум дел од нив. Многу се мислев дали да го напишам сонот за да не навредам некој. Сакам да знаете дека немам никакви верски предрасуди. Незнам зашто сонував вакво нешто. Интересен факт ми се виде тоа дека денес е првиот ден од аџилакот на муслиманите. Да не знае некоја што би можело да значи сонов?
     
  13. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Ќе склопиш многу нови пријателсва :)
     
  14. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    на сонов не се секавам бас мн добро ама еве нешто....значи сум билаво една полуотворена соба навечер и некој таму остави ајфон да се полни и сум земала сум сакала да му го чепкам ама не сум го отклучала туку самосум го земала у раце и после нз зошто сум излегла од собата и нај нормално ко цела гамилија да сме биле вампири сите спиеле само ние не и сме си шетале по зградата....баш чудно?!!
     
  15. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Нема да успеете да ги остварите вашите финансиски амбиции, а тоа ќе ви создаде внатрешен немир.
     
  16. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    ...долги се ама што да правам...сите се за една вечер сонувани рекорд.....
    сон 1... беше 2 или 3 саат по полноќ а кај мене дома дојде еден семеен пријател за да ми помага со материјалот за на факс... имав предмети врзани со економика шо ти јас знам а тој порано не можел да дојде, само тогаш....и добро, кај мене во соба ми објаснуваше.....едно 10 години мање више е постар од мене али беше некако погрд во сонот а беше и иритантен шо во реалност не е баш..... и тогаш во гости дојде тетка ми....пијана беше....наеднаш влезе у собата, се смееше и почна да ми вика ааах ти веќе носиш мажи у соба :^) ја се пренервирав зашо мисли дека одам со тој, прво не беше вистина и ми беше незгодно, не би ми паднало на памет со него да идам ни во реалност, второ грд беше у сонот..... он почна да и се правда...не јас сум тука за да објаснувам....ја и се развикав....тоа не е вистина ма... и ти што бараш во ова време тука...нормална ли си.....таа си излезе од тука и отиде во спалната кај моите они спиеа....па татко ми се разбуди и ја прашуваше дали е нормална...што бара тука во тоа време...она пак пијана си се смееше....му рекла на татко ми дека ја избркале од дома и да ја прими....он ја избрка јас го оправдав тоа....инаку таа е од страната на мајка ми, и она со татко ми не се мирисаат многу ни у реалност.....
    сон 2... имав сестра близначка :^) а имавме некаде 35-40 години....значи бев постара и не личев на себе.....од странство сме се вратиле во скопје.....али сме биле малку изгубени во градот....не сме знаеле од која страна да свртиме за да стигнеме до местото каде што треба да одиме.....она велеше да тргнеме на десно али јас знаев дека од таму има свртување и дека побавно се стигнува а дека од другата страна побрзо ќе отидеме....плус од таму летаа три четири пчели...знаев дека се малку али не сакав да се судрам со нив.....она замина на десно....јас на лево....она требаше да се соочи со пчелите ама од мојата страна имаше едно куче..... нејќев да поминам ради него.....средна големина сиво улично куче....кога се решив конечно да поминам, ме загриза за патиката (чудна работа, секогаш кога сонувам дека треба да ме касне некое животинче ме гризнува за патиката и така останувам некасната) јас тогаш го шутнав и тоа си замина, се повлече....сакаше да се преврати на момент али као да му беше страв....јас можев да продолжам ама чудно...падна мрак....кога стигнав...близначката веќе била таму....кај луѓето каде што требало да одиме....жени на наша возраст...блиски ни биле....седеа на некоја летна масичка и пушеа цигари.....ми рекоа дека многу се загрижиле за мене што доцнам толку....им раскажав што како....они ја пофалија мојата близначка дека побрзо стигнала.....ми беше малку криво и во себе се лутев како успеа да стигне пред мене....им реков...ех да не ја изберев јас другата страна и да не ја натерав да оди таа од таму друго ќе беше...значи пак имам заслуга....они само се насмевнаа и толку....
    сон 3... бев излезена со најдобрата другарка од средно и со уште еден другар во град навечер.....али ова поише личеше на охрид:^) неважно битно сме биле у град.....и нели таму у охрид има како еден мост....значи шетавме подолго време....па стигнавме до мостот....другарот имаше еден црвен мотор....се качивме сите тројца на него и на мостот се возевме со моторот.....многу беше тешко но и интересно......коа го преминавме мостот луѓе понатаму немаше и рековме да се вратиме.....али другаркава многу сакаше да прошетаме понатаму и ајде добро се согласивме.....го оставивме моторот пред мостот и продолживме......па имаше од едната страна на патот езеро.....од другата шуми.....јас не знаев што и е толку интересно да се шетаме низ пустелијата ама добро....зборевме за плажите.....па наеднаш почнаа силни и големи бранови и да дува ветер....јас и реков ајде се враќаме....она вика не...баш е интересно....поодевме уште малку па приметив портоклеви искри на небото....и реков опасно е веќе се враќаме.....и тргнавме а се плашевме да не ни се случи нешто......сепак стигнавме назад до мостот а таму времето беше мирно....е сеа моторот на другарот го немаше....изгледа му го украле....таму беше неговата баба и му рече дека се јавила кај неговите родители.....ја си реков ајдее они ќе се јават кај моите и напразно ќе ги загрижат.....го поминавме мостот пеш и се враќавме назад......полно беше со луѓе, поточно деца тинејџери....а и ние бевме тинејџери....и приметив дека доаѓаат гласови од едно дрво али не гледав кој беше таму зашо дрвото беше прекриено со лисја.....едниот глас го препознав....другар исто од средно али тој беше белјаџија....стално се глупираше.....и други гласови на врсници.....почна се погласно и погласно....другите не сфаќаа кој е и се чудеа што се тие гласови....овие се добро испланирале....поврзале жици, микрофони низ градот и дигнаа паника меѓу некои деца што пиштеа и трчаа наоколу....јас си реков сигурно овие и невремето го исценираа....јас се чудев како се толку глупави луѓето за да плачат и да се грижат....нели гледаат дека е зезанција....и реков на една друга другарка исто од средно дека на 21 декември требаше да им го направи ова :D...али и првата другарка со која бев излезена плачеше иако и појаснив дека е шега....рече дека некои луѓе се поосетливи и било мн тешко па почнав да ја тешам.....ме покани за следниот ден кај неа дома и јас прифатив иако не сакав да одам баш....таа ми рече ама да дојдеш навистина....јас и реков добро.....стигнавме до центарот на градот....дотогаш си гледав на интернет преку телефон некои глупи трачарски вести и таму го пишуваше моето име и презиме и како некоја естрадна пеачка ѕвезда од србија хрватска не знам каде ме запросила мене.....се зачудив....таму во центарот оној боко 13 водеше некаква манифестација.....и мене ме спомнаа гласно како сакаат да ме свршат за него :puke: и таа бабата од другар ми рече дека јас понекогаш сум многу добра и ведра а понекогаш многу лоша и нерасположена.....и тој рече добро ќе размисли :puke: и отиде да му се пушта на пејачот од хрватска а тој го избрка марш педеру нешто така му рече.....и сите збореа за мене....некои ми викаа браво сега си славна....јас си реков да сега откако ме избрукаа трајно....
     
  17. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Епа јас си ги сонував предните заби ама ми беа криви изместени. :^) Tоа прв сон
    а пред некој ден сонував дека сум патувала некаде со автобус и во автобусот ја сретнав другарка ми, случајно седнав до неа и одвај се познавме мислам дека требало да одиме во Мариово сме имале работа таму :^) и застанавме по пат и имаше прекрасно езеро, водата бистра, многу убава плава од сонцето :sun: ама беше некако чудно и ми рекоа дека е море а не езеро. Јас реков па македонија нема море, ми рекоа има ама лажат :^) И наеднаш мали бранчиња видов ама се смирија брзо. И убаво тука сите бевме слезени и со другарка ми дури си праевме муабет видовме еден друг автобус си возеше полека во водата во плиткото, демек од нашиот автобус не можел да помине :^) и јас и реков ете гледаш за 20 години и ова ќе го загадат. А ако му било за да помине побрзо а нашиот автобус му сметал ќе возеше побрзо немаше да се влечка како брод да е :^) И после го продолживме патот и цела ноќ сонував така како патуваме :?: незнам зошто толку автобуси сонувам :^)
    и уште еден има ама не го кажувам сега :D повеќе работа на сноу да не и отворам
    мислам ако знае некој друг што значат може да напише :?: не знам како ќе стигне сноу се да ни толкува
     
  18. Artist14

    Artist14 Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    13
    Еј здраво феминки,сум сонила како сме биле со некои пријатели на некоја полјанка,близу имало шума и некоја шталаа пред неа имало како обградено дворче со дрвја и имало овци,но наеднаш дошле бизони.Но во тој момент бизоните почнале да бегаат наоколу, а овците по нив со цел да ги нападнат.Тогаш сите сме почнале да бегаме од овците за да не бидеме нападнати.Ке ми каже некој што значи тоа ??? :D
     
  19. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Сонував како се возам во автобус, и едни девојки ме гледаа така чудно незнам зошто. Имав ташна, во неа златест часовник(бижутерија) и паричник. Го отворив паричникот и видов фотографија на брат ми една малецка, а после го извадив часовникот и си го ставив на левата рака. Се симнав од автобусот и бев во некое пусто село, беше темна ноќ. видов една бела кола како поминува. Како да барав нечива куќа. требаше кај некого да одам и кога ја најдов, тетка ми ми излезе на пат заедно со братучед и кој има сини очи. До нив видов три кучиња. Големото беше сиво, другото шарено а третово незнам. Нешто околу мене се врткаа, како да се умилкуваа. Кога влегов во куќата многу беше растурена, онака неуредна за никаде, ама знам дека беше на човекот што го барав.
     
  20. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам многу на сонов,значи вака,сум била кај другарка ми и требало да се качам по скалите за да влезам кај нејзе дома,ама во тој момнт излегол симпатијата :lol: и од што сум била радосна не сум можела скалите да ги искачам,се сеќавам тешко ми беше нозете да ги подигнам.И после со некои деца од таму сум отишла на некое место(сала),било стварно многу големо и имало само столици,по две една до друга,наредени во редови.Сум седнала со друштвото и таму нешто сме правеле,а следно што се сеќавам е дека одеднаш,додека седев на столчињата се најдов во автобус и на следната станица требало да се симнам...
    Колку неповрзано сонувам... :?: