Сонував како чував некое бебенце, незнам чиво беше, ама мало околу 6-7 месеци. Се качив во бус со него и во бусот само Албанки забулени со деца и колички. ЈАс се сместив со бебулево и почна да плаче и сум почнала да го дојам хах. Што може да значи?
...сонував дека бев на предавање и таму ја работевме клетници од средно ........детето шо седеше зад мене ме прашуваше за содржината јас му кажував......исто сонував дека девојката на еден другар била бремена....не се познаваше ама на почеток на бременост била......и таа беше тука на предавање......после сонував дека сите имавме по еден брич обичен.....ја мојот го оштрев.....професорката идеше од клупа до клупа и ни ги прегледуваше потоа ги зимаше....ама не идеше по ред туку како ќе и текнеше......дојде и до кај мене, ме потпраша нешто, јаc малку згрешив, таа ме препраша па јас се поправив па го зеде.....инаку на бричовите пишуваше нешто поврзано со предметот ...какво значење би имало кога ќе го поврзеш сонов? зошто во соновникот под брич пишува бидете внимателни
Сонував како не сум ја добила работата за која аплицирав и бев многу разочарана и постојано повторував "Еве знаев дека нема да ја добијам, знаев дека нема да успеам таков баксуз сум, што да се праве." Се разбудив во заблуда дали стварно ми се случило ова или сум сонувала.
Од сите страни ќе ти надоаѓаат неволји ,но успешно ќе се справиш со нив. Сугестија ти е тоа ,од што постојано мислиш на тоа. Парични проблеми. Ќе дознаеш некои новости.
хахах сонував како татко му на дечко ми ми лајкнувал слики на фб и сум и рекла на мајка ми види и таа почнала да се смее.
Значи вака сонував дека на фемина сум прочитала дека крајот на светот е спасен (дека нема да има крај на светот) и другиот ден отварам една стрница на ком. и гледат нема да има крај на светот :/
Сонови 06.12.2012. Sanjichka007-голема опасност Сонови 07.12.2012. hrcace-ќе увидиш нешто Сонови 08.12.2012. prettyliar-ништо лошо нема да и се случи,уживај M.a.r.i.l.y.n-непријатности
Сонови 09.12.2012. Smurfette.M-проблеми во пријателството Sara123-домашни проблеми -тежина за братучетка ти Сонови 10.12.2012. alexsandraa-непријатности DreamAngel-нерасчистените работи во минатото се враќаат -убави моменти во семејството lana8-тежина...голема тежина.
Сонови 11.12.2012. Emcee-треба да се исти соновите за да се остварат Сонови 12.12.2012.-протлкувани од страна на MarchelineAmaru Сонови 13.12.2012. - Вчера sexykitty18-пријатна ситуација Lostedlove-психа од актуелните муабети за 21.12....ништо посебно
Е вака. Сонував дека одам на гости некаде и се качувам по скали во зградата ама помеѓу скалите имаше пукнатини, дупки една скала имаше две немаше и некои ги прескокнав ама на една паднав и се задржав тука на рачките. полека се тргав наназад и ми беше многу тешко и се izнервирав што нема лифт тука па морав по скали, ама голем дел поминав и на крај почнав да викам по луѓето што седеа надвор пред врата и дојдоа мајка ми и една наставничка што ми предаваше во основно, ми помогнаа и ми рекоа да не паничам за глупости, секогаш се плашам после бевме дома и пишев домашна ама не знаев и побарав помош од наставничката, таа ми ја пишуваше ама ја пишувавме во весник А инаку во весникот пишуваше нешто како на луѓето ги касале некои муви и им пренесувале болест. После имаше и колумна од два реда ама на дијалект пишувана не литературно И уште еден сон, сонував дека пијам шоља кафе и ми горчеше, не ми беше благо и зедов ставив млеко без шеќер ама пак беше поубаво барем не горчеше. Дома па ми викаа зошто ставам млеко.
Сонував дека сум јадела многу колачи! И тоа неколку кутии,ко луда,боже некој ќе ми ги грабне И признавам многу слатки беа,сабајлето не можев да се сетам што колачи беа да си ги купам
Денес сонував дека одам по некои карпи,со уште некој беше,некоја другарка знам,отстрана провалија,ама за среќа таа ме пренесе ко што треба и поминавме на карпите и стигнавме до едно село.А пред тоа сонував дека сум во Бг и дека не сум си зела никаков багаж и некако сум се снајдувала,а ладно било,снег нешто,некои свеќи нешто,ко празник да било,измешани работи...
Денес сонував еден бивши со кој немам направено муабет можеби година ипол. Со него бев во врска пред 3 години ама одамна немаме никаков контакт, искрено не сум се ни сетила на него долго време.. Сонот беше дека јас сум отишла кај него дома, и јас и тој сме седеле во една соба а во соседната соба седела девојка му (има девојка он сега). И ние сме се мувале ама кога таа ќе влегла во собата јас сум се преправала дека спијам. После земал со кола да ме префрли до дома, и некоја другарка на девојка му не видела во колата дека се гушкаме и почнала да му вика дека ќе го издаде дека ја изневерува. И кога стигнав дома земав да го адднам на фејсбук (иначе одамна го имам избришано), тој ме прифатил и девојка му од негов профил ми пишала демек „лани ова време ти реков да стоиш подалеку од него, што бараш сега пак со него?“ И некако многу се потресов дека неможам да бидам пак со него заради нејзе Некое значење има??
сон 1 сонував дека умрела баба ми и не ми давале да ја видам и потоа сум родила девојче но и него не ми дозволија да го видам...
1.Сонував како сум била во мала дрвена куќичка на некое убаво ридче.Ноќ било,сум гледала низ вратата,а еден мој другар трчаше накај мене зашто имало 2 волка тука во тревата.Одеднаш како да ги снема јас бев внатре во куќичката со две убави мачиња кои многу убаво заспаа.И им викав чекајте морам да ве сликам многу сте слатки. 2.Сонував како одиме јас и дечко ми по улицата тука кај мене и одеднаш тој ми вика ке ми дојдеш на роденден ке го славам тука кај другар ми,јас целата зачудена му велам па нели ти помина роденденот и му реков другар ти ме викна за нова година кај него(вистина е тоа)
сум била де излезена де на школо,другарка ми со една друга седеле на страна и несакале да си одат,седеле во близина и двајца старци,нешто како оџи биле и јас им направив здраво со рака а тие инсистирале да им бакнам рака и сум им бакнала ама рацете им беа мн.груби и испукани,имало и мали деца а јас цело време по нив а и едно бело глувце што го стискав во рака да не побегне,имаше и едни бебинја што се бакнуваат и за малку ке имаа секс да не ги спречев
Одамна неам запамтено сон. Сме биле собрани цела фамилија... и дошол прадедо ми (кој е иначе починат долго време) и сите сме се израдувале и плачеле, ама не беше само он туку ги сонував и дедо ми, вујко ми и тетин ми - кои исто така се починати. и почнале сите овие што ги набројав да играат оро, а татко ми го водел Знам и плачев додека го сонував тоа, ама зашо бев среќна што ги гледам. Какво значење има ова?
Добри вести и среќа во домот. Успех во работата или на школо. Играш опасна игра. Пред тебе е тешка и одговорна работа. 1.Ќе и се продолжи животот на баба ти. 2.Непредвидени трошоци.
Знам ќе речете од тоа што сега ми се врти во глава е ама па ме копка. Сонував дека правам свадба, и сум имала два фустана, еден плав напред краток позади долг, ама плава боја која никогаш не сум ја носела, е баш ко оваа на Фемина и еден венчаница како на една девојка која ја видов синоќа на ФБ, и ми каснела фризерката и шминкерката дека татко ми не ја викнал на време, па сум се нервирала и после немало време да се спремам па сум отишла со плавиот фустан. За венчаницата не сум сигурна дали таа беше или дека ја видов пред да си легнам и не личеше лошо па ми останало нешто во сеќавање. Знам ќе речете потсвест е ама да си прашам ипак