Сонував кај мене дома на подот како има две змии. Едната беше бела со црвено, а другава не паметам. Многу се исплашив кога ги видов бегав од една соба кон друга, ја затворив вратата да не дојде по мене. Ништо не ми направија ама многу бев испашена??
^ Змиите се душмани, непријатели или сл. Чим не ти направиле ништо, а ваљда и тука негде се прекинал сонот-не е ништо страшно!
Што значи кога сонуваш крај на светот? Мислам сите очекуваа крај,а уствари ништо не се случи... И после тоа имаше нешто како happy ending,слика до зелена ливада,така широка и на неа двајца старци одеа
одамна немам пишувано сонови.... сум била некаде на некое приморско место...плажата не беше со песок, туку беше цела обрасната со треви, дрва, како шума...после тоа целосно се измени ситуацијата...на истото место имаше човек, а и мајмунче си чуваше човекот...
Сум сонувала како сум се венчала со некој на моиве 17 години и тоа со некој што прв пат го гледам во сонот венчавката се одржувала на некој остров Хаваи мислам и сум го носела многу убав фустан сите мои роднини дошле со приватен авион овој мажот некој богаташ бил некои сите гости после венчавката останале во нашата вила некои отишле да ја посетат дождовната шума ама не се вратиле сите почнаа да викаат дека ги изело нешто и дека мора сите да бегаме сме избегале и сите се однесувале како ништо да се не случило како никој да не бил изеден што може да значи сонов
Шо значи на сон да те избакнува некој ама онака асално, од глава до пети, не те слуша што му збориш, те бакнува ли те бакнува..... Се разбира мислам на машко
Што значи некој да проба да те силува, на сонот некој идиот се обиде да ме силува долго време се обидуваше но никако не можеше и на крај го каснав силно и успеав да избегам а додека траеше тоа постојано довикував помош гледав имаше луѓе во близина но никој не можеше да ме слушне и никој не дојде да ми помогне.
Ам... Сонвав дека дечко ми умрел. Сум гледала слики од него, од нас, кај што сме заедно. Сум била во голем шок. Не сум знаела како умрел, зошто. Само дека го нема. Девојќи каква тага сум чувствувала, солзи, солзи еден тон. Дури осеќав дека тоа навистина ми се случува дека плачав и во реалноста. И така беше кога се разбудив, се уште ја осеќав таа тешка болка, и перницата ми беше влажна. Инаку да продолжам, сум била во шок, со никој не сум зборала, а навечер сум крвалела по нозете, раните никако не ми заздравувале. Сум сакала да се видам со него и некако некој ми дозволил, незнам дали светец или нешто слично, и сум се видела со него, сум го прашала дали нешто го болело и тој ми кажал само дека не осетил никаква болка и дека ок му е таму. Да не се грижам за него, тој бил на правото место. И пак почнав да крварам :/ Значење?
Од општо што сум слушала... Ако сонуваш дека некој умрел, значи дека си му го продолжила животот. И јас имам сонувано како некој умира, дури и комшија. Сега, фала Богу, живи и здрави се. А еве што пишува на Фемина соновникот: Ако вашиот партнер е мртов - Немате доволно слобода во врската. Вашиот партнер ве ограничува. Ако ја видите сопствената крв - Исполнување на ваша одамнешна желба. Ако разговарате со светец - Бидете верни на вашите принципи.
Јас колку што имам чуено, убаво е да го сонуваш некој умрен. Тоа значело дека му се продулжува животот, а за тоа што си крвавела, не знам...
Пијеле ракија татко ми и уште двајца постари (родители од моите другарки).. и само татко ми се опијанил, и јас сум му ја фатила чашата со ракија и сум му рекла доста е..тој ми рекол уште таа чашка и јас сум му ја вратила...и сум го скрила шишето со ракија. Потоа сме преспале јас тато и мама во кујќата на другарками ?? Кој знае да ми го протолкува??Фала од напредд
Го сонував најдобриот другар што ми беше до пред одредено време (и повеќе од другар ми беше), сега немам контакт со него, тој студира во странство, пред да замине на студии нешто се скаравме и до ден денес неможеме асален муабет да направиме.. Го сонував дека дошол на 2 дена во Македонија за мене, бидејќи јас сум му рекла дека имам нешто да му кажам (односно чувства да му признаам). И првиот ден бевме кај мене во соба, се гушкавме, и одеднаш он стана и ми побара една моја кошула да му ја дадам. Демек вториот ден кога ќе дојде да се видиме да ми ја даде и да мириса кошулава на него .. Вториот ден (ден пред идење назад) он се запознал со моите, си седел со моите во дневна, си праел муабет со нив. И баба ми дошла и ми рекла демек ВНИМАВАЈ ДА НЕ ТЕ ПОВРЕДИ ПОВЕЌЕ, И ТАКА СЕГА ЌЕ СИ ОДИ, ДА НЕ ИСПАДНЕ ДА ТЕ ИСКОРИСТИ САМО! И јас почнав да плачам тогаш и видов како си оди, и некако неможев да го стигнам да се збогувам.. А и не сум му кажала тоа што сакав.. Кога се разбудив бев расплакана, вистински сум плачела Значење би требало да има сонов??
Сонував како сум одела по некоја плажа но околу имало некои зидови и од секаде течело вода и ме прскало од сите страни. Што знали тоа?
сонував како пливам во море и нуркам многу длабоко и на дното од морето кинам цвеке и земав еден куп бисери потоа се наогам дома разговарам со родителите и некој маж ги краде завесите од прозорецот од надвор
Што значи да сонуваш починат ? Го сонував дедо ми. Се наоѓаѓе во Египед, беше на некој пазар и седеше на дрвена клупа покрај една маса. Имаше многу гужва, луѓе се туркаа, нема место да се поминува, не можеше да се диши од толку луѓе а тој спокојно ги гледаше и ги анализираше.
Сонував дека сум во затвор осудена на тешка казна или во болница пред тешка операција не можам да пресудам точно,само знам дека тоа што ми следеше ми предизвикуваше голема болка.Имав посета од три другарки и во тој момент дојде како болничарка една им рече дека посетата е завршена као демек не се гледате веќе она треба да се спреми за тоа што следи,но јас не можев да го издржам тоа почнав да плачам и се што сакав во тој момент е да сум мртва и како искачаа другарките им побарав помош и едната од нив која ми е другарка од основно но долго време не контактираме ми даде три апчиња да се отрујам затоа што јас го барав тоа од неа и ги испив... Може ли некој да ми го протолкува сонов???