Го сонував дедо ми. (починат е) 1 сон - Ми се појави и ништо не ми кажа. Јас почнав да плачам по него, многу многу силно. Бев тажна. Сакав да се врати. 2 сон - На сонот ми бараше месо. Рече дека треба да однесам месо, му се јадело. 3. Продаваше свила на некој пазар со многу луѓе. 4 сон - Повторно со него. Имавме жестока кавга, што можеше да стигне и до физичка пресметка.
За вториот сон со сигурност ти кажувам да направиш месо и да дадеш на некое машко и мало парче да му однесеш на неговиот гроб.
јас сонувам како купувам чорапи за моето бебе,и тоа чорапи еден пат 2500 денари, многу биле скапи и квалитетни
Се преплашив за сонот. Сме пишеле со другарка ми на фејсбук, и ми кажала дека дечко ми е кај шо е сега моментално нема да се врати оттаму оти си нашол работа и бил заљубен во друга. Сум се разочарала. Многу ми е страв и сакам да знам шо значи. Некој?
Го сонував дечко ми. Во жолта блуза,имал брада и бил многу здебелен. И еден негов колега му викал ех бре ,откако се жени види што си станал,ти пријае бракот . И тој почнал да се смее. Ќе можели некој ако знае што значи сонот,да ми одговори?
Почитувана Сноу квин, те молам за толкување на мојот сон од 21.10.2012 г.,многу ми е важно да го протолкуваш. однапред благодарна. поздрав валејуниор.
Сонував како сум собрала сила да му кажам на саканиот некои работи што ми тежат на душичката и низ плакање му кажав и почувствував голема леснина после разговорот, а додека зборував тој ме држеше за дланки, се потсмевнуваше и смешкаше. Потоа сме лежеле на мојот кревет, а низ целата постелнина имаше ѓубре,лушпи од сончоглед.. Што би можело да значи ова, плакањево, разговорот,леснината
Од соновникот... Ви претстои голема животна промена. Ако почувствувате земјотрес Ќе чуете добри вести. Ако сè околу вас се руши при земјотрес Ќе претрпите големи загуби. Ако земјотрес руши цел град Често ќе гладувате во претстојниот период. Ако паднете при земјотрес Ќе се откажете од остварувањето на вашите цели.
Сонував мн грозен сон..Нешто како да јас сум била во врска со татко ми и сите мене ме исмејуваа,а татко ми не,а јас сум била со друг во врска (со бившиот)!? После сонував како сум била на гости кај баба ми и сите сме биле собрани (јас,баба ми,дедо ми,вујко ми,вујна ми) и сме шетале низ куќата,ама во сонов куќава е на два спрата,а едниот како во подрум!?
Мојот сон од синоќа, го отварам е маилот имам три пораки но не можам да го отворам како имало прекин,едвај го отворив една ми била од бившата љубов како требало да одам во Косовска Митровица ,како седам на една бензинска пумпа ,гледам тамо одоздола имало гробишта ,правела една плава жена ставала свеќа на гробот на мажот(симбол за жената на мојот бивши ),од таму одам во Митровица со некој Горан Србин,и вика сега се наоѓаме во јужниот дел на албанска страна,ама таму се било порушено џамии, доаѓаме до една врата ама никако не се отварало а тоа да биде црква на св.Сава, стојам таму и едвај ја отворив вратата на црквата ама таму нема ништо ,се е мрачно темно само во средина гробот на светецот св.Сава, ода таму со Горан доаѓаме во северниот дел и вика тука ке бидеш професорка на факултетот,ти ни требаш таков кадар ни треба, од таму вика имаш порака од твојот бивши те чека во соба во хотел ФИОРИ (на италијански јазик значи цвеќе),од таму доаѓам во хотелот и газдата бил Албанец ама многу фин човек од таму ми дава клуч од собата доаѓам а таа била празна и само цвеќе кокиче или висибаба, и викам на Горан бившата љубов,повторно ме излага не дојде се плаши од жена му е страв, од таму викам Горан ја морам да ја напуштам Митровица морам да одам во Приштина ,да го најдам него по секоја цена,а на себе сум имала,само син работен мантил,и одам по главниот автопат,гледам само џамии, како оџите пеат на сиот глас и ги повикуваат верниците на молитва,и викам како ке го најдам него ,од таму си викам себеси ода каде доаѓа гласот на оџата, така ке се ориентирам ,само по гласот на оџата од каде доаѓа таму него ,ке го најдам,а пред тоа сонувам како перам садови во мијалникот,гледам како на левата рака,имам прстен со зелен смарагд, како гледам ми паѓа смарагдот а само ми останува прстенот без смарагд, го барам каменот ама тој се наоѓал во куферот,и може само минимален дел ми недостасувал,најголемиот дел од смарагдот бил во куферот, и во мијалникот сум нашла две копчиња со зелена боја . инаку на јаве никогаш не сум била во Косовска Митровица барам денес на ГООГЛЕ таму навистина постои црква св.Сава која е разрушена од страна на Албанците ,чудна работа. те молам сноу квин и овој сон обавезно да ми го протолкуваш,многу ми е важно, однапред благодарна,поздрав валејуниор. и кога излегувам од митровица доаѓа млад брачен пар да ги венча матичар во матично.
сонував како јас сум одела на мн убави високи штикли значи знам дека беа 15ка едни плави мислам дека беа и сум си четала со нив ама некој ме насмеал и сум паднала едноставно како фантазија беше тоа....сум паднала како да ми станале одеднаш гумени ама пак сум станала и тој/таа пак ми се смеел/а ама не сум паднала и сум го понижила со тоа!
2 пати досега сонувам едно исто машко околу 20тина години, плав, висок, со плави очи, убаво граден и се, и во првиот сон испадна дека јас сум се венчала со него и многу сме биле среќни и дури и тие што биле против бракот никој ништо неможел да направи. Вториот сон го сонував синоќа и тој чистел некои скали и кога сум го прашала зошто чистиш ми рекол дека не можел да поднесе нечистотија *.* немам појма што може да значи, дали така слично би изгледал my future husband ? x)
Сонував чудни сонови. Како бабата (таа умре пред неколку месеци) на мојот прв братучед отишла на гробишта, кај нејзиниот сопруг (и тој е починат). И го откопала гробот и почнала да му зборува нешто, зошто направил така, не смеел тоа да го направи. И тој и рекол добро, нема така да правам. Како сум се возела во едно слично на лифт, и сум ја ставила раката меѓу две штици за да не паднам додека се возам. И кога сум се извозила раката многу ме болела.
Мојата другарка сонувала како нејзината мајка и кажува дека ја закопале жива, и и вика да појдат да ја откопаат. Што може ова да значи?