Една другарка сонувала како седиме на една ливада и сме се мислеле дали да јадеме некои кифлички. Таа рекла дека се многу убави, а јас дека баба ми ги правела. Сме се мислеле дали може да се расипани и јас сум рекла дека нема шанси затоа што се само една недела стари. Таман сме решиле да јадеме од нив ги снемало, некое куче ги земало.
Значи две другарки вчера ме сонувале, и тоа двете ме сонувале мене со мојата симпатија, различни сценарија ама битно нас двајцата заедно не сонувале, И ТОА ДВЕТЕ ВО ИСТА ВЕЧЕР! Што би можело тоа да значи???... кој знае плис тел ми! хммм
А јас сонував сум била в аптека сум барала некојси апчиња и наместо нив ми дале лексилиум ,а не требало. И сум и се инатела на аптекарката дека не се тие апчињата што ми требаат ,а оваа упорно ме убедувала дека тие се исти по состав!
.....ајде ќе ве молам некој побрзо нека ми го протолкува овој сон.....сретнав две другарки од средно.....уствари кај мене дома бевме.....и нешо јас ја префлив главата преку ќебе и таа едната почна да и прави на другата некои гестови и фаци као нешо против мене, ме исмева.....али не знаеше дека јас се тоа го гледав преку ќебе.....па и реков.....и после ја претепав......дури крв и течеше од лицето, од носот поточно.....она као си мислеше после ова ќе ме напраи ненормална пред сите ама јас бев побрза од неа јас на сите им кажував дека ја претепав затоа што дрско ме исмејувала и сите као веруваа дека нејзина била кривицата......дури и дома знаеа и ма подржаа али сите тие мислеа дека таа прво физички ме нападнала.....и татко ми ми рече да разговарам и со матичен лекар а јас и она као истата лекарка сме ја имале и јас и пред лекарката сакав да ја оцрнам......а после нешто почнав да се двоумам а ако од понеделник работите тргнат на нејзина страна.....а ако најде она некои да ме претепаат.....после се убедував себе дека нема шанси и дека таа е крива нема шо да ме гризе совест веќе.....и толку....заборавив да нагласам дека девојчево и во реалност има мн убава фацка..... ах и уште еден сон...сонував како професорката ми рече дека резултатите од колоквиумот ми биле многу лоши и дека се разочарала зошто очекувала повеќе од мене.....а баш јас очекувам повеќе од колоквиумот.....
Ако може некој да ми го протолкува сонот Пред скоро една недела дечко ми ме сонувал како сум ја возела неговата кола,и сум го видела него и сум го одминала. Вчера јас сонував сличен сон како тој се вози сам со неговата кола.Не знам дали има некакво значење овие сонови ако знае некој нека ми пиши.
Колку што знам јас, тоа би значело дека првин ти ке имаш минлива авантура или неверство, потоа тој. Внимавајте
Сум сонувала интересен сон вака во училиштето во кое учам не ми се допаѓала храната која се продавала и моите нарачале да се отвори продавница од која само јас ке можам да купувам се отворила продавницата и продавале слатки работи многу убави на изглед сите сакале да купат ама само јас сум можела преубави беа многу работи имаше интересно е тоа што го чустував вкусот на храната многу беше вкусно може некој да ми каже што значи ова
Втора вечер по ред сонувам како некој ме следи и сака да ме киднапира. Во првиот сон како некои деца наркомани ме следеле, ме грабнале и ме терале да се дрогирам. Знам дека имаше уште нешто ама неможам да се сетам пошто од страв се разбудив. Вториот сон како сум си одела накај дома и еден маж ме следел и по неколку минути почнал да трча накај мене заедно со уште 7-8 мажи . Ја кога сум видела сум почнала брзо да трчам ама пак од страв се разбудив. Знае некој што би можелe да значат соновиве ?
на сон видов мртовец. го ставале во гроб полн со вода. сум стоела до гробот и мртовецот ме фатил за нога. се разбудив преплашена, ми беше страв да заспијам.
1.сонував како со моите родители сум си одела откај едни роднини и сме се разминале со едни маж и жена облечени во црно а мажот имаше голема брада и коса,и кога не видоа почнаа да не следат 2.цело време во сон чувствував како да имам секс со некој а не го гледам 3.шетавме фатени за рака со бившиот,потзастанавме и ме бакна со се јазик,тој застана а јас продолжив да одам
Сонував како дома во аквариум, сум чувала 3 ајкули. Ама они цело време ја трошеле водата, и јас сум морала на секое само вода да им ставам, а пред тоа да ја загреам. 2 ајкули, умреле, незнам ни јас како. А за оваа третата, не сум стигнала на време да и дадам вода, мајка ми многу долго време ја греела, па не стигна на време да ми ја даде. А јас цело време, сум и викала да побрза.
Сонував како се мачам да поминам низ едно тесно процепче меѓу два ѕида, упорно сум се обидувала и сум се обидувала, и одвај некако сум поминала. Што може да значи?
Леле незнам зошто деновиве мн чудни работи ми се дешаваат, незнам дали спијам или сум будна. ете така синоќа легнав да гледам тв и сум заспала, дошол таткоми во собата и јас сум почнала да викам дека нешто свети во ќебето (домене имаше едно ќебе здиплено и во него ко да светеше нешто со ласер) и таткоми е запали сијалицата го фати ќебето и ништо немаше..ама навистина нзм дали бев будна или спиев..деновиве мн вакви чудни работи правам спиејки ми кажува мајками ништо не се сејкавам само за ова синока се сејкавамм..А што може да е тоа??
Сношти сонував како имало многу снег,па сум одела кај дечко ми дома ,сум се качувала по некоја горнина сум ја сретнала и сестра му, па заедно сме продолжиле сме се смееле по патот...сме стигнале кај нив дечко ми влегува од врата со внукаму (но на сонот многу мала околу 2.3 месици дали е била) и си играа сонеа, и сестра му му вели ајде одеме лида ја тераме? И тој ми вика спремна си викам да ,и сме пошле кај мене со мајка му, татко му ,сестра му, и кај мене било се украсено како моите да очекувале и во дворот било украсено имало маси ,столови и внатре и наеднаш цела куќа ми се наполни со народ,сите ми честитаат,ме бакнуваат,носаат поклони, свирале коли...и дечко ми ми викал па ние не планиравме толку голема свеченост и јас сум влегла до внатре и излегувам пак ги нема нив и почнале да ми идат на гости и цигани...ве молам ќе може ли некој да ми каже што значи сонот...
Ли Купер ми кажуваше дека не се купувале моркови, туку се порачувале од интернет. Јас го гледав бледо и му реков а ти што не порачуваш моркови од интернет ?? Ааа ? Ми одговори дека немал потреба да купува, други му купувале. Спојлер Отидена сум јас.
Баба ми сонувала дека чаршафчето (кое мајка ми понекогаш го става на маса) слетало и паднало. Рекла да го фати да не се извалка ама тато ми и рекол-нема да се извалка. А спроти нив стоел некој човек покрупен и му рекол на татко ми.-Како ниту еднаш не ми имаш донесено нешто,некое месо.Татко ми ништ не одговорил и човекот си заминал. Баба ми мисли дека е човекот е светец ,и јас мислам така,и знаеме кој светец. Спојлер Отидовмее ние,отидовмее... Сноу??
Мноогу често сонувам во различни ситуации како сум се качувала на некои скали кои биле искршени/искривени и сум се плашела да не паднам. Исто и ноќеска кога сонував како сум отишла на екскурзија и сме биле во хотел/зграда (незнам точно) и некои од скалите биле искршени.Една вечер кога сум отишла кај мајка ми и татко ми дома да си земам уште алишта бидејки таму ке седам до 11 декенври,а тој ден беше 11 ноември,значи цел месец и било 9 саат сум се брзала да се вратам класната моја да не се налути и кога се вратив во влезот кај скалите сретнав некои девојчиња,другарки и ме прашаа за нешто и јас сакав да им кажам ама прво им реков тие да се симнат бидејки мене ми е страв да не паднам од скалите,тие се симнаа,им помогнав за нешто и рекоа дека сум мн добра другарка.Чуден сон..... Какво значење има?