Сонов го сонував поодамна ама одвреме на време ми текнува пошто беше грозен . Како да сум живеела во некоја постара куќа, не во мојава и дошле стројници да ме мажат за некој . Ама тој бил многу грд. Стар, прљав, грозен, мислам дека и по некој заб му фалеше и ко демек седнале на некоја маса и јас сум рекла нема шанси кога сум го видела и сум ги бркала. Тие ми викале нешто ама јас сум ги бркала. Грозен сон
Вака , сонував како сум живеела во зграда на пети или четврти спрат ,доле имало нешто како кафич и седел бившиот со некоја женска а јас сум била на прозор , имало дрво и кранките биле одма до прозорот ,и така ми влегла црна мачка застанала на кревет и ме гледала јас сум ја земала и сум ја фрлила доле . После тоа сонував како со другарка сме трчале по скали надоле големи железни и сме сретнале друга другарка со дедо и и она ни рекла влезете тука во куќава а уствари тоа било зграда .. Сноу?
сум сонувала како сум имала како делови од оние барби куќички.Имав едно како со фиокички и ги отворив кога во едната гледам минијатурна соба со кревет,плакар.Ја отворив и втората и ми испаднаа мали штиклички за барбика.Потоа станав од двоседот, мајка ми рече да се вратела од продавница и ке јадеме јас реков добро.Излегов надвор се качив на мотор,возев многу брзо по мојата улица.Застанав,и имаше две деца едното му велеше на другото која е оваа ?? Јас продолжив да возам и сретнав уште две деца.Со себе имаа пари ама некако им летаа од рацете и јас ги собрав и им велев како можете така со парите,чувај те ги.Се вратив дома,влегов внатре и мама ми рече се повози ли ? Јас реков да и толку.
Сонував како се вратила на форумов,и јас сум и пишала. Сум видела дека е уклучена. И пратив лична порака (се сеќавам и на секој збор па дури и на тоа дека последните зборови сум ги направила со болд и италик ) Би сакала сонов да стане реалност.
СОнував дека ме омажиле за некој стар човек и дека на сила ме втерале во неговата куќа ,која била како лавиринт . Сум се трудела да излезам ,ама само сум влегувала од соба во соба и нај на крај сум го нашла излезот. Потоа имало некаква забава и јас и една другарка сме порачале пијачки ,кои чинеле 94 денари и барменот наместо да ми врати 5 денари ми вратил 5 илјади.Плус ,црвен кармин. И друг сон - сум си купила нов регенератор за коса.Ступидно.
Сонував како не ми се пуштал форумов бидејќи се подготвувала новата платмофрма. Oh, it was just a dream.
Сонував како сум трчала на некоја трка. Сме биле поделени на машки и женски. Сме биле 3-4 во нашата група. Сме имале многу проби, кој повеќе ќе издржи, повеќе да истрча. И јас, на денот на официјалната трка, сум зафркнала нешто, сум се враќала назад, за да прашам нешто, и сум била дисквалификувана. И сонував, како купувам во продавница, за голем одмор. Секој ден, на секој голем одмор, сум одела со автобус, за да купувам во некоја продавница. Ама таа продавачката била многу чукната. Други работи ми давала, а не тие што сум ги избрала.
а зашо никој не толкува??? немора соновите од пред еден месец да се толуваат ама овие сеа стварно ми се важни..... вака....бев на факс на предавања а беше топло времето некаде крај на пролет беше.....професорката ме тераше да читам нешо од учебник, ја немав самодоверба некако али вака или онака прочитав, а после ни пушти тв да глеаме тоа цртаниот филм 101 далматинец и далматинците се сончаа покрај еден базен...... после тоа сонував дека имав чувство дека сите обврски шо ми претстојат сега уствари поминаа.....беше сончев ден и беше топло времето..... ја излегов од дома и одев по нашата улица, имаше и зеленило.....таму сретнав една другарка шо не се запиша инаку на факс ама тука праевме муабет као ме прашуваше кај сум шо студирам и тоа......инаку носев едни алишта шо ги носев у средно.....си реков кај ме виде во овие истиве ќе рече цел живот ги носам.....после продолжив, носев учебници во рацете, многу беа големи.....со нив отидов у книжарница у центар на градот а незнам зашто.....постоив малку.....тие услужуваа некоја друга особа, јас си почекав па излегов...... Спојлер и уште еден шо го сонував пред една недела.... не знаев дали да го пишам малку е глуп, ама..... шо значи да имаш однос со некого откако ќе те моли, и стварно да те привлече а претходно си била рамнодушна према него.....и уште стварно убаво се осеќав..... па да дојде као девојка ли му била во сон, не знам шо.....фацата и е како у транс и ми забодува нож во утроба мене, а го избодува и него......мене ништо не ми е, ни болка не осеќам ни нишо, ама он е у полоша состојба......па идам во другата соба, викам брза помош али се грижам шо ќе речат луѓето, скандал ќе ми избие шо идам со некој зафатен а бил и богат и моќен и откако ја викам брзата помош они знаеа шо е работата дека е се ради љубомора......али после на него му беше подобро и ми рече дека немало потреба да се јавувам, а имаше и други луѓе околу него......ја му викам а мене шо ме избоде, ако неможам да имам деца после ова, он ми вика па шо ти е гајле имаме веќе едно........ама тоа дете морало да го криеме ради репутација ..а таа ќе види за ова.... и така сме почнале врска.......инаку сме биле и некои благородници.....ова се кај мене дома зашо моите биле на пат....ама мајка ми се вратила пред време.....среќа тој не беше тука веќе.......а вечерта мајка ми ме терала да идеме на некоја вечера, ја неќев да идам зашо као и тие требало да бидат таму, али немав друг избор......и вечерта на идење.....некој сакал да ја нападне мајка ми, и го извикуваше името, и наеднаш скокна еден човек со брада, не беше дебел ама доста набиен и крупен, ме соборе на земја и сакаше така со стегање да ме убие, ја му се противев со еден камен али многу беше силен и не можев да се извлечам....сакав да му кажам која сум јас и кој ми е мене партнер и дека нема така лесно да си помине ако ми се деси нешто.......и така се мислеше дали да ме убие или не.......
сонував болница и болнички соби со броевите 12,14,16,18..сонував непозната жена која наводно била проколната,како ме довикуваше... дали знаете што би можело да значи ова?
Сон1 - Чекав автобус. Само што застанав пред него, вратата се затвори, и автобусот ми избега, а јас бев до него. Чекав уште пет пати на различни места, но секој пат автобусите ми бегаа. На крајот, начекав еден автобус и се качив во него. Мислам дека некој непознат ми резервирал посебно место, со тиркизни перници, послуга, завеси, телефон, лични готвачи и сл. Сон2 - Беше лето, околу 3 или 4 часот навечер. Јас се враќав од некаде, беше мнооогу темно. Одев по една мала уличка, и се вртев за да видам да не доаѓа некој. Која се свртев последниот пат видов еден возрасен човек околу 35 години, непознат. Ме крена во раце и ме носеше дома, бидејќи ми било страв. Сон3 - Сонував едни другарки, ме викаа да дојдам со нив. Јас одбив. Заѕвони телефонот, се јавив. Ми кажаа дека биле притворени, и обвинети за проституција, и во чантите им била најдена дрога. Сон4 - Се наоѓав во еден огромен супермаркет. И братучедка ми беше таму. На средината поставила стол и седеше, работеше на лаптоп. Се поздравивме. Ми рече одам до каса нешто, ќе се вратам. Јас седнав на лаптопот и читав хороскоп на сред маркет. Сон5 - Трчав по улица многу брзо, бев облечена во сина маичка а доле во долен дел од костим за капење. Има уште многуу.. но ме мрзи да пишувам.
Епа нека се затвори темава најубаво кога никој не толкува Вака паѓаме во искушение и си ги кажуваме соновите за џабе
1сон.Сонував во мојата населба сме биле излезени со една другарка и на патот имало мн мачки т.е десетина и се пулеле страшно во нас и другарками мн се исплашила. и после излезе една жена од комшии и рече зошто се збираат вака мачкиве и др жена рекла дека една од комшифките истурила млеко и затоа така правеле мачките. 2сон. се наоѓавме во комбе навечер мене ми студело и сум се завиткала со ќебе во комбето имало повејќе луѓе сме иделе ко од на некоа прошетка и уз пат сме поминале покрај манастир и јас како да сум сакала да речам да појдиме да наминиме да го видиме ама ништо. - во последно мн сонувам сонови со мачки Сноуу?
Сонував како седам јас на фејсбук и се допишував со таткото на дечко ми.Човеков ми велеше дека многу му е мило што одиме и дека ме сака (не во таа смисла).Одеднаш во разговорот се приклучи и мајка му на дечко ми и таа исто нешто ме прашуваше.Одеднаш во рацете имав слика на која беа тие двајца од некоја прослава.Потоа се најдов во една убаво средена куќа.
Денес сонував како некои непознати ме прашуваа за моите заби. Јас им ги покажав, баш ми многууу бели, прекрасни.
Сонував како треба да одиме на екскурзија.Додека чекавме во меѓувреме јас сум заспала и сум сонувала.Тогаш сонував како сите мои другарки од школо дотерани беа во тоалет.Јас некако затрчана накај нив,дека бев во штикли многу тешко трчав и на крај се сопнав.Другарка ми почна да се смее и рече и ти како мене и јас колку пати се имам сопнато.После тоа немаше никој во тоалетот,јас се погледав во огледало и се видов,имав како црвено-розев сјај и очите ми светеа незнам како имаа некој посебен сјај.Потоа седевме јас,другар ми и дргарка ми и дечко и во соба,во собата имало наставник. Другарка ми седела во скут кај дечко и,а наставникот велеше срамота е демек тоа незнам што.Во меѓувреме другар ми што седеше до мене ми се доближи и почна да ме бакнува,јас му реков не тука ,нели срамота било,тој рече ајде бе што има врска.И потоаа се најдов пред една како трафика а таму продавале бурек.Го гледав човеков како го вади бурекот.Одеднаш све стана црно како црни облации и грмотевици.Другарка ми дојде до мене и влеговме во школски.Јас и реков зашто е вака кога е ден, зашто е толку темно?Одеднаш видовме како сенка на човек што силува дечко.Јас извикав срам да ти е господ да те казни. Другарка ми ми го одговори прашањето ,ми рече дека сонувам.И тогаш одеднаш се разбудив и гледам до мене другарките и ми рекоа се наспа ли бе ? (не да е се испревртено)
Сонував некои страшни лица, крвави, незнам да објаснам Со маски, без маски, како од мртовци лица И после Нострадамус го сонував, како правел некоја магија, читал од книга а јас на јутуб сум го гледала