сонував како сум била бремена од дечко ми и заедно сме биле на ехо и он преку ехото познал дека дека бебето било плаво и со муценце убавко и почнал да зборува како тоа бебе не е негово сигурно сум го изневерувала со некој плав и ја на тоа сум му рекла дека арно плав и со локни бил како мал, не го прифатил тоа и ме оставил и сум почнала да плачам сум немала друго чаре освен да барам по болниците и гениколозите кој ќе се нафати да ми извриши абортус сум нашла некоја жена која ме познава и сум и рекла да не кажува на др бидејќи не сум сакала да се расчуе дека дечко ми ме оставил и сум морала да абортирал и се разбудив дали знае некој што може да значи сонов.
Пред недела време,почина бабами . Синоќа сонувам како ми ѕвони фиксен, кревам слушалка ја слушам: Дојдете извадете ме од гроб, жива сум, и тап спушти слушалка. Многу реално беше..Се плашам , психата ми е пореметена..
Сонував како спијам, и некое машко дојде легна до мене, нешто кажа и во тој момент му го осетив здивот?????
сонував дека братучетка ми која не ми е многу блиска се развела и се омажила за друг.. што значи тоа?
Сонував како сум била на училиште и една другарка од мојот клас се обиде да ме убие со нож. Училниците ни беа како соби и појдов јас ја прашав дали можи да се напијам вода, и кога се наведнав на огледалото пред мене видов како држи нож, и се завртив и се боревме.. и успеа само на раката да ме обележи малце ама крв немаше, само црвена линија која ми стоење долго време. И потоа со друга другарка се јавивме во полиција.. а полицијата била подолу од училиштето.. излеговме пред училише ама ги сренавме тетками и тетинми појдовме се позз и со нив имаше уште едно машко, и другарками ми рече, јас ќе одам да се прошетам малку со нив. И јас сама се вратив назад во училиште. Потоа влегов кај една другарка во соба (училница) и ја прашав кај е ова и ми рече тука е.. а во собите се влегуваше од соба всоба, а нејзинаа беше до неа..и излегов. И се разбудив yстата ми беше исушена за вода Премногу ми се пијаше, станав и се напив Шо може да значи ова?
Сонував како поголема група на луѓе сме сакале да поминеме една река. Реката била многу тесна па со еден скок сме можеле да ја преминеме. Јас сум била прва што требало да ја помине и таман да сум скокнела внатре во водата сум приметила дека имало долга и дебела змија. Јас сум и била точно спроти нејзиниот долен дел, значи главата не сум и ја гледала. Бидејќи ми било страв да ја скокнам сум се повлекла и сум им кажала на сите да одиме преку некој друг пат. Но еден дечко се правеше храбар и се одлучи да помине. Значи поминува така тој и змијава му се врти, се обвиткува околу него и ја отвара устата да го касне. Таман да го касне мене сонот ме префрла на друга сцена. Не видов што се случи. Знаете постојано кога сонувам змии, ги сонувам во вода.
Последниве 3-4 месеци многу често сонувам како летам. Речиси секоја ноќ. Незнам зошто.. Ама овој пред некој ден ми беше навистина многу чуден и еве ќе го раскажам со надеж дека некој ќе може накратко да ми го протолкува. Сонував како одам по некој прав пат, бескраен, крајот не му се гледаше. Беше ладно и сиот беше во мраз и многу лизгав. Додека чекорев бев некако иронично насмеана, среќна за некое лошо дело кое сум го сторила. (Незнам за што точно стануваше збор). И како што одев одендадеж пред мене се појави голема песочна плажа а до неа огромен океан чиј крај исто така не се гледаше. (Мразам кога сонувам вода). Времето беше тмурно, сето облаци, и немаше сонце. И така како што јас стоев се појави еден стар човек кој можеби имаше накај 60 години со кратки мустаки, и беше облечен во кафена јакна. Со својата рака замавна малку и почна да ме крева во воздух. Ми рече ,,Не треба така'' и ме држеше над океанот некое извесно време. Јас се обидував да се спуштам но не успеав. Потоа тој ме спушти и се разбудив. Што би можело да значи овој сон? А да, сонував и атентат врз некој авион во Кина каде патниците ги убиле со пиштол... лол.
Сум сонувала како сум заљубена во некој муслиман и поради него сум ја сменила верата, сум станала муслиманка и јас. Ама потоа сум се покајала и несум знаела што да правам за да повторно бидам христијанка. И знам дека во сонот се отепав плачејќи и нервирајќи се оти сум станала муслиманка.
ја не се секавам најдобро на сонов но знам имаше нешто незна што некој ми кажал дека на нозете сум имала мн долги нокти а јас сум негирала и сме почнале да се караме!
Станот на баба ми, во кој живеев подолг период од моето детство поради Х причини ми се случува МНОГУ често да го сонувам. Разно разни соништа. Но секогаш кога го сонувам станот на баба ми НИТУ ЕДНАШ во сонот не е онаков каков што е во реалноста. Ниту пак зградата. Често ми се случува да ја сонувам зградата некако почудна со повеќе скали, па неможам да ги најдам скалите за да искочам од зградата, или пак го нема лифтот туку дупка огромна.. Значи многу често ја сонувам и зградата и станот но никогаш онакви какви што се, секогаш се скроз различни, често со фалинки некои Дали некоја знае да ми објасни зашто ова се случува? Што би можело да значи?
на сон со брат ми сме се мавале со камења. тој фрлил по мене 2 големи камења ( ко цигли нешто) и ме промашил сум се тргнала, а ја кон него сум мавнала со камен голем колку тупаница една и сум го погодила на десната нога под колено.
Сонот мајка ми го сонувала. Ја сонувала баба ми што е умрена дека била жива значи мајка и нејзина. Мајка ми на баба ми и рекла дека сака да умре ама баба ми и рекла не какво умирање немој така да зборуваш. После па слушнале некаква песна забавна и во песната се спомнувал господ и баба ми и рекла на мајка ми да се прекрсти, мајка ми ја прашала зошто а баба ми и рекла така, убаво е. И се прекрстила и толку. Ако знае некој зошто мајка ми се загрижи што значи и сите ги прашува фала
-Патување со авион ... -И заборавена љубов која повторно се појави во мојот сон ....и се уште ги чувствувам тие чувства од сонот.. меѓутоа во реалност во живо повеќе не .
Другарка моја сонувала како и паѓале заби, па да прашам за нејзе.. Слушнав нешто лошо било, али ајде да видам вие што ке кажете.
Од фемина соновник: Така да, колку е точно, незнам. _________________________________ evelyn993-Ако фрлате камен Ви претстои разделба со блиска личност. Ако некој фрла камен по вас Ќе добиете лоши вести. Камен Ќе бидете измамени Од друг соновник: Ако фрлате камења Незадоволство. Камен Тежина во животот. _________________________________ Boomgirl-Ако патувате со авион Ви претстои брз успех. Ќе ги реализирате вашите намери и ќе напредувате во кариерата. Незнам на што сметаш за заборавена љубов, па еве едно линкче, колку ти е погодено, незнам. http://www.femina.mk/%D1%81%D0%BE%D0%BD ... 0%B5%D1%80 Од друг соновник: Ако се возите во авион Ризикот ќе ви успее. _________________________________ theAristoCat-Ако некој друг се разведува Вашите пријатели ќе ви ја докажат својата лојалност. _________________________________ alexsandraa-Ако некој се обидува да ве убие Ќе имате беспрекорно здравје. _________________________________ karenin-Змија Ако сте жена – ќе зачнете. Мала река Нема да имате големи постигнувања во животот. Од друг соновник: Змија Внимавајте, некој од вашата околина сака да ви напакости. _________________________________ Valerin-Ако летате Предзнак дека ќе успеете во животот. Колку повисоко летате, толку поголем ќе биде вашиот успех. Атентат Ќе се разочарате од некој ваш близок. Од друг соновник: Летање Блажество. Атентат Сплетки и завист. _________________________________ Artist14-Овца Симбол на богатство. Бизон Ќе имате силен, но глупав противник. Штала Некој ваш проблем конечно ќе се разреши. Од друг соновник: Овца Задоволство. Ако видите штала или се најдетевнатре Ќе решите некои проблеми.
Луге јас сонував мошне чуден сон. Сонувам како спијам и наеднаш се будам и гледам пред мене мало мртво дете стои и ми вели подавајки ја раката кон мене:Ајде фати ме за раче ти не си за овде.Јас таман да го фатам за рака се разбудив.Што значи тоа?