Сосем се согласум... секогаш кога сонувам нешто одам на соновник фемина или пак иам апликација на мобилен и гледам што значи... и навистина тоа е како непрочитана порака... Инаку знам дека кога сонувата нешто треба да знаете и кој дел од месечината е зашто ако е млада тогаш тоа нема да се исполни и така сл....
Еве што вика на сонивник фемина: Ако бегате од некого Ќе се чувствувате несигурни. Избегнувате да се соочите со одреден проблем или конкретна личност. Ако некоја друга жена е бремена Ќе наидете на пречки во работата. Сега треба да знаеш вчера која фаза од месечината била зашо можда сето оваа да не е виситина и сл.... и фазите на месечините имаат врзаност со соновите.
Стрина ми ги убила мајка и и татко и ,па го убила чичко ми ,и ме бркала мене и ја сум била преплашена и сум трчала по некој влезови :О
Сонував како сум трудна, бев на преглед го видов стомакот, ми тежеше, и со тоа апаратчето си го видов бебето, ама буквално го видов внатре во стомакот, беше многу убаво бело со црна коса(машко беше). После докторкава неможеше некако да ми ја избрише таа маста што се мачка за ултразвук, мноугу беше леплива, ме бришеше со палома, ама тешко се вадеше...???
Сонував како ми умрел бившиот,сме биле у основно и ја воопшто не сум плачела ми било се ок и сите се чуделе дури и наставниците , после завршила годината и дошол некој кај мене да побара нешто и сум ги нашла книгите од 8мо и внатре од некоја книга паднала слика од мене и од него ,сум почнала да плачам и да ги пребарувам другите книги да не најдам нешто ? :/
И претстои некоја опасност. Ќе има долг живот. Голема ,неочекувана добивка и остварување на своите цели.
Сонував како кај мене на тераса спиела мечка со мало мече.. и кога ја видов се исплашив и и кажав на мајками и почнавме да плачиме и тааа му кажа на таткоми, и заминаа да ја фата..
Девојки помагајте... сонвав два сона утрово... 1 сон: Јас и бившиот (иначе детето што уште го сакам) сме биле заедно.. сме шетале заедно секаде.. ама во сонот тој некако како да беше отсутен, далечен... што значи?? 2 сон: Јас мајка ми и татко ми сме биле во една соба, и кај мајка ми ѕвонал телефонот и се јавил еден роднина и и рекол на мајка ми дека татко ми почининал... и тогаш мајка ми и јас сме почнале да плачиме, а уствари во истата соба стоел татко ми и јас сум плачела и сум му викала него дека никогаш нема да му простам.. а тој молчел... ве молам кажете ми што значат? не е на арно ова
Прво гледам дали сум ја погодила темата :Р Ок е сега.. Значи сонував дека сум била трудна (ПАК, по незнам кој пат), што знам јас можда 3,4 месец. Сите мои најблиски знаеле а јас (секогаш го чувствувам истото, дека не го сакам тоа бебе, дека ми пречи, дека животот ке ми престани кога ке го родам затоа што сакам да се школовам , да успеам.... бла бла) сум била против и секој ден се повеќе и повеќе сум се затворала во себе, заради тага. Еден ден сум се одлучила да абортирам, мајка ми беше против а потоа прифатила некако со тешко срце. Ме интересира значењето бидејки многу пати имам сонувано дека сум трудна, дека не сакам да бидам мајка и дека дефинитивно не го сакам тоа бебе. И секогаш ги имам истите размислувања во врска со трудночата
мислам дека бременоста значи нервози, не за друго така имам слушано од повозрасните. и на фемина на соновникот така нешто го пишува ви предстои тежок период, значи нешто околу тоа е..
Сонував дека се качувам во градски автобус, влегов си седнав и откога седнав само му мафнав на кондуктерот со парите во раце, имав 30 денари и тој стоеше на врата кај другите луѓе што се качуваа и оттаму ми рече е дури сега ти текна што не ми ги даде на влегување, и не ми зеде пари ме остави така да се возам после слегов среде градот ама најглупото е што јас не знаев ни каде одам така за џабе се качував во автобус. Па видов една кафетерија во градот и тука се продавале и многу убави слатки, името на кафетеријата беше слично со името и презимето на татко ми и почнав да мислам дека тој е сопственик а не ми кажал. А инаку многу беше убава и модерна, како луксузна, како европска беше. Сакав да влезам внатре да јадам ама несакав да трошам пари. И го сретнав татко ми тој јадеше благо од таму и ми рече дека кафетеријата не е негова, така случајно се вика слично на него и затоа и му дале да касне. И рече дека сега сите ќе си мислат дека е негова а не е. Јас си реков штета што навистина не е наша ај ве молам ќе ми го толкувате?
Snow сум се возела на панорама ама со седишта за еден човек. Првиот круг за малку што не паднав, немаше ништо за да се врзам, едвај се додржав, после се возев без гајле и се смеев. Што може да значи?
а што значи истиот сон да го сонувате со иста личност по неколку пати?или други сонови со иста личност?поздрав
Добивка на игри на среќа. Можни здравствени проблеми или недоразбирања поради оговарање на некој близок. Него го сонуваш бидејчи сеуште имаш некои чувсва кон него ,а сонот со татко ти означува долг и среѓен живот.
Сум сонувала како сум трудна.Бев тажна и викав абе не е можно да сум трудна.Мама викаше не се секирај ,воопшто не беше изнервирана или загрижена.И викав јас абе не сум трудна не сум,имав до вчера добиено.
сонував како некое машко ми поправува некои стари обувки со полна пета и јас ги пробувам,а имаше само машки во дуканот
Сонував како ми ја отсекле левата рака бидејќи ми била замрзната а дури потоа ме однесле во болница и во болницата раката ми ја залепиле на еден начин