Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Што значи да сонуваш обетки?
    Сонував како купувам едни обетки.
     
  2. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    ^
    ОБЕТКИ

    -Ако најдете обетки (Добивка)
    -Ако ги изгубите (Караница)
    -Ако носите обетки (Ќе дознаете некоја тајна)
    -Ако добиете обетки на подарок (Некој чезнее по вас)
     
  3. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    116
    Премногу сум исплашена од синоќешниот сон ! Вака ...сонував како седевме сите колеги на работа и јас нешто требаше да проверам на компјутерот ама не знаев.Дојде директорот и многу се налути.Изгледаше како полуден ....И рече на една од колешките да му седне во скут :tmi: Потоа и рече и на другата , и оваа другава почна да ја чепка ...Третата не сакаше да му седне, оти била мн. тешка , демек покрупна :^) Кога мене ми дојде редот ...ме погледна само и ништо не ми рече.Јас сама му се понудив а он рече дека не сака...Почнав да плачам , кога оваа другава колешка те. онаа што ја чепкаше седна до него и запали цигара.Двајцата ( посебно она !) ме гледаше со потсмев и како среќна што она е до него и има поддршка.Наеднаш се тоа како да се случуваше во некоја соба ...Сите три излегоја од собата јас и он останавме сами ...и се случи ...тоа .... :x Додека имавме ми викаше на уво Ти си голема к*рва , не знаеш со кого си одела и што си правела ... Јас плачев , се правдав дека не е така ....После сето тоа , јас одев накај дома и видов како на улицата каде што живеам Оваа колешка што ми се потсмеваше и другава покрупнава ( они се пријателки големи и на јаве !) ми фрлиле некои кутии кои јас сум ги оставила на работа , ствари и ташњи.Бев очајна ...тажна...тоа го сватив како да бев избркана од работа.Може ли некој да ми го протолкува сонов ?? :doh:
    П.С. Заборавив да кажам дека во сонов кога одев накај дома со колешката со која сме заедно на смена и раскажував тажно како јас сум го сакала многу директорот , како сме оделе некое време ..а она ме тешеше , ама ми рече дека тоа било грешка .....
     
  4. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Сноу зоштоо застана?? :^)
    Извинете за офф.
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ^зошто сноу си има и многу други обврски во животот а не само фемина ;) штом ќе можам ќе седнам да продолжам.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    сонував како се лизгав во кал...сто ке е?
    а мама сонувала како сакал некоја змија да ме касне а мојата сестра го тргнала од ке мене???
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Сонови 15.10.2012.
    interesna-иако си свесна за злобните луѓе околу се себе,не си свесна за некој што те заштитува од нив
    sajonaramucaca-голема радост во семејството
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Сонував дека требало тајно да се венчам со дечко ми ,ама сум немала бурма.
    Одеднаш сум се нашла на гробишта и ми текнало дека баба ми била закопана со венчалниот прстен.
    Сум ја откопала и кога сум пробувала да го извадам прстенот ,ми излегол сосе прст .
    Сум го зела прстенот ,сум го наместила прстот ,сум ја вратила баба ми назад во гробот и сум заминала во некоја стаклена куќа ,моја викендичка и таму сум се венчала со либето.



    Сноу ,енибади...?
     
  9. Vezilka

    Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    311
    Значи наместо одморена да станам од сон, исплашена и заморена сум.
    Имало некоја несреќа, на брод мислам, значи пак вода. Многу често сонувам вода. Е сега колку што се сеќавам мислам дека сум спасила некој. А имаше и настрадан, но не по моја вина.
    Подоцна, се наоѓам во пополнета просторија со маси и пред секој нас има еден лист кој што треба да го потполниме. Јас држам во рацете шолја чај и истурам четвртина од чајот еднаш врз себе, па и вторпат. И се смеам. Потоа станав и одржав говор од неколку збора и седнав.
     
  10. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.435
    Леле луѓе каков чуден сон, сонував дека сум се венчала самата со себе, т.е младоженецот не се појавил и неколку гости, а јас си продолжив да правам сама свадба. :^)
    Патем младоженецот беше мојот бивши дечко, со кој раскинав пред 5 години. :?:
    Што значи ова ?
     
  11. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Сонував како сум била во училиштето и сум седела во клупа.Дошол еден школски и и дал еден црвен цвет на една другарка.Почнал да дава такви цветови и на други девојчиња,а јас сум се зачудила зошто не ми дадол и на мене.Другарка ми го помирисала цветот,а потоа и јас.Потоа дошол еден друг школски и ми дадол црвен цвет и почнал да дава такви цветови и на други девојчиња.
     
  12. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Сум сонувала како сум била во школо и дошла Хајди Клум и нешто ми давала и ни ја презентирала демек новата колекција на Викторија Сикретс :lol:
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Кој ќе го растумачи ќе го частам. Нема што не сонував синоќа, ама така поврзан луциден сон не сум сонувала многу време.
    Прво, целиот сон го поминав клинкајќи на една нога. Ме болел левиот скочен зглоб, ми беше преврзан и користев два бастуна, по еден во рака да ми помагаат да одам. Бев на доктор крв да ми земат, наполнија два големи шприца крв и ме молеа со чоколадо, демек не можеле трет да наполнат ако не го изедам чоколадото, онака ќе ми припаднало демек. А јас на свадба канета, веќе доцнам, се возам со уште неколку души и оваа што возеше се паркира на високо и стрмно. Јас со два бастуна додека се симнав ја испуштив венчавката, влегов во црквата друга невеста се венчаваше, излегов, оваа на чија свадба бев канета стоеше надвор. Значи две невести видов, во бело. Од тука ми се приоди во веце, и имаше едно со расклатени врати, јас уште клинкам, влегов, се чепатам околу чучњавец, пробам да затворам вратите ама пак можат да ме видат од надвор. Клекнувам, зор, вршам работа држејќи една рака пред нозете ми да си ја закријам Вања ако случајно некој погледне накај мене.

    Да се враќам дома да си легнам и да не излегувам од дома? :worried:
     
  14. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Ај после имелда и мене...веќе трета ноќ по ред сонувам голема река, влегуваме со друштво да се капиме, а мене ме носи реката накај водопад. Барам помош и викам дека не знам да пливам и таман да стигнам до водопадот некој ми подава рака и ме спасува...претпоставувам ќе се извлечам од некоја неволја??
    И друго, јадам мео и сум облечена во невестилник...болест??? :worried:
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Голема река
    Ќе направите големи работи кои ќе бидат запаметени.

    Ако пливате в река
    Ќе остварите материјални придобивки.

    Ако се давите в река
    Нема да успеете да ги решите вашите проблеми.

    Водопад или брза река
    Ќе се соочите со финансиски проблеми.

    Водопад
    Во одредена ситуација ќе постапите неразумно. Колку повисок е водопадот, толку понеразумна ќе биде вашата постапка.

    Ако сте во врска и сонувате водопад
    Вашата врска ќе се зацврсти уште повеќе.

    Ако јадете месо
    Ќе се разболите од непријатна болест.

    Ако вие сте невеста
    Ќе се разболите од тешка болест.

    Заклучок - се ти е ОК, ништо не се грижи :)

    imelda-
    Ако ве боли ногата
    Можност од заболување на нозете.

    Ако одите со бастун
    Некој ќе ви помогне без да знаете.

    Ако ја видите сопствената крв
    Исполнување на ваша одамнешна желба.

    Ако се срамите
    Ќе бидете наградени за вашиот труд.

    Ако се посрамотите пред некого
    Ќе бидете почитувани и ценети од луѓето околу вас.

    Ако присуствувате на свадба
    Ако не сте во брак – набрзо ќе правите свадба. Ако сте во брак – ќе доживеете среќни моменти со вашите деца.

    Црква
    Без разлика во каква ситуација се наоѓате, ќе најдете начин да бидете среќни и задоволни.
     
    На imelda и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  16. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Ај и мојов сон некој нека го растумачи :^)
    Ич несакам мачки, може да се каже дека ми е страв од нив.
    Но сонував дека сум тепала некоја ЦРНА мачка, па сум ја затворила влезната врата од мојата куќа, па некако се спровнала главата на мачката, имало крв насекаде... Почнав да викам по мајка ми за помош и понатаму не знам што се случи... :doh:

    Што значи ова??? :sweat: :sweat: :sweat:
     
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    ^^
    Ништо страшно, само тешка и непријатна болест :worried:
    Фала ти :)
     
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Молам, ако сака некој да го растумаче сонот на дечко ми, пошо јас сум главната хероина таму и убедена сум дека кажува многу.

    Значи, тој со своето мирно племе си живееле кротко и среќно кога сум се појавила лошата јас целата со костурски глави и истетовирана; била сум многу јака и моќна и сум ги убивала сите од неговото племе. Тој се сокрил некаде и гледал како му ја убивам жената и како на децата и ги сечам гркланите. :|
    На крајот, останал само тој и јас сум била зафатена над некој труп со ритуали :| тој дошол позади мене со нож, ама јас сум го насетила.
    И сега тука следи опасна борба меѓу нас двајцата, која завршува со сечење на мојот грклан; фактички тој ме убива.

    Па? :(
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Јас сонував како имам сини очи,а имам кафеаво-зеленкасти очи,не е носталгија по сини очи зошто несакам сини очи,напротив си ги сакам моите овакви какви што ми е,не верувам дека има значење сонов само се прашувам што би можело да значи ако има воопшто значење.??Сноу,или некој друг што толкува сонови? ]:)
     
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Сонував како бирам алишта од некоја продавница, копав по алиштата, барав и барав и на крајот најдов црвена кошула и црвен зимски шал ?