Сонови 23.11.2012. tweety26-проблеми од минатото esperansa777-домашна кавга razocaranaODse-голема одлука ќе треба да донесеш MarchelineAmaru-ќе добиеш помош во последен момент martinuska-ќе присуствуваш на прослава за која воопшто не ќе си расположена Flavoraid-опасност
Сонови 24.11.2012. sexykitty18-тага Sara123 за ивана ли си сонувала? LilBaby пуста желба за нова платформа Elennaa- обид за одбегнување на проблемите Сонови 25.11.2012. hrcace-неочекувана радост UnknownLadyDi- играј некоја игра на среќа
Не, не беше за Ивана. А и да ти кажам која е, се сомневам дека ќе ја знаеш. Имаше бело цветче. Повеќе не е активна. Денес сонував како се шетам во некоја непозната земја. Мајка ми нешто ми ветуваше.. ама не знам што точно.. втор сон - сум купила јакна, и сум прашувала дали е зимска..
А што значи ако сонуваш погреб ама само што требаше да се види на кој е тој погреб се разбудив после некое време сонував како ми кажуваат за некоја смрт или нешто тажно
Сонови 26.11.2012. Sara123-Сон1 - шансите ти бегаат од пред нос Сон2 - мора да се бориш повеќе Сон3 - некоја пријателка нема доволно доверба во тебе Сон4 - биди внимателна од некој помоќен од тебе Сон5 - проблеми Macushkaa-лаги -биди внимателна со своте подфати sweet25- убаво изненадување/доживување
Сонови 27.11.2012. sweet25-убаво изненадување/доживување Сонови 28.11.2012. sexykitty18-добра шанса Anne15-турбуленции hrcace-сплетки Сонови 29.11.2012.....завчера Anne15- изненадување MarchelineAmaru-лажна надеж
^извини sajonaramucaca, ама од толку брзање да стигнам сите да ги протолкувам несакајќи сум испуштила . -разочарување -незадивилство од сопствените постапки
Вчерашни сонови, 30.11.2012. SexyLady-пари Elennaa-кавга JuLleE-среќа hehehe-ќе се врати нешто од минатото,некој проблем или слично Aylin123-тежина
Сноу помагај, сонував пред некој ден мали животинчиња кај мене во соба, желче и верверичка, едната на биро ми се појавуваше од нигде некаде а другата во двор кај баба ми кај што ќе живее сестра ми наскоро. И уште еден сон сонував ама да ме убиеш не ми текнува сега, ако ми текне ќе си прашам нахнадно
Сонови од вчера 01.12.2012. vitomir-непријатности и голем отпор Sexy-Lady-трошоци simpaticnaa-кавга со пријателите
Синоќа сонував како сум имала тешка расправија со мајка ми. Јас сум лежела на кревет, а расправијата дошла до тој степен што мајка ми ми дошла врз глава и со некакво платно ми ја затворила устата и носот и почнала да ме гуши. Сум се борела и сум ја гледала право во очи. Не знам што се случи понатаму, само знам дека се разбудив среде ноќ со затнат нос и крокодилски солзи. Сум почнала да се гушам во сон Вообичеано си ги проверувам соновите во соновник, ама сега не знам ни за што да барам...
Сонот од синоќа гледам како одам по една стаза а пред ,мене еден бивш дечко облечен во џинс разговара по телефон ја одам по него да го стигнам но никако не мозам цело време е пред мене трчам по него а тој само на телефон а на двете страни дрвја граните биле исечени поради есента да бидат и лисјата беа паднати и жолти поради есента една девојка се вика Валентина метела и ги собирала лисјата и гранките да биде чисто,одам дома но гледам на мојата куќа има дожд и пожар кој се труделе да го изгаснат но не можеле никако од таму гледам во шталата имам куче кое јаде леб и ми вика дај ми леб од тебе сакам да јадам му давам леб и се разбудив. поздрав валејуниор
сонував како сум бегала сакал некој да ме повреди или убие,ама ништо не ми можел додека сум во вода и цело време сум била во море или езеро незнам,во водата сум нашла бебе целото изврзано за да не може да се движи,сум го зела и сум го одврзала,како да сум го присвоила
Сонував како сум била на некое место со деца и една жена, таа како водич ни беше сме местеле некои џерамиди на некоја куќа и јас сум стоела до ѕидот и паднала една џерамда и ме удрила по окото и јас сум се удрила во ѕидот.. Веднаш си појдов дома и кога се видов во огледалото окото ми бесе цело модро, (цела страна од лицето) и внатре во окото, и ми течеше крв од окото, носот, и од устата .. Потоа почнав да плачам и кога ме виде бабами одма рече ќе ме однесат на болница со таткоми.. Што значи ова?