Сонував дека мајка ми ме ставила во лудница и дека таму ме сместиле во машка соба на најгорниот кат.Цело време сум се обидувала да избегам и секогаш имало по некој стражар кој внимавал на мене.И тогаш еден мој бивш дечко кој бил болничар таму ме кренал на рамена за да можам да ја прескокнам оградата ,ама мене ми било страв оти било многу високо. Any meaning?????
ЈАс па пред некое време земјотрес сонвав знам дека не е баш убаво,сега не се ни сеќавам како беше сонот...
Пијеле ракија татко ми и уште двајца постари (родители од моите другарки).. и само татко ми се опијанил, и јас сум му ја фатила чашата со ракија и сум му рекла доста е..тој ми рекол уште таа чашка и јас сум му ја вратила...и сум го скрила шишето со ракија. Потоа сме преспале јас тато и мама во кујќата на другарками ?? Кој знае да ми го протолкува??Фала од напредд
Од соновниците на интернет. Само што повеќе соновници, различно кажуваат. Јас така кога си барам за мене, се надевам на подоброто. Macushkaa-Ако скршите шише Ќе повредите личност која ве сака од дното на душата. Ако некој друг пие ракија Имотната состојба ќе ви се подобри. Divinebutterfly-Земјотрес Ви претстои голема животна промена. Ако почувствувате земјотрес Ќе чуете добри вести. Од друг соновник-Земјотрес Не ги заборавајте своите должности кон црквата/опасност. MarchelineAmaru-Лудница Ви претстои финансиски успех. Ако сте во лудница Бидете посмели во вашите постапки. Од друг соновник-Лудница Работите ќе ви тргнат наопаку.
Сонував како сум се разудила сред глува доба и сум погледнала на креветот на брат ми имало многу глувци а он си спиел онака не се разбудил и ја сум ја викнала мајка ми и она го донела мачорот демек да ги улови. Што значи тоа??
Сонев како на мој другар починат му се жалев дека ме боли заб, ми даде некој црвен гел, се измив и ми помина забот.
....сонував како требаше да одиме на некаква свадба....али ајде по ред прво се вративме дома од некаде и видовме на тв беше пуштена некаква снимка, некаква касета црно-бела од свадбата на една моја тетка од одамна.....сите беа среќни и весели на снимката а беше малку језиво, плус во реалност тој брак неубаво заврши......како да беше пуштена у чест на новата свадба кај шо требаше да одиме после моите дома ме тераа да идам на свадбата а јас не сакав....ми имаа спремено облека и ме тераа да се облечам....а во облеката имаше едни свечени пантолони што во реалност ги носев кога бев дете на една друга свадба......јас им викав дека уште и немам што да облечам и дека не можам да идам на свадба со истата облека што сум ја носела кога сум имала десет години......и дома као да доаѓаа луѓе да честитаат, го сонував мојот помал братучед, го бакнував во обравчиња зошто беше многу сладок, на него не му беше баш убаво ама ме толерираше.....на масата имаше многу јајца....мислам дека почнав да лупам и му давав да јаде...не се сеќавам само знам дека имаше јајца и тоа повеќето беа помалечки....
Сноу за ќутек си, уште чекам толкување на сонот со бакнувањето Инаку синоќа дечко ми сонувал како сме се карале со мајка му, ама сме се искарале, сме се истепале дури. Демек она ми викала на мене сум се преправала, сум изводела нешто, па секакви погрдни муабети, и јас сум се пуштила дури и да ја тепам, дечко ми дошол да не мири. А што е најсмешно, јас женава многу си ја сакам, од кај излегоа тепачкиве сега
хахахах ајде ајде уште малку еве понеделник е за 3 дена...после кога ќе седнам цел ден само со толкување треба да го поминам
Не се секавам на целиот сон но знам дека бев во продавница и од едно симпатично русо момче со кафеави преубави очи купував парчиња материјал, ме праша колку сакам од тој материјал и јас му реков едно метро од белиот, и едно метро од другиот а тој со големи ножици почна да го сече материјалот и толку се разбудив. Момчето не го познавам но такви очи преубави крупни кафеави никогаш немам видено,преубави му беа. Може некој да ми каже што би можело да значел сонот?
Најчестиот сон ми е дека дечко ми ме изневерува, и се скаруваме. Ми се има случено да се разбудам наеднаш од тоа што го сонувам. А некна за прв пат си го сонував зајакот како ми рипнал од прозор и доле куче како го јаде.
сум сонувала како со дечко ми како ме гушка отпозади,се гледаме во огледало и се видов мн убаво и мене и него.Одеднаш дојде мајка му и јас демек се срамев од неа,но таа почна да го извикува моето име и радосна беше.
Сум сонувала црква,како поминувам покрај неа,вратата била отворена и кога погледнав внатре имаше албанци(и мажи и жени и деца) како се молат и палат свеќи.Што може да значи ова?