Сонував црни бисери како дечко ми дава. Тие биле мои јас наводно сум ги заборавила кај него. И патем сум била насмеана. Некое посебно значење ќе да нема ама ај да си прашам јас
Што значи да сонуваш самовили?И јас сум била самовила на сонот. Долг живот. Чувај се од пријатели кои ти ласкаат. Кавга во семејството. Среќно и долговечно семејство. Играј лото со тие бројки и запали свеќа в црква пред некоја светица.
Сонував дека бев во Охрид и плажите беа многу пусти, значи скоро и никој да немаше, и јас го препливав езерото значи од еден крај до друг крај стигнав, а водата некако многу плитка ми беше и воопшто не ми беше страв (инаку јас незнам да пливам и имам уплав од вода). има некое значење сонов?
Сонував како сум во дворот кај баба ми, а на дрвото имало видра, ама личела на був оти јас не знам како изгледаат видрите точно, ама било видра оти јас се плашам од видри, особено на лето, а баш на местото каде бевме на одмор имаше видри па може и затоа видрата беше во сонот. Видрата носела марама слична на мојата, ама не била мојата или била старата, не знам. Па ме повикале роднините од другиот двор да ги направам каблите за интернетот. Со нив бил роднината ми и друг човек на кого не се сеќавам ама кога зборувал, плукал. Потоа не знам ова може и да е друг сон, со измиена коса, во крпа сум отишла кај дечко, ама не сум го нашла оти бил недостапен, а не сум се качила во собата, ама потоа сме се нашле. Во меѓувреме одам во продавница да купувам швајцарски чоколада, едно сум дури отворила и сум јадела чоколадо. Мојот сон/сонови ако ги разберете добро ќе е, не ме толку загрижуваат освен видрата, која може да е поврзана со сонот на мајка ми. Таа го сонила нејзиниот починат вујко, дотеран, седел настрана во селото на баба ми, а мајка ми била во фармерки и трудна. Не се сеќава дали се поздравила со него и дали го бакнала. Таму биле речиси сите нејзини роднини, односно од страната на баба ми. Баш во моментот татко и на баба ми е болен, исто и нејзината снаа, па мајка ми е загрижена, бидејќи сонот се одвива во нивните дворови, кај болните лица, плус и починатиот вујко. Девојки, ако знае некој да го протолкува сонот, нека пише. Во соновници читав и јас, ама да ги поврзам, освен за лоши работи, друго не ми паѓа на памет.
Синоќа го сонував бившиот. Беше кај мене дома на гости а јас закачував алишта на терасата, ми падна една блуза доле на први спрат и тој отиде да ја земе. Нонстоп беше онака насмеан а јас не му обрнував многу внимание.
Јас сонувам како сум била бремена, меѓутоа никој не знааел и сум се породило пред време, меѓутоа бебето беше здраво и сите биле изненадени кога ме виделе со детето, онака се чудеа и цели прашалници. Знае некој што значи ?
Знам дека сите чекате...криво ми и мене што неможам навреме да ви одговорам. Ама ете се нешто обврски ме окупираат те колоквиум па 2 недели болна па семинарски...па сега кај и да е за 2 недели па колоквиум....еххх така е тоа. Затоа вака ќе се трудам максимално колку можам што побрзо да ви одговорам. Сонови 12.11.2012. Vezilka-материјални трошоци crazylady-ќе превземеш одговорност Chica.Loca-здравје и среќа prettyliar-период на љубов Сонови 13.11.2012. Magnolija- да не гледал некој хорор филм?Да не сте имале претходно кавга? Не плаши се од сонов. kikkki-страсна љубов Sara123-неостварени тежнеења на љубовен план Bubbi-стрес
Сонови 14.11.2012. Dona-Ares-прослава rici.aaaaa-лаги во пријателство Lux-јадови sweat2-среќа lieben-олеснување од маките/проблемите Marchesa-колку пати точно? Snow.Queen-непријатели Сонови 15.11.2012. DAngel-средба catsruletheworld3-повик од неочекувано лице MarchelineAmaru-биди внимателна со финансиите Сонови 16.11.2012. - Нема
Сонови 17.11.2012. sajonaramucaca-победа cat250-пази се од самата себе Tearful-се вложуваш премногу -проблеми evelyn993-веселба Сонови 18.11.2012. esperansa777- работи од минатото се враќаат -пријатни доживувања -исто како првиот сон Elennaa-3 опасности те демнеат,со мало внимание нема да бидеш повредена gingerchild-ќе го фатиш последниот воз - што се вели Macushkaa-преморена си Сонови 19.11.2012. azocaranaODse- непријатности Sara123- неостварување на желба Сонови 20.11.2012. tea4e-болест Snow.Queen-тешкотии,вложување на напор Inhume- да не си ја сонувала мојата идна свадба хахахах, се шегувам. Еве го значењето- радосен настан
Сонови 21.11.2012. esperansa777-ќе откриеш тајна simpaticnaa-проблеми Miss.Baller- не верувај секому, и ќе ти биде многу подобро hrcace-несреќа Сонови 22.11.2012. tessie-верувај повеќево себе
Сонувава како се наоѓам на едно место каде од околу има високи карпи,и од никаде се појави торнадо и почна да кружи окулу карпите ама не беше нешто многу голем ама довелен да те собере,и се спушти доле и тргна по мене,и јас бегав тоест трчав а тој на 2 метри по мене за срека видов една куќа и ја отворив вратата и ја затворив,и торнадото го снема,и си викам уфф целиот исплашен,се спасив. Сноу?