Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Сонував како сум во Село,со братучед ми.Дедо ми го немаше иако тој живее во таа куќа.Грмеше.Мајка ми беше на пат со старата кола,а татко ми не знам каде беше.Одеднаш не знам од каде слушнав дека некој го удрило гром и умрел.И вртев на мајка ми,таа не ми се јавуваше,јас се преплашив.
    Толку се сеќавам. :)
     
  2. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    искрено не верувам во сонови .. тие сепак си имаат некое значење, но никој до сега не докажал зошто и како сонуваме .. никогаш не сум сонувала кошмари, некогаш сонувам безвезални сонови .. но никој од моите сонови нема врска со мојата реалност .. ништо што сум сонувала до сега не се остварило :shake: ;)
     
  3. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    384
    Јас ја сонував бившата на дечко ми..како се расправам со неа..не му е бивша баш баш ама се имаат мувано подолго време..незнам зошто неколку пати ја имам сонувано и тоа само неа а има он еден куп бивши...оваа многу го сакаше дури и врска озбилна прекина за да биде со дечко ми и мн проблеми ни правеше во врска..потсвест..зошто ја сонувам ????? |( :?:
     
  4. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    8.946
    Пол:
    Женски
    Невестински фустан значи дека во последно време ги проценуваш твоите лични односи со останатите.Црвените чевли означуваат возвратена љубов од некого :)

    Снег на сон означува неизразени емоции и чувства на фригидност.Мораш да ги ослободиш овие чувства.Да сониш како си изгубена во некое место означува дека си го изгубила правецот на живот,се чувствуваш несигурна за нешто што си избрала да го живееш.

    Купување на нови чевли на сон значи нова љубов или ново пријателство Џули ;)

    Да се возиш во кола ги означува твоите амбиции во животот.Го знаеш твојот колосек и патот кој си го избрала да го следиш.
    Срушена куќа означува или некоја болест,срушена надеж околу некоја работа за која си се трудела да ја постигниш...

    Ех,па многу ситнци си изнапишала,не знам толку многу јас да толкувам,па и секоја ситница...Ете само за снегот можам да ти кажам што значи,погоре пишував во претходниот сон во истиов пост ;)

    Да сониш прослава или забава значи дека треба да уживаш повеќе во самата себеси.Опушти се малку,забавувај се ;) Сечење на сопствената коса сугерира дека се соочуваш со загуба на сила.Можеби се чувствуваш дека некој се обидува да те цензурира...

    Да се качуваш по планини ги означува твоите постигнувања и твоите амбиции.Индијанци претставуваат примитивен и инстинктивен дел од тебе.Треба да имаш поголема контрола врз некои работи во будниот живот.

    Гром на сон означува ненадејна свест,увид,духовно откровение,вистина и прочистување.Громот исто така значи еден шокантен пресврт на настаните.

    Затоа што ти е во потсвеста,соновите се моќ на потсвеста.Тоа што ни доаѓа повеќе пати во умот во текот на денот навечер го сонуваме.Скоро секогаш е така ;)
     
  5. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    384
    Фалаа Багуфче..закон си :rock:
    Знаев дека нема некое значење сонот..моќта на потсвеста :lol:
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Багуфче, сонував дека сум се возела во кола со родителите, сме си иделе накај дома. Татко ми е инаку починат а во сонот никако не сакал муабет да ни прави :( туку некако не навел да поминеме покрај едно огромно езеро, водата била мирна, тивка, чиста, и одма до езерото имало гробишта со премногу запалени свеќи и бели лампиони, и знам дека имав чуство дека ми е убаво, и дека е мирно, ниту дувало ниту ништо. Значат нешто гробиштава и тоа кога почината личност не сака да ти прави муабет во сон?
    Малку подоцна сонував како сум стоела покрај голема река а водата била прљава, зелена со секакви нечистотии и носела се пред себе.
     
  7. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.353
    Пол:
    Женски
    сонував како сум била фатена на оро и сум играла многу, инаку сум играорец по душа ;) и потоа сум отишла кај дечко ми во канцеларија и сме почнале да се соблекуваме, да имаме долга предигра и таман најуавото да се случи не прекинала некоја клиентка која почнала да ни зборува за бонтон како не сме смееле да имаме односицо канцеларија..да пукнеш од срам..
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.318
    Мртво бебе,такво се роди,цело помодрено,после многу напори,веќе сите изгубија надеж...го спасив,бев во улога на доктор,така бар мислам,ама го држев во раце и со триста напори го спасив.Почна да му чука срцето и да плаче.
    Језив сон.
     
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Лилит сонував слично пред некој ден. Погледни Благето како го протолкува
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.318
    Да видов,но јас не го родив во сонот,бев улога на доктор или така нешто и новороденчето преживеа,го спасив.
     
  11. Guinevere

    Guinevere Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    25
    Епа вака Багуфче
    Денеска го сонував екс претседателот Бранко Црвенковски :D Бил колку мене низок и многу кратко стрижен скоро келав,цело време настојувал да ме бакне но јас никако не сум сакала.. :lol:
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Јас сонував како си резервирам авионска карта за една далечна земја...и само паметам добро кога ми ја даваа картата ми кажаа дека е за, датум 7.07. Што може да значи Баге?
     
  13. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Јас сонував како ми ги расекоа вените. По должината на раката. Ми ја расекоа раката, па потоа ми ги делеа вените на два дела, исто по должина на раката. Левата рака. Плачев, пискав, ме болеше многу! И сето тоа се одвиваше во некоја си лабораторија.
    Језиво...
     
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сонував многу. Ги сонував скоро сите внуци, но во различни сонови иста вечер. Со едниот внук бев во некоја продавница за инструменти. Мене ми дадоа виолина. Ја зедов во мене, но мислам дека не свирев туку така само со прстите на жиците поминав. Потоа седевме на едни скали со внук ми и доаѓаа деца, но никој од нив не познавав. И тие седнаа на скалите. Ми кажуваше внук ми дека купиле телевизор.
    Сонував и натпревари, знам дека со јаже еден имаше, требаше да скокаме.
    Со друг внук пак, разговарав, го бакнував цело време, го гушкав, но имаше некакво црвенило на лицето.
    Пола од ова сигурно се глупости, но можеби и има нешто... :^)
     
  15. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Фала ти Багуфче :* :*
     
  16. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Jaс сонував како некои двајца убијци сакале да ме убијат, ама јас едниот сум го замолила да не ме убива, туку јас сама да се убијам ( :^) ) и тој ми одобрил, а инаку носел нож и цело време сум му ја гледала фацата. Таман кога сум требала да скокнам од кровот на една зграда, сум се стрчала по скалите и сум им избегала, ама тие дошле со црн џип и ме земале и после се префрлив како спијам дома, кога излегов на терасата нивниот џип беше пред зграда и јас сум се симнала и сме отишле до една зграда од каде што сум требала да скокнам. Таму биле сите мои најблиски, роднини, пријатели, познаници, сите ама баш сите и стоеле доле и чекале јас да скокнам. Кратко време сум им била надвор од видикот и сум се јавила во полиција за да пријавам дека сакаат да ме убијат и другарка ми (најдобрата) ми кажа „ајде редно време е да си одиш“ , а симпатијата ми кажа „таа има право, оди!“ и јас сум се натажила и сум се качила најгоре кога дошла полицијата и ги привела, а симпатијата застанал таму каде што сум требала да паднам и ми кажа „немој да скокаш, не вреди да си го изгубиш животот“. Што би значело ова?
     
  17. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    сонував како сум била кај мене у соба и над вратата имало стакло и некако стаклото паднало врз мене и ми ја искекло скорз ногата, си ја видов отворана плачев вриштев се дерев и као шо била отворена цела крв ми беше собрана во кожата шо беше преклопена језивооооооо и беше мн црвенаааа ама ептен...

    исто у истиот ден сонував како сум била на некој хуманитарен настан и сум си ја земала училишната книшка и сум лажела дека сум 8одд и таа некоја си плава жена ми кажа неѓо не се секавам шо и ја и кажав пошо си искрена со мене ке ти кажам дека те лажам ја 8мо завржив пред 7 години... и запишуваше нешто у таа некоја си книга....

    а да и уше еден сон ме мачи подолго време ама го имам сонувано некои си 6 7 пати..
    значи се наогам пред моето старо школо и карши школото има као парче и има едно дрво кое стварно тоа дрво е таму и сеа цело време се обидувам да копам да барам златници и таман ке почнам да копам слушам глас кога ке дојдеш ке најдеш кога ке дојдеш ке најдеш тие тебе те чекаат и се будам ...сонов го кажав на бабами и она ми вика иди стварно ископај може има нешто ... :?: :?: :?:
    фала однапред :* :* :*
     
  18. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Сонував како не гонат некои типци мене и другарка ми , и јас сум влегла во една зграда и тие по мене и кога сум чукнала на една врата за да ми отворат , ми отворила некоја жена ама и тие успеале да влезат и ми давале мелено кафе да јадам :lol: :lol:
     
  19. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Јас сонував како влегувам во базент на левата нога имав златна риба а на десната октопад и ја пуштив левата нога и златната рипка падно во водата потоа ја пуштив десната нога и октопадот како да направи круг и падна во водата......Дали знаете што може да значи тоа... :worried:
     
  20. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    па пробај ископај може ќе најдеш нешто, како што вели баба ти .. :D
    иначе од некаде имам слушнато дека ако сонуваш некој сон повеќе пати, значи дека имаш долг кон некого ... :?: :*