Nesakam da te plasam no i jas se plasam...Moite sonovi se ostvaruvaat dali posle godina ili dve se ispunuvaat...Sonuvav deka ke napravam soobrakajka ama ne veruvav si vikav aj sonista-svasta ama posle dve godini a mozebi i poveke se sluci...za sreka od site drugi jas samo ne bev nitu so skrsenica nitu so povreda...Ali ne se nerviraj i ne misli na toa pozz
сонував дека во мојата поранешната соба во куќата на моите родители (сега сум мажена) како некој да запалил оган, немаше многу искри но сета соба беше во чад.... и мислам дека сум била таму и ја затворив вратата да не излегува чад во другите соби.... многу ми е страв дека мојата сестра уште спие во таа соба да не и се случи нешто лошо ....а и кога се разбудив не знаев кај сум,си мислев дека сум во мојата поранешна соба
Da toa ama jas sonuvam nesto kako na tia i tia deteto ke mu dozivee nesreka i mi pokazuvat plava kola i sto e najtragicno site se ispolnuvaat bez razlika dali se dobri ili losi[/quote] Една другарка исто така сонува и се што ке сонува и се исполнувала...и кога ќе сонува нешто лошо сонот одма го прераскажува на некој дома или било како..и не се исполнува..пробај така...можеби ке го спречиш остварувањето на лошите сонови
Ретката коса асоцира на тоа дека некако не си задоволна од себеси.Се чувствуваш неубаво,како психички така и физички.Сакај се себеси повеќе Слатки,чоколади значи љубов,прослава и самонаградување.Исто така сугерира дека треба повеќе да се воздржуваш од некои коментари да не предизвикуваш караници. Сонување на кралство,крал и кралица,принц на бел коњ и слични работи означува престиж.Ќе се издигниш нагоре,ќе ги надминиш проблемите,ќе имаш моќ и контрола. Нова куќа на сон укажува на тоа дека се влегуваш во нова фаза или нова област во твојот живот.Стануваш се повеќе емотивно зрела.Да слушаш чекори на сон значи дека си загрижена за некој проблем,те совладува стравот и паниката.Зајак на сон значи среќа,магичност,позитивно гледиште кон животот. Мачки на сон симболизира независен дух,женска сензуалност,креативност и моќ. Болка и паѓање на забите претставува некој опасност во приватниот живот,здравјето или бизнисот. Исто значи дека и некои зборови што си ги кажала порано сега се враќаат назад и те прогонуваат... Дечиња на сон значи дека имаш многу квалитети,сакаш дечиња.Можеби повторно сакаш да си дете.Се обидуваш да ги задоволиш потиснатите желби и неисполнетите надежи. Црква на сон ја означува светоста и духовната храна.Таа е претставник системот на вредности и светите работи.Во целина сонот означува светост и прочистување. Да се возиш во авион значи дека имаш целосна контрола врз тоа што сакаш да бидиш ти во животот.Самоуверена си и убедена што сакаш во животот. Да го сонуваш бившиот дечко значи дека не треба да бидиш толку оптоварена во некои нови љубовни врски.Сонот исто така те враќа назад во минатото каде што повеќе владеела спонтаноста отколку сериозноста. 1.Да сонуваш дека дечкото те изневерува значи се плашиш да останиш сама.Можеби чувствуваш недостаток на внимание во врската.Пепел од цигари на сон значи некоја мала настинка. 2.Бројот седум на сон значи среќа т.е си сакала да ја зграбиш среќата. Како што кажав погоре,ретка истрижена коса незадоволство од себеси,се чувствуваш неубаво психички и физички. Да сонуваш за змии,гуштери,црви и слично значи дека треба да се пазиш од некого/нешто во будниот живот. Да породиш мртво бебе на сон значи крај на некоја работа што порано била дел од тебе. Е сега,имам многу за учење,немам време,ќе ги протолкувам останатите подоцна.Поздрав
Багее денеска кога станав сонував како сум имала или пак некоја роднина имала многу мали децааа многу и јас сум ги чувала ама што е најинтересно сите биле машки. Што би било тоа?
1.Стара куќа на сон укажува на стари верувања,навики и чувства.Се навраќаш на некои стари емоции сврзани за некоја работа.Исто така стара куќа значи загриженост околу некои твои домашни работи,се плашиш твоите дома да не дознаат за некои твои тајни и слично.Да слушаш гласови на сон значи некоја порака.Исто така сонот значи дека некои мислења што ги имаш во себе,гласови што ти зборуваат не треба да ги криеш туку напротив да ги изразиш. 2.Сонот е тежок за толкување...Жена во црно значи некоја несреќа.Предвидувањата што ти ги кажувала значат слободноумност. 3.Црква на сон ја означува светоста и духовната храна.Таа е претставник системот на вредности и светите работи.Прозорец на сон означува светла надеж и многу можности.Исус на сон значи дека твоите најголеми желби ќе бидат остварени.Овие сон служи да те зајакне и да не потклекнуваш на некои лоши работи што ти се случуваат. Да вршиш мисија на сон значи дека многу си посветена на некоја работа.Да сониш како некој плаче претставува проекција на твоите лични чувства.Се правиш дека си многу силна,а всушност умираш во себе. Базен со вода на сон укажува на тоа дека треба да ги признаеш и да се разбереш твоите чувства. Време е да се справиш со некои емоции.Исто така укажува на тоа дека треба да ги измиеш некои моменти од минатот,т.е да ги избришиш. Црвената боја е среќа,разнобојноста на базенот означува топло-ладно однесување на некого спрема тебе. Крстот на сон означува страдања,маки и смрт и/или жртва.Тоа е симбол на твојат религиозната вера. На сон гушкањето некого кој одамна го немате видено симболизира љубов и се грижа кон природата. Исто така дека се држиш кон некого што навистина го сакаш.Укажува на тоа дека и сакаш повеќе да се приврзуваш кон некого/нешто. Свештено лице претставува груба лична лекција што треба да ја научиш.Можеби се обвинуваш себеси за некоја работа.Време да престаниш да си отежнуваш себеси. Мече на сон симболизира независност,циклусот на животот,смртта и обновата и воскресение.Минуваш низ период на размислување. Снег на сон означува неизразени емоции и чувства на фригидност.Мораш да ги ослободиш овие чувства. Сообраќајна несреќа симболизира емотивна состојба и длабоко засолниште на вознемиреност и страв.Треба да се забави малку,да се стабилизира емоционалната состојба пред да се случи нешто полошо. Да чуваш мали деца значи дека си имала убаво и безгрижно детство Задоволни?
Епа пишав и во што сонувавте последно.. Ќе пишам и тука.. Вчера сонував како патуваме со кола .. И како што погледнав низ прозорот од колата видов многу разбранет океан.. Потоа се возев знам со лифт.. Тесен а долг.. Денес сонував исто, не се сеќавам на цел сон, само на крајот.. Знам дека бев исто во кола, со малата братучетка и 2те тетки, идевме по пат негде по планини, стрмни патишта беа, те нагоре , те надоле. А најчудното во сонот беше што видовме човек на автопат... Времето беше знам стемнето.. И тој човекот е уствари комшијата мој ( дека тој е пијаница ) и таков идел сред автопат...
Не се секавам точно што сонив...али знам дека имаше чаша полна до половина со црвено вино и шише со црвено вино.. знае некој што претставува црвеното вино
Да сонуваш како се возиш во кола значи дека сакаш да поставиш контрола врз својот живот.Носиш важни одлуки,т.е на почеток си да носиш важни одлуки за твојот живот. Да се возиш во лифт значи дека ги надминуваш некои тешки ситуации,конечно среќа во твојот живот. Океан значи самообновување и самодоверба на високо ниво. Да сонуваш Спојлер педери значи дека се почитуваш себеси,имаш самодоверба и самоприфаќање. Црвеното вино е симбол на идеите и амбициозноста во твојот живот.
Сонував како дошле сватови по мене сум била во бел невестински фустан али носев срвени сандали на нозете...страв ме фати од сонов...велат не било да бидеш невеста во сон,да си во бел фустан
Сонвав кај што сум шетала гола, имало снег и од што било ладно целата сум била посинета и сум била ко изгубена не сум знаела кај се наоѓам и уплашена ..
Се возев во автомобил,но не знам колку пати се обидов да ја затворам вратата и пак не успеав....потоа сонував како самата сум рушела некоја куќа која претходно јас сум ја направила...соновиве ми се повторуваат неколку пати
Сонував како починала баба ми (која веќе е и почината) . Исто така сонував како другарка ми ме чека да излезам од ве-це и после сме тргнале да одиме да ги стасаме другите ама тие биле во кола ,а надвор имало снег и почнала другарка ми да трча по колата и се качила , а јас сум одила по снего и наедншка ми се појавил дечко ми и со него сум се нешто карала и он ми рекол „ Треба твојто име да си го напишам во паричникот “ Баге ??
сонував како сум била на некоја прослава со другарките, сме пиеле и ептен сме биле расположени. додека стоев позади мене поминува една бивша на дечко ми не и направив место да помине, си се снајде таа самата таа седна малку понатаму од мене и цело време ме гледаше. и за некое време јас зедов ножички, си седнав на столчето и почнав да си ја стрижам косата 2см си кратев од косата, таа дојде до мене и ме праша како тоа сум го правела сама и сакала таа да научи. и почнавме така да разговараме, а јас си продолжив со работата што би значело ова баге? а со оваа никогаш не сме разговарале, а не ми е ни прв пат да сонувам како разговараме
Багуфче сонував како со друштвото штеаме низ една планина.И така ние си шеткаме,го испитуваме теренот кога наеднаш едни индијанци почнале да не бркаат...Сме бегале низ се и сешто.....Потоа конечно сме им побегнале,и сме си продолжиле со патот.Ама наеднаш пак ги сретнуваме...настанува мешаница...трчавме и се поделвиме во 2 групи....На крајот мислам дека им побегнавме
Јас во последно време сонувам глупи, чудни а воедно интересни сонови Ретко ги памтам али знам додека ги сонувам интересно ми е. Иначе имам сонувано многу страшни сонови и секогаш кога ќе се најдам во некоја опасност јас се чуствувам заштитено т.е. не ми е страв. И повеќе пати во соновите сум приметила дека размислувам во главата.. Дали било паника или страв или ми дошло да спобудалам во сонот јас сум мирна и се во глава мислам, си размислувам и наоѓам решение и најчесто си викам нека биде што ќе биде Кога бев 8-9 години мислам дека за таа возраст го сонив најстрашниот сон: Јас, мајка ми, татко ми, брат ми и баба ми седиме во нејзината дневна соба, а дедо ми спиеше во спалната. И наеднаш почнавме да слушаме некои страшни звуци. Мајка ми прокоментира: тука се. Потоа зема едно четириаголно огледало и покажа кон прозорот. Се појави еден човек во бело со кафена долга коса и брада кој не предупредуваше: Спасете се! Бегајте! Тие се тука и сл. Мајка ми и татко ми после ова одлучија да одат да се прошетаат надвор . И јас уште тогаш почнав да се сомневав али си реков ај, тие знаат најдобро. Останавме да си играме јас и брат ми сами со баба ни. Како што седев на подот видов дека баба ми има 4 нозе Полека, да не кревам паника, лазам до кај брат ми и му шепнувам: Види ја баба има 4 нозе. Кога ќе ти кажам да бегаме, ќе истрчаме надвор! и се стрчавме надвор и јас му довикнувам на брат ми: Оди ти бегај, јас ќе те најдам само да отидам до другарка ми (комшиката). И ѕвонам на врата и влегувам кај нејзе дома. Во нејзината кујна имаше уште 2 девојчиња кои беа поголеми од нас и не ги познавав.Кога ми се насмевнаа приметив дека имаат вампирски заби. Ги прашав што правите и они ми рекоа проект Потоа другарка ми ми рече оди седи во дневна, да завршам ќе дојдам. И како што седам ми се гаси светлото. Пак повторно мирно и полека излегувам во ходникот и од позади едно од девојчињата ме зграпчи за половина и дури тогаш осетив СТРАВ. И во сонот се онествестив од страв, а во истиот момент во јаве се разбудив. Исто така имам сонувано како со мајка ми купуваме куќа во некое темно гратче. И сеа се сместивме во куќата која била прилично иста како нашата. Сум го имала истото друштво во гратчето али во сонот имав помал брат. Куќата во која што сме живееле била опседната. Т.е. живееше како една жена дух. И цело време ме мачеше. Ми го уби семејството во сонот. Кај и да одам ми испушташе раце од земја и такви работи. Интересно е тоа што со нејзе комуницирав на некој начин и си имавме некоја игра. Ако ја погодам 3 пати со нож во глава ќе ме остави засекогаш на мира. И секој пат утнував барем еднаш и цело време џебовите ги пунев со ножеви . Не знам како но еднаш успеав да побегнам од куќата и отифов да гледам фудбал т.е. цел град гледаше некој фудбалски натпревар. Знам дека играше и мојата симпатија . Али исто така знаев дека и таа беше тука и дека не можев да и избегам Потоа сите ги снема од салата и останавме само јас и она. Всушност таа стана тој - црнец и ми рече дека овој пат ми е последна шанса да го погодам со 3 пати во глава со ножеви. И јас погодив 2 од 3 . И готово си реков. Тоа ми беше животот умирам. НО тоа ми објасни ми било некако тест и дека сега следи вистинскиот натпревар. И стојам јас така со него и гледам салата се полни со деца и сите си имаат свој дух И си ја видов мојата симпатија и онака пријатно се изненадив И он ме виде и отидов кај него и се гушнавме онака силно. И не се сеќавам на неговите зборови али знам дека ме тешеше.. И толку му беше сонот али чуствував како треба да биде to be continued . Сличен сон сонував како ова село-населба во која живеам била мрачна и страшна. Во неа се движеле 2 сериски убици. И народот бил многу исплашен пред да се стемни дома. А од мојата куќа до било која дестинација во селово имало шина со жица која сум ја влечела кога сум одела по нејзе. Кога било најбезбедно жицата била рамна, а кога било најопасно била со жилети. И многу многу добро сум го знаела патов. Али било многу мрачно и си осветлував со мојот телефон. И не се сеќавам се каде сум одела сега, што сум правела али не ми било страв бидејќи татко ми бил цело време со мене т.е. позади мене. И сега набожем сум отишла на плажата на Кеј ( која ја немам ни видено) и сум го видела таму брат ми и сеа се враќам накај дома по шините. Али не знам дали бев замислена или се заборавив наместо да си влезам дома низ врата, јас продолжив да одам позади куќа и се сопнав на една жица and then it hit me! Тогаш се сетив која грешка сум ја направила во мојот добро ( совршен ) организиран живот во сонот . И веднаш си помислив: Ова е стапица! Тие доаѓаат по мене, ме слушнаа! Истрчувам веднаш кај баба ми, заклучувам врата и си ги гледам нозете жути со крв И и викам на баба ми дека убијците доаѓаат. Таа ме игнорира и го прашува дедо ми дали ќе пијат млеко или јогурт . Леле тогаш колку се изнервирав! А татко ми!? Каде беше татко ми? Во тој момент сфатив дека ниеднаш не го видов татко ми во сонот туку само сум го чуствувала позади мене. И во тој момент ми дојде стравот и си замислував во сонот да ги напикам сите од моето семејство во спална на креветот. И со таа мисла се разбудив. Имам и сонувано како нозете ми се испружени и пред мене ми ги сечат со нож а јас не се бунев и сл. Некои многу глупи соништа имам сонувано . Многу ме фасцинираат. И чуствата ги обожавам. Само соновите кои предизвикуваат чуства во мене ги запамтувам А летево се утепав од сонување на мојата симпатија .